IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Статии arrow Во слики: Ubuntu 8.04 инсталација
Во слики: Ubuntu 8.04 инсталација Испечати Е-пошта
Автор: Александар Лазаров   
Објавено на: 01.06.2008
ImageДенеска ќе видиме како да ја инсталираме најновата верзија на Убунту (8.04 - Hardy Heron), која ја препорачувам на сите почетници на Линукс како нивна прва дистрибуција. Туторијалот е објаснет во детали, со цел да може секој да го инсталира без разлика дали е експерт или почетник во областа на ГНУ/Линукс.


Прво да дадеме еден краток опис како успешно ќе ја завршиме инсталацијата:

1. Прво ќе влеземе во Live ЦД-то
2. Преку него ќе создадеме партиции кои ќе ни се потребни за инсталација
3. Ќе ја подесиме инсталацијата со опции како на пример Временската зона/видот на тастатурата итн.
4. Ќе ја завршиме инсталацијата

Значи, прво што треба да направите е да отидете во вашиот BIOS и да наместите да се бутира ЦД-ромот пред хард дискот. Откако ќе го направите ова, ставите го ЦД-то од Убунтуто во ЦД драјвот и рестартирајте го компјутерот. После вчитувањето на информациите од BIOS-от, компјутерот ќе го побара првиот бутабилен медиум, кој во нашиот случај е наместено да е ЦД-ромот каде имаме бутабилно ЦД на Убунту. Откако ќе се прочита ЦД-то од драјвот ќе ни се појави оваа слика на мониторот:

Значи овде одбираме јазик со кој сакаме да ни се гледаат опциите на првиот екран. Јас ќе одберам Англиски, вие можете и да продолжите и со македонски. Сега, поради тоа што ќе правиме партиции пред инсталација, ќе кликнеме на Try Ubuntu т.е. Првата опција. Доколку веќе имате направено партиции можете директно да кликнете на Install Ubuntu и да го прескокнете делот за правење на партиции од овој туторијал. Откако кликаме на првата опција, ќе почне да ни се вклучува Убунту лајв системот, уклучувањето зависи од брзината на вашиот компјутер како и капацитетот на РАМ меморија која ја имате.

Откако ќе се лоадира целиот систем, ќе ни се појави убунту десктопот(мојот е многу мал поради тоа што инсталацијата ја вршам во витруелна машина, но истата не се разликува од инсталацијата на вистински хардвер.):

Сега ќе го подготвиме нашиот хард диск со правење на 2 нови партиции врз кои ќе ни биде инсталиран нашиот Линукс. Прво ја покренуваме програмата за правење/модификација на партиции на хард диск од локацијата System > Administration > Partition Editor

Ќе ни се отвори прозорец како овој:

Во средината тоа што го гледаме е нашиот хард диск и неговите партиции. Кај мене пишува дека е unallocated т.е. Дека е празен поради тоа што немам ништо инсталирано на него. Доколку имате веќе постоечки партиции на вашиот хард диск, следете ја оваа процедура за да намалите простор од некоја партиција кој ќе го искористиме за правење на нашите 2 Линукс партиции. Првин, кликнете на партицијата која сакате да ја намалите, потоа десен клик, Resize/Move, ќе ви се отвори прозорче со големината на вашата партиција, едноставно со влечење на десниот дел на партицијата ослободувате простор кој можете да го забележите во долните 2 квадрати. Минимално за Убунтуто ќе ни бидат потребни некаде околу 2-3 ГБ, јас имам хард диск од 5. Кога веќе имаме празен простор со кој можеме да работиме, ќе почнеме да ги правиме партициите. Ќе направиме прво главна партиција која ќе ја користиме како root партиција со mount point “/” која ќе е со фајл систем, ext3 и една SWAP партиција која ќе ни служи како некој вид на РАМ меморија, па кога ќе нема повеќе место за запишување на податоци во реалната РАМ меморија, дел од нив ќе се запишат во оваа партиција. Најдобрата големина на SWAP партицијата е двапати од големината на РАМ-от. Значи, на слободното место (во сива боја) кликаме со десен клик па одиме на NEW, и ја правиме партицијата едноставно со помош на влечење, значи ја намалуваме првата имајќи на ум дека треба на тоа место да направиме SWAP партиција. Овде треба да се напомене дека од второто (десно) мени треба да одбереме Filesystem: ext3

Кликаме Add, истото го правиме на останатиот простор само што овде за Filesystem ставаме linux-swap.

