IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Статии arrow Во слики: Fedora Core 8 инсталација
Во слики: Fedora Core 8 инсталација Испечати Е-пошта
Автор: Александар Лазаров   
Објавено на: 06.04.2008
FedoraСледнава статија ќе ви прикажe како да инсталирате Fedora Linux Core 8 на вашиот компјутер. Во овој случај, јас ја инсталирам на виртуелна машина бидејќи веќе ја имам инсталирано на компјутерот. Постапката е целосно иста како и при инсталација на компјутер. Потребни работи: Едно DVD/CD со Fedora Core 8 и малку време.

Прво што треба да направите е да го подесите BIOS-от да бутира прво од CD/DVD а после од другите медиуми. Откако ќе го направите тоа, едноставно ставете го Fedora CD-то и рестартирајте го компјутерот. После вчитувањето на CD-то ќе ви се појави овој екран:

Image

Кликнуваме на првата опција. Потоа почнува да се вчитува системот, а тој процес изгледа вака:

Image

Времетраењето на вчитувањето на системот зависи од конфигурацијата на вашиот компјутер но не би требало да биде предолго. Откако ќе се вчита првото нешто што ќе не праша е дали сакаме да го провериме CD-то за некоја грешка. Ова е ставено како мерка на претпазливост, доколку е оштетено CD-то ќе пријави грешка во овој случај, подобро да проверите сега отколку кога ќе бидете на пола инсталација да заглави и ништо не сме направиле. Еве слика од тој дел:

Image

Јас ќе одберам да се провери за секој случај, значи кликнуваме ОК па TEST и почнува тестирањето:

Image

Откако ќе се провери CD-то и нема никаква грешка ќе ни се појави информација дека CD-то е добро и дека од него може да се инсталира:

Image

После кликнување на ОК, CD-то ќе излезе, но не грижете се, тоа е во случај да сакате да тестирате други медиуми. Едноставно затворете го повторно CD ромот (со CD-то во него се разбира) и кликнете CONTINUE. По ова, почнува да се вчитува X серверот кој ќе ни даде убав GUI пред нас за полесна инсталација на Fedora.

Image

Кликнуваме NEXT и прво нешто за што ќе не праша е за одбирање на јазик за текот на инсталацијата и за одбирање на соодветниот модел на тастатура (се мисле на кој јазик и каква е распоредбата на копчиња, ако не сте сигурни тука само кликнете NEXT).

Image

Image

Следно што ни доаѓа на ред е да направиме партиција на која ќе можеме да го инсталираме Linux-от и една SWAP партиција. Значи овде ќе селектираме “Create custom layer” и ќе кликнеме на NEXT:

Image

Ќе ни се отвори следново:

Image

Кај мене бидејќи имам празен HDD нема никаква партиција, но кај вас може да има, значи ако ви е полн хард дискот, т.е. немате празно место, со помош на алатките за едитирање скратете некоја партиција и направете две, една ќе ни е главна и ќе е со ext2 формат а другата ќе ни е SWAP партиција која служи за запишување на податоците од RAM меморијата на таа партиција во случај на недостиг на меморија. Разберете ја SWAP партицијата како RAM на хард диск и пожелно големината на оваа партиција да е двапати поголема од големината на RAM меморијата што ја имате на компјутерот. После средување на овој дел, кај мене изгледа вака:

Image

Внимавајте на главната партиција mount point да специфицирате како “/”. Одиме NEXT.

Следен чекор е инсталирање на boot loader, значи ако имаме Windows или друг Linux овде boot loader-от автоматски ќе се конфигурира, но доколку не се конфигурира сам, кликнуваме ADD и ја местиме партицијата на која ни е инсталиран другиот оперативен систем.

Image

Следно доаѓа конфигурирањето на мрежа, доколку имате директна конекција на интернет а не преку рутер или свитч, т.е. ако компјутерот е директно поврзан со модемот овде кликнете NEXT.

Доколку не е кликнуваме на EDIT, одбираме IPv4/manual  и ја местиме локалната IP т.е. IP адресата на компјутерот и Netmask. Кликнуваме ОК, потоа го пишуваме хост името на компјутерот (Set Hostname), и ги пополнуваме информациите за Gateway, DNS1 DNS2.

Image

Одиме потоа на NEXT, сега треба да ја одбереме нашата временска зона, со помош на глувчето и со опциите за Zoom најдете го Скопје и кликнете на него и истовремено ја исклучуваме опцијата “System clock uses UTC”.

Image

Сега е време да ја наместиме root лозинката и кликнуваме NEXT.

Image

Во следниот чекор одбираме за што ќе го користиме овој оперативен систем, дали за домашна употреба, за развој на апликации, за веб сервер или... Јас ќе одберам Office and Productivity.

Image

Значи ова е крајот на нашата pre-install конфигурација, кликнуваме NEXT и почнува инсталацијата.

Image

Image

Процесот на инсталација исто така зависи од конфигурирацијата на вашиот компјутер. Јас го инсталирам на “компјутер” со 256 RAM меморија.

Откако ќе заврши инсталацијата CD-то автоматски ќе излезе и ќе се појави текстот "Congratulations". Кликнете на reboot за да го рестартирате компјутерот и да го бутирате ново инсталираниот оперативен систем.

Image

Сега ќе ни се појави другиот дел од инсталацијата каде што ќе ги средиме деталите како firewall (заштитен ѕид), нормален корисник, времето и т.н.

Image

Следниот чекор е лиценцата, и информации за неа.

Image

Третиот чекор е за огнениот ѕид. Под зададено во табелата SSH (Secure Shell) ќе биде уклучено, но доколку го користите компјутерот како десктоп компјутер за нормални работи (интернет, музика , слики) би ви препорачал да го исклучите. И се разбира, Firewall: Enabled. Кликнуваме Forward и одбираме сетинзите да се зачуваат.

Image

Следен чекор е конфигурирање на SELinux. Ова се еден вид на полиси за безбедност. Јас во овој случај го оставив како што е.

Image

Потоа наидуваме на местење на времето и датумот. Доколку сакате да го превземате сегашното време од специфичен интернет сервер за време, кликнете на Network Time Protocol и подесете ги потребните барања.

Image

На следниот чекор ќе можеме да го видеме нашиот хардверски профил и сите уреди кои ги имаме приклучено на компјутерот.

Image

Финалниот чекор е за создавање на нормално корисничко име преку кое ќе работите на вашиот Fedora компјутер. Доколку вашиот компјутер е дел од некоја мрежа каде што има еден централен сервер за контрола на корисниците на сите компјутери ќе треба да подесите Network login.

Image

Кликнуваме Finish и ќе ни се појави Login прозорецот за да се логираме во системот.

Image

Image

Толку. Со среќа со користењето на вашиот нов оперативен систем.


Клучни зборови:  Федора   Fedora Core 8   Linux   Линукс   Инсталација   Оперативен Систем

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

Робот vs. човек

Робот веќе има убиено човек. Во летото во 1981, електро инжинер поправал еден индустриски робот во Јапонија во фабрика за гуми, кога одеднаш роботот почнал да ги извршува своите функции... инжинерот, кој се нашол на неговиот пат бил зафатен од рачките на машината.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(93 глас/а)

  • 77.4%
  • 6.5%
  • 5.4%
  • 10.8%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност