На форумот на IT.com.mk има голем број туторијали објавени од членовите на форумот. Најдовме неколку кои се доста интересни
и пред сé се изработени од членовите, вклучувајќи и по некој пост од модератор/администратор.
Има уште туторијали и совети на форумот кои не се вклучени во овој текст,
можете да ги погледате. Регистрацијата не е потребна за тоа. Но доколку имате знаење кое може да го споделите, или пак сакате да искоментирате, додадете, искритикувате или пофалите членовите тогаш ќе треба да се регистрирате за да постирате мислење. (Не треба туторијал за тоа, лесно е)
Овој серијал на текстови со содржини создадени од членовите го започнавме поодамна, објавивме првин Photoshop креации на членовите, а подоцна и десктоп позадини на тема IT.com.mk. Kреациите можете да ги погледнете тука, десктоп позадините тука.
ШТО Е ШТО
- Основи на SEO (Search Engine Optimization) и неколку корисни совети за веб дизајнерите - Денес може слободно да се каже дека при дизајнирањето на веб страници, посветувањето на внимание на SEO, односно Search Engine Optimization, е задолжително. Многу од денешните веб дизајнери дури и не знаат што е и воопшто што значи SEO, што е голема грешка и пропуст. -
AMD_fan
- Заштита за децата кои користат Mac компјутер - Овој туторијал е наменет за родителите чиишто деца користат Мек.
Овде ќе научите како да ракувате со Parental Control сервисот, и да можете да го лимитирате користењето на компјутерот за вашите деца (т.е. одредени јузер) - HijackHacker
АНТИ-ВИРУСИ И ЗАШТИТА
ПРОГРАМИ И ОПЕРАТИВНИ СИСТЕМИ
- Мои туторијали за Visual Basic 6.0 - Овде ќе научите како да направите основен, но сопствен интернет пребарувач. Па да почнеме:
Како за почеток ќе треба да додадете една компонента, која се вика: Microsoft Internet Controls. За тоа како се додава компонента, прочитајте го мојот пост погоре. - PeTaR
- Инсталирање на најнеопходните програми после инсталација на Windows - Откако сте го инсталирале Windows, потребно е да се инсталираат основните програми и апликации кои се најнеопходни за заштита од инфекции, слушање на музика, гледање на видеа, допишување, пребарување на интернет и сл. Еве еден мал туторијал за тоа кои програми ви се најнеопходни на почеток, од каде да ги симнете и сл. - AMDfan
- Серија туторијали за 3d Studio MAX [1] [2] [3] - 3ds MAX е програм кој служи за 3 основни цели: 3Д Графика, Анимација и Рендерирање. Со него се постигуваат разни креации кои изгледаат премногу релано, но всушност не се. Исто така него се прават и 3Д анимации. Како пример за што е способна програмата, земете го филмот Матрикс, кој во поголем дел бил направен во него. - HijackHacker
- Мануелна мрежна конфигурација на ГНУ/Линукс - Почетничко ниво
- Денеска без компјутерските мрежи ИТ светот не би бил каков што е денес. Од создавањето на првата компјутерска мрежа па се до денес секој оперативен систем има подршка за работа во/со мрежа. ГНУ/Линукс оператиниот систем не е исклучок. Во овој туторијал ќе претпоставам дека имате некое минимално знаење за компјутерски мрежи т.е. да знаете што е IP адреса, gateway, DNS сервери итн. - Aleks
- Правење на бутабилно ЦД!! - Сигурно повеќето од вас се нашле во ситуација од било какви причини да имаат проблеми со стартувањето на инстлираниот windows.Во ваков случај се јавува потреба од бутирање(подигање) на компјутерот од претходно креирано бутабилно ЦД.Во следниов текст ќе се обидам да објаснам како се креира бутабилно цд,со користење на претходно креирана бутабилна дискета. - fatal1ty_
- Видео Flash Туторијали
- Убаво објаснети со видео и слики, туторијали за почетници со Flash програмирањето и дизајнирањето.. (Ова не е туторијал од Stane, туку линкови до EntheosWeb, индиска компанија за веб дизајн. Но туторијалот вреди да се спомене бидејќи линковите т.е видеата се доста интересни и поучни..) - Stane
БОНУС
- Facebook СМС Известувања -
-
Од пред некој ден, на Facebook се овозможи опција да се добиваат известувања и по СМС за побитни настани. Македонија е помеѓу првите земји со оваа опција, што доста ме радува. - HijackHacker
Клучни зборови: Туторијали Совети Форум Членови Текст IT.com.mk Инструкции Помош Софтвер Хардвер Технологија
|