IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Стефан Петрушевски arrow Интернет arrow Пребарувач директно поддржан/зависен од луѓето
 
 
Uid=0
Софтвер, Интернет, Програмирање, Сигурност и заштита
RSS Канал  
Е-пошта  
Биографија  
 
 
Стефан Петрушевски
 
Пребарувач директно поддржан/зависен од луѓето Испечати Е-пошта
Автор: Стефан Петрушевски   
Објавено на: 27.04.2009
Повторно нешто поврзано за веб 2.0. Не знам ни дали веќе да го именувам како посебно нешто бидејќи и онака се што се случува е веќе во тој тренд, односно веќе се ретки олд-скул стварите што понекогаш (верувам повеќете од вас ќе се сложат) и ми фалат...

Постов не е ништо друго освен презентирање на еден интересен пребарувач на кој наидов деновиве. Сајтот не е нов, но го немам забележано досега. Причината за тоа е веројатно затоа што во најголем дел од случаите Google ми врши работа за било какви пребарувања, па потрагата по нови пребарувачи е непотребна. Шетајќи наоколу случајно наидов на овој пребарувач кој потполно го следи веб 2.0 трендот. Зборувам за Stumpedia.

Пребарувач директно поддржан/зависен од луѓето

Stumpedia не е првиот пребарувач што функционира преку директна поддршка на луѓето, но на уникатен начин ги користи посетителите. Гласањето pros/cons што од претходно беше присутно на Digg.cом и сличните сајтови на него, како и системот корисниците да пријавуваат стории што исто беше воведено во Digg-like сајтовите овој пребарувач ги искористува на поразличен начин. Значи пребарувачов генерално не користи ништо ново туку само ги користи веќе познатите работи на сопствен начин.

Stumpedia комплетно остава регистрираните корисници да додаваат сајтови и клучни зборови по кои тие ќе асоцираат. Може да звучи како проект што никогаш нема да успее, но бројките што ги презентира Stumpedia звучат доста добро:

  • 22.789 линкови
  • 7.889 регистрирани корисници и
  • 50.000 пребарувачки изрази (клучни зборови)

Пребарувач директно поддржан/зависен од луѓето

По кратка регистрација и по успешно логирање веднаш може да почнете да го давате својот придонес и да пријавите неопределен број линкови и нивни изрази за пребарувње. Недостаток при регистрација е можеби тоа што лозинката се сетира дури по кликање на линкот кој се испраќа по е-маил што не е баш најстандардно. Уште една "несредена" работа околу регистрацијата е тоа што линкот кој се испраќа за активација и сетирање на лозинката никогаш не истекува и воедно е статичен. Не знам дали ова е намерно оставено за да избегнат барања за ресетирања или потсетување на корисничи лозинки ама некако не ми изгледа убаво. :)

Останата структура е едноставна. Си имате свој профил каде сетирате неколку информации за вас, во стил пол, роденден, ова-она... Со тоа што имате сопствен профил има опција за додавање на пријатели и ширење на мрежата со останатите корисници. На првата страна е илустрирана мрежа од некои од корисниците што се вмрежени и активни.

Пребарувач директно поддржан/зависен од луѓето

Сајтот одлучил да го акцентира своето ширење со своеволно поставување на банерчиња во неколку димензии од страна на корисниците што е согласно со целата идеја на сајтот. Ја има и стандардната опција за поканување на свои пријатели по е-меил.

Покрај ова, како што реков сајтов го следи новиот тренд, и очекувано е да видите официјален блог каде ќе се презентираат и дискутираат теми директно поврзани со Stumpedia како и други актуелни топици кои индиректно го засегаат сајтот.

Заклучок: Модерна идеја и солидна реализација.



Клучни зборови:  Интернет   Пребарувач   Пребарување   Stumpedia   Google   Луѓе   Корисници   Веб 2.0   Информации   Барање   Сајт   Мрежа   Друштвени мрежи

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

Facebook манија

Facebook има над 200 милиони активни корисници од кои 100 милиони се логираат на сајтот дневно. Просечниот член има 120 пријатели и повеќе од 20 милиони корисници го обновуваат својот статус барем еднаш дневно. Секој месец повеќе од 8 милиони видеа и над 850 милиони фотографии се објавени од страна на членовите. (Мај, 2009)
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(93 глас/а)

  • 77.4%
  • 6.5%
  • 5.4%
  • 10.8%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност