|
Повеќе од 250 милиони луѓе од целиот све, меѓу кои 250 илјади македонци, т ја користат најпопуларната друштвена мрежа Facebook која овозможува на лесен начин да се поврземе и да комуницираме со пријателите, да споделуваме фотографии, видеа, линкови и сл. Но многу мал број од тие луѓе обрнуваат внимание на својата приватност и на тоа кој се има пристап до нивните лични податоци, воглавно од незнаење како да го регулираат пристапот до тие информации. За подобро да бидете заштитени, IT.com.mk го објавува овој водич кој детално ќе ви ги презентира опциите кои администрацијата на Facebook ги нуди на своите корисници.
Опциите за приватност на Facebook се наоѓаат горе десно под менито, каде што е делот за пребарување. Во менито Settings изберете Privacy Settings.

Во делот за регулирање на вашата приватност, ќе забележите неколку категории: Profile, Search, News Feed and Wall и
Applications, а најдолу ја имате опцијата целосно да блокирате одредени профили. Ќе започнеме по ред, со одбирање на Profile.
PROFILЕ

1. Во опциите за приватност на профилот ќе ги забележите сите делови од вашиот личен профил каде што ќе може поединечно да регулирате кој може да пристапи и да ги види вашите основни информации, статуси, линкови, слики, слики на кои вие сте тагирани па се до други разни полиња.

2. За да ограничите пристап до некоја од секциите, на пример основните информации (како пол, роденден, град, статус во врска и слично), се што треба да направите е да ја изберете соодветната опција од опаѓачкото мени до Basic Info.

3. Избирајќи ја опцијата "Customize..." можете уште подетално да ограничите пристап, дури и само на одредени лица или пак цели групи на пријатели (за како да создадете групи, погледнете го последниот дел од водичов).

Напомена: Не заборавајте дека истата процедура можете да ја повторите за ограничување пристап до фотографии, статуси, листа на вашите пријатели и сл.
5. Во вториот таб во Profile ќе го забележите делот "Contact Information". Тука може да регулирате кој може да ги види вашите е-маилови, адреса на живеење, мобилни броеви и др.

6. Facebook ви нуди и да проверите колку и кои информации некој од вашите пријатели може да ги види кога ќе го посети вашиот профил преку внесување на неговото има во зададеното поле.


SEARCH

1. Со одбирање на Search, добиваме можност да контролираме дали нашиот профил ќе биде видлив при пребарувањето на Facebook и Google, и доколку подесиме да е видлив, може да ограничиме на која група на луѓе и исто така кои делови од профилот.


2. Под опцијата Public Search Listing подесуваме дали сакаме нашиот Facebook профил да се појавува при пребарување на нашето име во интернет пребарувачите како Google, Yahoo!, Bing... Лицата помали под 18 години автоматски се отстранети од пребарувачите.


NEWS FEED AND WALL

1. Во делот News Feed and Wall ќе може да контролираме кој има пристап до последните објавени информации на нашиот профил, вклучувајќи коментари од пријатели, дискусии на линкови или фото албуми и друго. Со едноставно селектирање на активностите, ја одбираме нивната видливост.

2. За да избегнеме авантура како што доживеал овој брачен бар, во табот Facebook Ads ја ограничуваме можноста на Facebook и неговите партнери да ги користат нашите информации и фотографии кога не опслужува со рекламни пораки.

APPLICATIONS

Делот Applications е од огромна важност за вашата приватност на оваа друштвена мрежа од причина што ви овозможува да го ограничите пристапот на апликациите создадени од Facebook, разни компании или пак самостојни девелопери и со тоа да спречите злоупотреба.
1. Првата опција во Applications ви овозможува да контролирате колку можат вашите пријатели да видат при вашата интеракција со одредени апликации. Повторно изборот се сведува со едноставно селектирање на полињата.

2. За да ја регулирате приватноста преку користените апликации, во втората секција Applications Authorized to Access Your Information, кликнете на линкот Applications. Ќе бидете одведени на посебна страна каде што ќе можете да подесите дали апликациијата смее да постира на вашиот профил, да ви праќа разни нотификации за активности и сл.


3. Во делот Facebook Connect Applications може да ја штиклирате/одштиклирате опцијата со која ќе ја регулирате вашата видливост при користење на апликации базирани на Facebook Connect надвор од сајтот на Facebook.

4. Под Beacon Websites се подразбира давање пристап на надворешни апликации да постираат информации на вашиот профил. Нешто слично на Facebook Connect, Beacon работи само со сајтови во партнерската мрежа на Facebook. Повеќе за Beacon сајтови прочитајте на следниов линк.

БЛОКИРАЊЕ

1. За да блокирате пристап на некој пријател до било какви информации поврзани со вашиот профил, се што треба да направите е да го внесете неговото име во полето под Block List.

2. Откако ќе го внесете името, ќе бидете пренасочени кон добиените резултати каде што треба само да кликнете Block на саканиот профил.

ДОДАВАЊЕ, БРИШЕЊЕ И ГРУПИРАЊЕ НА ПРИЈАТЕЛИ
Facebook воведе неколку корисни опции при процесот на одобрување на некоја личност за ваш пријател. Покрај тоа што може да видите колку заеднички пријатели имате, вие може да одберете дали сакате да ги добивате нивните статуси и активности на почетната страна, а и уште поважно, да одберете во која група на пријатели ќе припаѓа. Но, пред да навлезе во тие детали, да разгледаме како се создаваат групи на пријатели.
1. Со одбирање на Friends од горното мени, вие ќе бидете испратени до страна каде што ќе можете да бришете и да групирате пријатели.

2. За да избришете некој пријател, се што треба да направите е да кликнете на X-от кој се наоѓа десно од профилот.

3. За да создадете разни групи со посебни привилегии и ограничувања (видете го делот за регулирање на приватност во Profile) треба да кликнете на Create list, по што ќе можете да го внесете името на групата и да одберете кои пријатели ќе бидат додадени.


4. Откако ќе создадете една или пак повеќе групи и во делот за Profile ќе ги поставите ограничувањата за нив... потоа, со секое ново додавање на пријател, на лесен начин може да изберете во која група додадениот пријател ќе припаѓа, а со тоа и кои податоци од вашиот профил ќе му бидат видливи.

КОРИСНИ ЛИНКОВИ
Клучни зборови: Facebook Фејсбук Fejsbuk Приватност Заштита Сигурност Лични податоци Корисници Совети Водич Приватни информации Безбедност Интернет Друштвена мрежа Друштвени мрежи Веб Сајт
|