Повторно кликаме Add. Сега откако ги направивме овие партиции, истите тие треба да ги запишеме на дискот. Кликаме на Apply копчето од менито со копчиња. Откако ќе кликнеме Apply ќе не праша дали сме сигурни за промените што сме ги направиле да бидат запишани на хард диск. Кликаме Apply и модифицирањето на хард дискот почнува со додавање на новите партиции:

После завршувањето на сите операции ќе ни се појави ова:

Сега, можеме слободно да излеземе од оваа програма. Од сега натаму имаме спремна партиција на која ќе го инсталираме Убунтуто. Откако ќе ја затвориме програмата од десктопот ќе кликнеме на иконката за инсталирање на Убунту т.е. Install. Откако ќе кликнеме на неа, ќе ни се појави водичот на инсталација, кој ќе не води до крајот на инсталацијата.

Првото нешто што треба да направиме е да одбереме јазик на кој ќе се одвива инсталацијата и јазикот на финалниот систем, одберете го и кликнете Forward. Сега на следниов дел ја одбираме нашата временска зона со помош на стрелката од глувчето.

Следно ја одбираме нашата тастатура, ако не сте сигурни за овој дел кликнете Forward и оставете се како што е.

Понатаму, што треба да направиме е да ја одбереме партицијата на која ќе се инсталира оперативниот систем.

Овде има неколку опции, како на пример, да го форматира цел хард диск и да го инсталира Убунтуто на цел хард диск, да го искористи неупотребениот простор од партициите или пак мануелно. Ние ќе одеме мануелно заради тоа што веќе ги имаме направено партициите. Значи одбираме Manual и кликаме Forward, потоа ќе ни се појави ова:

Кај вас сликата можеби ќе е друга ако постојат други партиции, но нас не интересира само онаа на која во колоната type и пишува ext3. Кога ќе ја најдеме која е таа партиција, двапати кликаме на неа со што ќе ни се појави ова:

Овде само треба да смениме 3 работи и тоа: Use as : Ext3 Journaling file system Format partition : Да Mount point: / Значи се на се да изгледа вака:

Кликаме ОК и Forward. Следниот чекор е да го наместиме нашето корисничко име и лозинка.

Овде јас ќе си ги внесам моите информации а вие внесете она што на вас ви е најдобро.

Кликаме Forward Доколку имате Windows оперативен систем веќе инсталирано овде ќе ве праша дали сакате да импортирате некој јузер од него, но поради тоа што кај мене нема ништо на хард диск тој чекор се прескокнува. Значи следно имаме:

Ова ни е листата на сите работи кои сме ги направиле при водичот за инсталација. Сега сме спремни да кликнеме Install и да го инсталираме нашиот Убунту.

Откако ќе се инсталира, ќе ве праша дали сакате да продолжите со користење на Live Cdто или сакате да го рестартирате компјутерот.

После инсталација, при старт на компјутерот ќе ви се покаже мени од кое треба да одберете кој оперативен систем да се уклучи. Значи ако имате друг оперативен систем, тој автоматски ќе биде детектиран и додаден во менито за избор при инсталација. Со среќа во користењето на Убунту.


Клучни зборови:  Убунту   Ubuntu 8.04   Linux   Линукс   Инсталација   Оперативен Систем

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

Hubble

Телескопот Hubble е лансиран од страна на САД на 24 Април, 1990 година а името го добил по астрономерот Едвин Хабл (Edwin Hubble). Hubble е LEO (Low Earth Orbiting) тип на сателит кој е лоциран 600 километри над површината на Земјата. Телескопот завршува цела орбита околу Земјата секои 97 минути.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(89 глас/а)

  • 76.4%
  • 6.7%
  • 5.6%
  • 11.2%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност