|
|
Автор: Стефан Петрушевски
|
|
Објавено на: 28.05.2009
|
Имав слушнато за ова ама не го земав здраво за готово и не мислев дека е до толку 'сериозно' арно ама и тоа како било. Outlook 2007 е дефинитивно последното нешто со кое што ќе сакате да се справите доколку сте CSS тип. Одамна ме нема измачено толку HTML код колку што тоа ми го овозможи Outlook 2007. Значи, комплетно лудило! Ако до пред 3 дена пцуев по IE дека нестандардно чита CSS и дека не почитува некој вид на стандарди на кои 90% од кодерите се навикнати сега се колнам во него. Успеаа Microsoft да избацат бетер и од тоа, ама ептен бетер.
Клучни зборови: Microsoft Outlook Микрософт CSS HTML Е-маил Сигурност Безбедност Софтвер Стандарди Веб Дизајн
|
|
|
Автор: Стефан Петрушевски
|
|
Објавено на: 05.05.2009
|
Светов неколку недели е во општа паника за свинскиот вирус кој туку-така сам мутирал и сосем случајно се појави во моментов, како што и сосем случајно се случуваа вакви ствари на одредени периоди во последните 7-10 години. Па ако добро се сеќавам тоа беа антраксот, сарсот, птичјиот грип, па некако во набројувањето ми иде да го спомнам и 9/11. Сепак не иде толку општо овде да ги дискутираме ваквите работи. Сакам да посочам на неколку моменти кои ми се најдоа интересни.
Клучни зборови: Свински грип Svinski grip H1N1 Интернет Вирус Пари Профит Корист
|
|
|
Автор: Стефан Петрушевски
|
|
Објавено на: 27.04.2009
|
|
Повторно нешто поврзано за веб 2.0. Не знам ни дали веќе да го именувам како посебно нешто бидејќи и онака се што се случува е веќе во тој тренд, односно веќе се ретки олд-скул стварите што понекогаш (верувам повеќете од вас ќе се сложат) и ми фалат...
Постов не е ништо друго освен презентирање на еден интересен пребарувач на кој наидов деновиве. Сајтот не е нов, но го немам забележано досега. Причината за тоа е веројатно затоа што во најголем дел од случаите Google ми врши работа за било какви пребарувања, па потрагата по нови пребарувачи е непотребна. Шетајќи наоколу случајно наидов на овој пребарувач кој потполно го следи веб 2.0 трендот. Зборувам за Stumpedia.
Клучни зборови: Интернет Пребарувач Пребарување Stumpedia Google Луѓе Корисници Веб 2.0 Информации Барање Сајт Мрежа Друштвени мрежи
|
|
|
Автор: Стефан Петрушевски
|
|
Објавено на: 23.02.2009
|
Иако многумина несакаа да го признаат она што беше толку очигледно и им стоеше пред очи сепак тоа сега веќе станува реалност. Зборувам за новиот 2.0 интернет, ако може така да го наречам, и безбројните дискусии за тоа какви нови опасности ќе воведат овие новости, дали сме спремни за целава оваа работа и слично...
Клучни зборови: Веб 2.0 Интернет Заштита Сигурност Безбедност Digg Друштвени мрежи Сајтови Корисници СПАМ PageRank
|
|
|
Автор: Стефан Петрушевски
|
|
Објавено на: 16.12.2008
|
Веќе е многу јасно дека во последните неколку години реалноста во светот на безбедноста и на компјутерските напади е променета. Полека се напуштаат или барем не се ставаат на прво место големите напади на сервери без разлика на почетната цел за кој првично се планира нападот, иаку најчесто таа цел е крадење на осетливи информации во што поголемо изобилство, што подоцна би резултирало со извлекување финансиска корист од страна на напаѓачите.
Клучни зборови: Сигурност Заштита Хакери Хакирање Безбедност Прелистувачи Browsers Firefox Opera Internet Explorer Дупки Закрпи Напади Сервери
|
|
|
Автор: Стефан Петрушевски
|
|
Објавено на: 29.11.2008
|
|
Повторно големо доцнење во надополнување на блогов... Се надевам дека конечно сум ослободен од различни (досадни) обврски кои единствено одземаат време и во наредниов период ќе можам да се посветам повеќе и да објавам некои поинтересни содржини.
Постов беше инспириран додека ги прегледував сликите од Cisco Expo 2008 на кое присуствувавме овие два дена и за што веројатно веќе прочитавте.
Клучни зборови: Cisco Конференција Сигурност Безбедност Македонски фирми Компании Презентација Содржини Хакери Хакирања Сајбер војна
|
|
|
Автор: Стефан Петрушевски
|
|
Објавено на: 10.10.2008
|
Линков ми се виде ветувачки бидејќи има идеја иако сеуште е во почетна и развојна фаза. Интересен од друга страна бидејќи автоматизира некаков вид на тест кој не е којзнае што, но заштедува време на големите веб мастери кои може и да се недоволно технички подготвени за да ги согледаат овие работи самите или пак едноставно не сакаат да си го трошат драгоценото време на вакви работи.
Клучни зборови: Blogsecurify.com Petko D. Petkov Сигурност Заштита Социјални мрежи Веб платформи Веб сервиси Тестирање Тест
|
|
|
Автор: Стефан Петрушевски
|
|
Објавено на: 12.09.2008
|
Идејава ми дојде возејќи се пред некое време околу 12 попладне во еден од нашите популарни градски автобуси, веројатно инспириран од неподносливата горештина и неподвижниот, тежок воздух со премал процент на кислород, со цел да го направам светот поубаво место за живеење со искористување на работите кои ни се на располагање а притоа нормално да не се кршат барем поголемиот дел од етичките или подобро речено моралните норми, и сепак да извлечам лична, а со тоа што и го пишувам овде можеби и колективна корист.
Клучни зборови: Search Engine Optimization SEO СЕО Пребарувачи Интернет Ботови Пајаци Google Клучни зборови Оптимизација Веб Сајт Код
|
|
|
Автор: Стефан Петрушевски
|
|
Објавено на: 07.07.2008
|
Во хакирањето добивање контрола врз shell-от на метата, а со тоа и (скоро) комплетен пристап до сите информации кои ги барате отсекогаш било “најсветото“ нешто при секој напад. Едно од сценаријата е и искористување на некој баг при што не се добива целосно фунционален shell пристап или пак при пишување на експлоит потребно е напаѓачот да може да добие контрола над системот. За среќен крај во приказните потребно е да се “врати“ shell и напаѓачот да го добие пристапот кој го сака/бара. За истото постојат повеќе начини, нормално, посложени и поедноставни.
Клучни зборови: Хакирање Софтвер NetCat Баг Информации Систем Shell Bash Reverse Shell hostAttacker Линукс
|
|
|
<< 1 2 >> |