IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Статии arrow Зошто Twitter?
Зошто Twitter? Испечати Е-пошта
Автор: Дамјан Арсовски   
Објавено на: 24.11.2008
Зошто Twitter?Twitter - за некого непотребен сервис кој нема никаква поента, а за други неопходна алатка за секојдневна комуникација и информирање. За што всушност овој сервис за микро-блогирање може да биде искористен? Зошто би го трошеле своето скапоцено време на него и би се откажале од својата приватност за една веб 2.0 алатка?

За сите оние кои едноставно неможат да го поднесат Twitter и мислат дека нема никаква корист од постирање на постови ограничени на 140 карактери, текстов е со цел да се обиде да го докаже спротивното. Нормално дека нема да обратам внимание и да коментирам за постовите од типот "Ми се иде во вц." или "Ме чеша увото." бидејќи едноставно никој неможе да докаже дека тие коментари воопшто служат за нешто корисно.

Која е вистинската намена?
Првите корисници на Twitter започнаа да го користат сервисот на оној досаден начин, со одговарање на прашањето "Што правите сега?". Одговорите варираа од "јадам" до "спијам" и некако не беа доволно привлечни за да им се посвети поголемо внимание.

Сообраќајот на Twitter оддржуваше просечна и недоволна посетеност (читај: атрактивност) се до почетокот на 2008, кога неколку корисници го разбраа потенцијалот, односно брзината со која може да се пренесе информацијата преку овој сервис. Па така, Twitter брзо стана една од најкористените алатки во граѓанското новинарство - а каде се најновите информации, таму секогаш има и најголем број на читатели.

Зошто Twitter?

Откако Twitter се здоби со прекарот "алатка за брзо информирање", веднаш започнаа кратки известувања во реално време од места на природни катастрофи, информирање за случувања и концерти, постирање детали за конференции и др. Ова всушност покажа дека Twitter има некоја вредност која вреди да се истражува понатаму.

Полека но сигурно сообраќајот на сајтот започна да расте, а со тоа и бројот на корисници, меѓу кои може да се пронајдат и големите медиумски куќи како New York Times, Reuters, Financial Times, CNN за кои моќта на Twitter едноставно беше преголема за да се игнорира. (сеуште сум во исчекување на првиот традиционален македонски медиум кој ќе започне да го користи Twitter...)

Започнаа да произлегуваат и корисни алатки како Twitterfeed, TwitterSearch, Twhirl и други кои овозможија нови и побрзи начини за користење на сервисот преку автоматски постирања на новости од РСС канали, лесно пребарување низ огромниот број на постови и сл.

Голем број на бизниси исто така се приклучија на трендот и пронајдоа разни начини преку кои можат да ги промовираат своите сајтови и брендови. Компании како Dell и Apple започнаа да постираат информации за своите нови продукти, Amazon започна да постира за најдобрите дневни понуди кои можат да се пронајдат на нивниот сајт, а дури и "нашиот" Seavus го користи Twitter за да го промовира својот нов проект ProjectOffice таргетирајќи луѓе кои коментираат за проект менаџмент апликации...

Зошто микро-блогирањето е поатрактивно од "нормалното" блогирање?
Секој оној кој има или имал блог, го знае одговорот на ова прашање. Едноставно, оддржување на еден блог бара поголемо внимание и одзема многу време.

Голема е разликата помеѓу пишување на блог пост (каде што во многу случаи нема да бидете задоволни со еден параграф, и ќе сакате да вклучите и слика, воведен дел и сл.) и користење на платформа за микро-блогирање каде што сте ограничени на 140 карактери во кои мора да ја пренесете информацијата.

Зошто Twitter?
Профилот на IT.com.mk (www.twiter.com/IT_info) преку кој објавуваме кратки ИТ новости

Се чини дека и авторот и читателот имаат заедничка корист од користење на микро-постови: заштедуваат на време. Авторот може да пренесе значајни информации за кои нема да му биде потребно многу за да ги создаде, а читателот може истите да ги прелиста и да се информира многу побрзо отколку преку прегледување и читање на регуларните блогови.

Twitter - побрз и полесен начин за комуникација?
Одговорот на ова прашање решив да го пронајдам на начин со кој ќе покажам две работи. Првата, дека со Twitter може на побрз и не толку формален начин да се комуницира, а втората за да побарам објаснување од неколку активни корисници на сервисот зошто тие го користат.

Да појаснам... Решив да контактирам со неколку корисници кои скоро секојдневно постираат на своите Twitter профили за изјави во врска со текстов. Избрав 14 корисници кои ги следам преку мојот профил, и дел од нив контактирав преку е-маил, а дел директно преку Twitter со испраќање на приватна порака. И во двата случаи, мојата порака беше:

"Пишувам текст за Twitter, па ми треба одговор на прашањето: Зошто го користиш Twitter секој ден? Што добиваш? Прати ми приватна порака/е-маил."

Во рок од 24 часа добив одговор од сите кои ги контактирав преку Twitter, додека само 2 лица од 7 ми одговорија преку е-маил. Сите останати одговори преку е-маил ги добив во рок од 72 часа. Која е причината за оваа разлика, засега не знам, но ќе оставам простор за истражување во иднина.

Дел од одговорите кои ги добив на прашањето "Зошто го користите Twitter секој ден?" беа:

  • "За да се поврзам со луѓе со слични интереси, да разменуваме идеи и да следам се она што се случува во светот денес." - беше одговорот на Димитар Крстевски, студент по информатика и автор на блогот The Human Fly. (следи 242 луѓе и има 851 пост)

  • "Го користам Twitter за брза размена на куси пораки и идеи, оставање по некој корисен линк и пренесување на впечатоци од одредени настани во живо." - Сеад Џигал, ко-автор на блогот Komunikacii.net, кој досега следи 34 луѓе и има над 200 постови.

  • "Користам Twitter секој ден затоа што е пасивна форма на ИМ - во контакт си, но немораш да седиш пред ПЦ цело време." - Мартин Спасовски,студент по информатика. (следи: 102, постови: 751)

Клучни зборови:  Твитер   Twitter   Пост   Микро-блогирање   Блогирање   Блогови   Блог   Информирање   Информација   Вест   Новости

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

ENIAC

ENIAC е првиот електронски компјутер, објавен во 1946, кој тежел 30 тони, имал над 17.000 цевки и бил долг 25 метри. Денешниот десктоп компјутер во просек може да сними милион пати повеќе информации отколку ENIAC и истото да го направи 50.000 пати побрзо.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(169 глас/а)

  • 75.7%
  • 7.1%
  • 5.9%
  • 11.2%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност