|
(Ова е гостински текст на Виктор Стојановски а.к.а Зуберот, активен член на Лугола. Неговиот личен блог е на следниов линк, Виктор може да го сретнете и на Twitter и Facebook)
Chromium е интернет прелистувач кој
претставува основа на Google Chrome прелистувачот. Иако сеуште во развојна фаза,
овој прелистувач преставува сериозен конкурент на останатите прелистувачи со
отворен код како што е на пример Mozilla Firefox. Chromium се одликува со
голема едноставност, брзина и стабилност која се менува бидејќи сеуште не е
објавена официјална верзија.
На корисниците кои што ќе ја
пробаат развојната верзија од Chromium
ќе им бидат скратени некои опции без кои не може да се замисли денешното
прелистување на веб содржини. Тие опции се:
- додатоци
(Plugins) – ова е можеби најпотребниот сегмент на еден прелистувач. Во овај дел
е доста важно да се напомене дека сепак некои додатоци може да се активираат
(на пример Flash) меѓутоа тие може да претставуваат потенцијален извор за
кршење на прелистувачот.
- печатење (Printing) – иако јас лично не се ни сеќавам
кога последен пат сум испечатил некој документ верувам дека оваа опција на
многумина и тоа како ќе им недостига
Бидејќи Ubuntu е една од
најкористените GNU/Linux дистрибуции ќе ви покажам како најлесно да инсталирате
Chromium на вашиот систем. Најпрво треба да ги додадеме PPA складиштата во
/etc/apt/sources.list датотеката, тоа ќе го направиме со извршување на следнава
наредба во Terminal (Applications->Accessories->Terminal):
sudo gedit /etc/apt/sources.list |
Откако
ќе се отвори sources.list датотеката во gedit уредувачот сè што
треба да направите е да ги додате правилните складиште за вашата верзија.
Доколку не го знаете точното кодно име на верзијата што ја користите извршете
ја следнава наредба во Terminal:
Како
излез ќе добиете информации за вашиот систем (пример):
DISTRIB_ID=Ubuntu
DISTRIB_RELEASE=8.04
DISTRIB_CODENAME=hardy
DISTRIB_DESCRIPTION="Ubuntu 8.04.3 LTS" |
Тоа
што ќе го добиете како вредност за променливата DISTRIB_CODENAME во
случајов hardy e кодното име на вашата верзија. Во датотеката
sources.list треба да се додадат следните две линии:
Зачувајте
ја датотеката со новите промени. Со ова го завршивме делот со додавање на
складиштата за Chromium. Наредно е додавање на GPG клучот. Доколку користите
верзија различна од Ubuntu 9.10 Karmic Koala треба да ја извршите следната
линија во Terminal:
sudo apt-key adv
--recv-keys --keyserver keyserver.ubuntu.com 4E5E17B5 |
во
спротивно:
sudo
add-apt-repository ppa:chromium-daily |
Складиштата
и GPG клучот се спремни, наредно треба да ги освежиме информациите од
складиштата тоа го правиме со наредбата:
ако
сè поминало како што треба во Terminal ќе добиете порака:
Reading package lists... Done |
Останува
уште да го инсталираме Chromium, тоа се прави со наредбата:
sudo apt-get install chromium-browser |
Откако
ќе се инсталира, Chromium може да го подигнете од
Applications->Internet->Chromium или едноставно да ја извршите следнава
наредба во терминал:
Уште
на првото подигнување ќе ја добиете about:linux-splash како
почетна страница која ќе ве извести за недостатоците на верзијата која ја
користите.


Интерфејсот
е доста едноставен и лесен за привикнување, сè е на своето место и зафаќа многу мал простор од екранот што е
битна карактеристика на сите што имаат помали монитори и со тоа помал простор
за прикажување на содржината што ја прелистуваат.

