IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Блог arrow Hello World! :-)
Hello World! :-) Испечати Е-пошта
Автор: Стефан Петрушевски   
Објавено на: 21.03.2008
Сакам да Ви посакам добредојде на новиот Македонски ИТ Портал и да упатам извинување кон корисниците кои без објаснување го гледаа сега веќе стариот форум во нефункционална состојба во претходната недела. Се надевам дека изненадувањето Ви се допаѓа и би сакал сите ваши критики и пофалби да ги напишете во своите коментари овде или на форумот. Бидејќи ова е мојот прв пост на овој блог ќе се обидам накратко да објаснам што всушност ќе можете да најдете овде.

Овој мој личен блог и сите содржини кои ќе бидат постирани на него ќе се должат единствено на мои лични ставови, разбирања, погледи и убедувања затоа ќе ве замолам вашите коментари да бидат упатени лично кон мене освен на местата каде не е потенцирано дека напишаното е став на IT.com.mk тимот.

Од насловот и од областите кои се напишани веројатно веќе претпоставувате за каква личност станува збор на овој блог. Насловот го избрав "Uid=0" што за упатените веројатно веќе дава некакви индикации. За останатите ќе го објаснам. Uid параметрот (Uid == User ID) на *nix системите го означува степенот на пермисии  на корисниците, а највисок на тоа рангирање е акаунтот на системскиот администратор кој има uid=0. Ова повржете го со тоа дека во областите е ставено "сигурност и заштита" и ќе ја добиете мојата идеја. Насловот не значи дека ќе се ограничам на пишување содржини само за *nix системи.
Овие содржини за безбедноста ќе бидат измешани со критики за разни случувања во сајбер светот и со разни совети и трикови во облик на мали скрипти, туторијали и слично кои ќе помогнат и олеснат работа на  администратори но и обични корисници или ќе дадат идеја за понатамошно развивање и истражување.

Секако некаде помеѓу сето тоа ќе влезат и рандом лични постови кои понекогаш може и да немаат допирна точка со областите наведени во насловот но верувам дека се од некое значење за ИТ секторот.

Се надевам дека ќе уживате во читањето во мојот блог и ќе ве замолам за ваша контрибуција во изградба на истиот.

Клучни зборови:  Стефан Петрушевски   Uid=0   Сигурност   Системи   Администратори

 
IT.com.mk форум

Последни написи

Mozilla: Проверете ги вашите плагини
објавено на 21.10.2009 во Интернет
Автор: Ѓоко Крстиќ
Тест на џиџе и табла-компјутер
објавено на 11.09.2009 во Услуги и анализи
Автор: Дамјан Арсовски
Дали сте и вие измамени на Facebook?
објавено на 08.09.2009 во Сигурност и заштита
Автор: Стефан Петрушевски
Авторскиот труд не е бесплатен!
објавено на 03.09.2009 во Услуги и анализи
Автор: Дамјан Арсовски
Нова Македонија - изгубени во преводот
објавено на 28.08.2009 во Интернет
Автор: Дамјан Арсовски

Twitter посетеност

Бројот на посетители на Twitter.com се зголемил двојно во Март, 2009, од 4.3 милиони во Февруари на 9.3 милиони. Порастот на популарноста на сервисот за микро-блогирање се должи на неговата присутност во традиционалните медиуми, како и отворање на профили од страна на популарните холивудски ѕвезди.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(89 глас/а)

  • 76.4%
  • 6.7%
  • 5.6%
  • 11.2%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност