IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Стефан Петрушевски arrow Интернет arrow Деца, конечно ги добивте вашите права на интернет!
 
 
Uid=0
Софтвер, Интернет, Програмирање, Сигурност и заштита
RSS Канал  
Е-пошта  
Биографија  
 
 
Стефан Петрушевски
 
Деца, конечно ги добивте вашите права на интернет! Испечати Е-пошта
Автор: Стефан Петрушевски   
Објавено на: 11.06.2008
Пред некое време дознав за проектот "Безбедно на интернет" од пост на форумот па со мало задоцнување конечно мора да ја пофалам прекрасната идеја за едуцирање на најмладите во нашава држава. Уште еден пример за тоа дека немора секој од нас да измисли топла вода за да биде нашата идеја успешна и добра туку едноставно може да ги следиме успешните приказни од поголемите и поискусните.

Ептен ми се допадна идејата за правата на децата на интернет и особено 10-те избрани права кои луѓето ги ставиле на постер кој требало и веројатно се раширил лепејќи го по училиштата и сличните образовни установи па како надополнување би сакал да го дадам и мојот допринес за оваа тема, односно да набројам некои права на децата на интернет кои во никој случај не смеат да се пропуштат:

- Имам право слободно да се смеjам на содржините на интернет.
- Имам право да прекинам со смеењето кога ќе осетам дека не ми е смешно.
- Имам право да сурфам со една рака.
- Имам право да го прекинам сурфањето и да отидам да си ги извршам природните потреби во тоалетот по што слободно смеам да се вратам и да продолжам со сурфањето.
- Имам право да дишам на уста кога сурфам на интернет.
- Имам право да ги исмевам останатите на интернет.
- Имам право да ме манипулираат на интернет.
- Имам право да ги поддржувам правата на животните на интернет.
- Имам право да се осеќам тажно поради загинатите во Втората светска војна на интернет.
- Имам право да чувствувам вина доколку преземам работи за кои не сум платил.
- Имам право да не се чувствувам виновен поради било што што го правам на интернет.
- Имам право да не се чувствувам виновен доколку ми се приспие сурфајќи на интернет.

Децата како "најлесно манипулативни" суштества меѓу вас/нас мора да ги образуваме на секое поле од животот користејќи ги сите можни средства што ни се на располагање, како на пример образовниот систем кој ни е блиску до совршен, разни кампањи по секаков вид медиуми организирани како од владините организации така и невладините организации кои посебно сакам да ги истакнам бидејќи си ја работат својата работа врз основа на добронамерената цел која си ја имаат поставено. Изгледа дека тие се едни од ретките кои сфатиле дека има нешто побитно од индивидуалната корист.

Токму тоа го покажуваат и луѓево од проектот CRISP (Children’s Rights on the Internet – Safe and Protected!) кој е спроведен од Фондација Метаморфозис со финансиска поддршка од Европската унија, што покрај оваа мала иницијатива работат уште поангажирано на организирање разни семинари од кои единствена корист ќе имаат учесниците со тоа што ќе бидат обучени како да ги препознаат и да ги обезбедат "природно" осигураните права на децата на интернет во пракса.

Прекрасно! Продолжете со исто темпо!

</sarcasm>


Клучни зборови:  Стефан Петрушевски   Метаморфозис   Безбедно на интернет   CRISP   Деца   Интернет   Проект   ЕУ

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

Facebook манија

Facebook има над 200 милиони активни корисници од кои 100 милиони се логираат на сајтот дневно. Просечниот член има 120 пријатели и повеќе од 20 милиони корисници го обновуваат својот статус барем еднаш дневно. Секој месец повеќе од 8 милиони видеа и над 850 милиони фотографии се објавени од страна на членовите. (Мај, 2009)
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(140 глас/а)

  • 75.7%
  • 6.4%
  • 6.4%
  • 11.4%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност