IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Статии arrow 10 идеи што да подарите на гик
10 идеи што да подарите на гик Испечати Е-пошта
Автор: Дамјан Арсовски   
Објавено на: 08.12.2008
10 идеи што да подарите на гикСе ближат празниците, а со тоа пред вас имате одлична можност да го изненадите вашиот пријател, дечко или девојка со подарок кој ќе остави насмевка на нивното лице. Најпрвин да напоменеме дека идеите во текстов се само за луѓе кои спаѓаат во категоријата гикови (geeks).

Доколку личноста за која го планирате подарокот не поминува повеќе од 6-7 часа дневно на компјутер, не ја знае разликата помеѓу Linux и Windows и неможе да издржи без интернет повеќе од една недела без сериозни последици, немојте да се мачите да го читате текстов, бидејќи не би сакале подоцна да бидеме обвинети дека ви ја уништивме врската.

1. USB уред за загревање на кафе/чај (USB Cup Warmer)

10 идеи што да подарите на гик

Кратко кажано - феноменален изум. Овој уред овозможува вистинско уживање во вашето кафе или чај, оддржувајќи ја нивната соодветна температура преку моќта на USB-то.

Можете да го пронајдете на следниов линк, по цена од 900 денари.

2. Летна варијанта на претходниот уред

10 идеи што да подарите на гик

Овој уред е сличен на USB Cup Warmer и е наменет за решавање на проблемите поврзани со пијалоците во летно време и делува како мини-фрижидер. Го одржува вашиот пијалок ладен и е соодветен за пијалоци од 300 мл. Работи целосно преку USB.

Цена: Околу 1.800 денари
Достапен на следниов линк.

3. Бинарен часовник

10 идеи што да подарите на гик

Стандардните рачни часовници се веќе досадни... па затоа ви го претставуваме бинарниот часовник кој користи LED диоди за да го прикаже времето. Кога некој ќе ве праша колку е часот, само завртете ја раката кон него и уживајте во неговиот израз. Часовникот вистински го покажува времето, но на малку поинаков начин.

Цена: 3.150 денари
Повеќе информации и упатство за користење на линков.

4. Ретро слушалка за мобилни

10 идеи што да подарите на гик

Кој не би сакал во друштвена атмосфера кога ќе ви заѕвони мобилниот телефон и кога сите погледи ќе бидат упатени кон него, од џеб на јакната да извади старомодна слушалка и да зборува на неа? Бесценето. Оваа ретро слушалка работи со поголемиот број на мобилни телефони, дури и со iPhone и интересно е што не работи на батерии.

Цена: 1.200 денари
Повеќе детали на овој линк.

5. Анимирана LED табла за вашиот автомобил

10 идеи што да подарите на гик

Како подобро да ги изразите чувствата на возачите позади вас отколку со анимирана LED табла која се контролира далечински и која содржи околу 40 разни анимации? По поволна цена од 1.500 денари, ова е одличен подарок за сите гикови кои истовремено се и страстни возачи.

Линк

6. Паричник кој блокира RFID

10 идеи што да подарите на гик

Секој гик е загрижен за својата приватност и се плаши од "Големиот брат". Овој паричник дефинитивно е подобро решение отколку стариот паричник замотан во алуминиумска фолија со цел да се избегне RFID технологијата.

Цена: 900 денари
Повеќе детали на следниов линк.

7. Туш во боја

10 идеи што да подарите на гик

Туширајте се со стил! За само неколку минути со помош на овој уред можете да го направите вашиот туш да изгледа зачудувачки, со тоа што кога низ него ќе тече вода под 32 степени целиот туш ќе свети плаво (со што и водата добива одреден ефект дека е светло плава), а доколку тече топла вода (над 32 степени) светлото ќе биде црвено. На овој начин нема да имате потреба да го вклучувате светлото во вашето купатило.

Цена: 2.000 денари
Линк

П.С. Можете и вашите чешми да ги направите да светат на ист начин.

8. Star Wars светлосни сабји (Lightsaber)

10 идеи што да подарите на гик

Кој не би сакал да поседува светлосна сабја, знаете оние кои ги користеa Yoda и Darth Vader во серијалот на филмови Star Wars? Овие реплики ќе ви овозможат да уживате во реалистичното осветлување на сабјите и извонредните звучни ефекти кои тие ги остваруваат.

Овој подарок е малку поскап но верувајте дека вреди секој денар, на интернет може да се пронајде за околу 4.500 денари.

9. Bender - одличен десктоп пријател

10 идеи што да подарите на гик

За сите оние кои имаат гледано Futurama, нема потреба да објаснувам кој е Bender Bending Rodriguez. За оние кои сеуште не се запознаени со ова шоу (подобро да имаат добра причина за тоа!), ќе напоменам само дека Bender е метален робот кој по смртта на неговиот татко (кој е убиен од отворач за конзерви) завршува колеџ по виткање на метали и робо-американски студии. Ова е повеќе од обична играчка, може да се навие и да оди, да мрда со рацете, да го менува изразот на лицето, а можете и да му поставите цигара во уста.

Цена: 1.200 денари
Линк

10. Маици

10 идеи што да подарите на гик

Компјутерските фанатици се особено горди на маиците кои ги носат а содржат некои слогани кои или само тие ги разбираат, или пак мислат дека со тоа ќе изгледаат паметно. На сликата може да најдете избор на неколку маици кои би биле соодветен подарок.

Линк


Клучни зборови:  Гик   Геек   Подароци   Поклони   Изненадување   Играчки   Уреди   USB   Корисници   Компјутери   Технологија   Забава   Туш   Мобилни   

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

Првиот сајт

Првиот веб сајт е создаден со HTML код на 6 Август, 1991 од страна на Тим Бернерс-Ли. На сајтот биле објавени информации за тоа што е WWW и како се користи. Сајтот изгледал нешто слично на ова.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(104 глас/а)

  • 78.8%
  • 5.8%
  • 5.8%
  • 9.6%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност