На форумот на IT.com.mk има голем број туторијали објавени од членовите на форумот. Најдовме неколку кои се доста интересни
и пред сé се изработени од членовите, вклучувајќи и по некој пост од модератор/администратор.
Има уште туторијали и совети на форумот кои не се вклучени во овој текст,
можете да ги погледате. Регистрацијата не е потребна за тоа. Но доколку имате знаење кое може да го споделите, или пак сакате да искоментирате, додадете, искритикувате или пофалите членовите тогаш ќе треба да се регистрирате за да постирате мислење. (Не треба туторијал за тоа, лесно е)
Linux
кернелот е делот кој се нарекува срцето на GNU/Linux оперативниот систем.
Тоa беше онаа последна состојка за реализирање на сонот на Ричард Сталман (Richard Stallman), односно за
создавање на оперативен систем кој ќе биде слободен софтвер. Кернелот во денешно
време се одржува од многу програмери кои целат да го подобрат во секој аспект и
да го направат по-компатибилен со секој вид на хардвер. Клучни зборови: LinuxKernelКернелЛинуксGNU/LinuxОперативен системРичард СталманСлободен СофтверХардверСофтверМеморијаИнсталација
Се ближат празниците, а со тоа пред вас имате одлична можност да го изненадите вашиот пријател, дечко или девојка со подарок кој ќе остави насмевка на нивното лице. Најпрвин да напоменеме дека идеите во текстов се само за луѓе кои спаѓаат во категоријата гикови (geeks).
Доколку личноста за која го планирате подарокот не поминува повеќе од 6-7 часа дневно на компјутер, не ја знае разликата помеѓу Linux и Windows и неможе да издржи без интернет повеќе од една недела без сериозни последици, немојте да се мачите да го читате текстов, бидејќи не би сакале подоцна да бидеме обвинети дека ви ја уништивме врската. Клучни зборови: ГикГеекПодароциПоклониИзненадувањеИграчкиУредиUSBКориснициКомпјутериТехнологијаЗабаваТушМобилни
Twitter е сервис за микро-блогирање, односно објавување на постови до 140 карактери. Пораките можат да бидат објавени директно од веб прелистувач, ИМ клиент, СМС, е-маил или пак некоја десктоп апликација наменета за тоа. На исти начини може да одберете и да ги добивате постовите на луѓето, кои според јазикот на овој сервис, "ги следите". Првично наменет за полесна и побрза комуникација, Twitter се покажа како доста корисен сервис за брзо информирање, по што беше прифатен од многу интернет корисници, но и од големи медиумски имиња и компании. Клучни зборови: TwitterТвитерВодичПочетнициСМСИМБлогБлогирањеМикро-блогМикро-блогирањеИнтернетВебПрелистувачИзвестувања
Денеска ќе видиме како да ја инсталираме најновата верзија на Убунту (8.04 - Hardy Heron), која ја препорачувам на сите почетници на Линукс како нивна прва дистрибуција. Туторијалот е објаснет во детали, со цел да може секој да го инсталира без разлика дали е експерт или почетник во областа на ГНУ/Линукс. Клучни зборови: УбунтуUbuntu 8.04LinuxЛинуксИнсталацијаОперативен Систем
Следнава статија ќе ви прикажe како да инсталирате Fedora Linux Core 8 на вашиот компјутер. Во овој случај, јас ја инсталирам на виртуелна машина бидејќи веќе ја имам инсталирано на компјутерот. Постапката е целосно иста како и при инсталација на компјутер. Потребни работи: Едно DVD/CD со Fedora Core 8 и малку време. Клучни зборови: ФедораFedora Core 8LinuxЛинуксИнсталацијаОперативен Систем
ИТ факти
Настани
Мој ИТ
Twitter сервиси
Повеќе од 50% од сите твитови на Twitter се објавени користејќи мобилни и веб-базирани алатки, а не платформата на Twitter.com. Најпопуларен сервис е TweetDeck со 19.7% искористеност. (Мај, 2009)