Како
што напоменав и на почетокот на текстот опцијата за Flash додатокот е
оневозможена и гледањето на Flash содржини е невозможно доколку не ја
овозможите опцијата (на свој ризик). За да направите тоа потребно е најпрвен да
го инсталирате пакетот flashplugin-nonfree со извршување на наредбата:
sudo apt-get install flashplugin-nonfree |
Откако
ќе се инсталира пакетот потребно е да ја извршите наредбата:
sudo cp
/usr/lib/flashplugin-nonfree/libflashplayer.so
/usr/lib/chromium-browser/plugins/ |
Со
ова не завршува овозмужувањето на додатокот иако тој се наоѓа во директориумот
со додатоци на Chromium, следно треба да се додаде аргументот –-enable-plugins на chromium-browser командата.
Постојат два начини за да го направите тоа:
- да го уредите делот
Command во менито Applications->Internet->Chromium и старата вредност chromium-browser %U да ја промените во chromium-browser –enable-plugins %U

- или пак да ја
уредите датотеката /etc/chromium-browser/default тоа може да го
направите со извршување на наредбата:
sudo gedit /etc/chromium-browser/default |
и дoполнување на делот CHROMIUM_FLAGS со
“--enable-plugins”
Со ова добиваме потполно функционален Flash прелистувач.

Оваа верзија е сиромашна со опции и нагодувања меѓутоа
најнеопходните сепак постојат. Tака може да нагодите кои страници да се
отвораат на подигање на пребарувачот, кој ќе биде основниот пребарувач како и
тоа дали Chromium да биде вашиот основен прелистувач.

Во делот Personal Stuff од Options може да одберете дали да се
зачувуваат лозинките што ги внесувате или не. Чудна работа во овој дел е тоа
што ако одберете тие да се зачувуваат и притоа побарате да ги видите тие ќе ви
бидат прикажани како чист текст без никакво предупредување, ова за мене е малце
не разбирливо и се надевам дека во стабилните верзии нема да биде случај.
Посебно интересен е делот околу внесување на податоци и поставувања од другите
пребарувачи кој што работи баш како што треба и без никакви грешки.

Кога станува збор околу изгледот прелистувачот освен стандардниот
изглед на Chromium и можноста да одберете теми може и да ја користите вашата
веќе активна GTK тема и Chromium да изгледа како и сè останато.

Останува да видеме и што се крие под хаубата (Under the hood) во
делот за опции и подесувања. Тука може да се подеси прелистувачот за користење
на Proxy, да се нагодат опциите околу приватноста и колачињата кои ги прави
прелистувачот, да се променат фонтовите кои што се користат за прикажување на
содржините и дополнителни опции околу сертификатите кои што ги поддржува
прелистувачот.

Како што е ред и Chromium ја нуди можноста за повеќе јазичиња. Кај
Chromium постојат два типа на нови јазичиња (New Tab) кои може да ги отворите,
со активирање на стандардниот New Tab ќе ве пречека и не така стандардна
содржина. Добивате листа на најчесто посетувани сајтови како и листа на
последно затворени сајтови. Листите може да ги уредувате по своја желба или да
ги сокриете, постојат два начини на прикажување и тоа едниот е како малечки
слики кои што ќе имаат слика од вашата последна на тој сајт или како листа во
која ја добивата малата fav икона и како продолжение насловот од сајтот. По
желба може да одберете кои сајтови да се прикажуваат или не кога ќе ја
активирате оваа опција.

Една од поинтересните опции е отворање на таен прозорец од
Chromium, односно прозорец каде што и да правите нема да биде запишано никаде
односно ќе останете инкогнито. Од менито
одберете New incognito window (Shift+Ctrl+N) и сурфајте без траги.

Chromium
преставува прелистувач кој што ветува многу, неговата едноставност и
организираност го прави поразличен од другите. Брзината и малиот број на
потребни мемориски ресурси го прават уште попривлечен и на пазарот.
Како и секој
производ така и Chromium си има свои недостатоци кои што во моментов и не се
така важни бидејќи сеуште немаме стабилна верзија. Нови подобри верзии за
надградба доаѓаат секојдневно. Мене лично ми недостасува можноста за
проширување на прелистувачот со додатоци како на пример со неизбежниот
Greasmonkey во Firefox. Јас сум оптимист и со нетрпение ја очекувам првата
официјална стабилна верзија која сум сигурен дека ќе ни донесе многу пријатни
изненадувања на сите.
Клучни зборови: Chrome Chromium Ubuntu Linux Линукс Хром Хромиум Убунту Инсталација Водич Совет Статија Виктор Стојановски Прелистувач Интернет Софтвер Пребарување Веб
|