IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Стефан Петрушевски arrow Сигурност и заштита arrow Опасностите во новиот веб 2.0 свет
 
 
Uid=0
Софтвер, Интернет, Програмирање, Сигурност и заштита
RSS Канал  
Е-пошта  
Биографија  
 
 
Стефан Петрушевски
 
Опасностите во новиот веб 2.0 свет Испечати Е-пошта
Автор: Стефан Петрушевски   
Објавено на: 23.02.2009
Иако многумина несакаа да го признаат она што беше толку очигледно и им стоеше пред очи сепак тоа сега веќе станува реалност. Зборувам за новиот 2.0 интернет, ако може така да го наречам, и безбројните дискусии за тоа какви нови опасности ќе воведат овие новости, дали сме спремни за целава оваа работа и слично...

Сепак овие дискусии веќе се излишни зашто веќе сме прилично длабоко во новата ера која беше одлично прифатена од масата што и беше очекувано. Новата "тема на разговор" сега би требало да биде како да се справиме со секојдневните нови видови напади бидејќи очигледно големата слобода што им се даде на корисниците само го зголеми векторот на можни напади и е одлична подлога за секојдневно смислување нови начини.

Конкретно во примеров што ме инспирира да го напишам постов се работи за друштвен вебсајт, кои (вебсајтови) како се развиваат полека ќе направат и нов универзум и заслужуваат поголема дискусија во некој од наредните постови или пак уште поинтерактивно може да направиме една на форумот.

Имено се работи за сајтот Digg.com чија популарност е позната и очигледна и eдинствено што нуди е корисниците да постираат, гласаат и коментираат вести. Па така на почетокот на овој месец, кога го објави ова PandaSecurity, овој сервис беше искористен да се креираат лажни кориснички имиња кои објавуваа и коментираа вести меѓусебно. Во постовите се промовираше и линк до злонамерен код. Се работи за лажен видео кодек кој е имено потребен да се види соодветно видео. Бројката на вакви коментари брзо се искачи до 500.000 кои водеа до 15 различни места со малициозен софтвер. Ваквиот тип на спамирање малициозен софтвер не е воопшто револуционерна идеја бидеќи постои наоколу многу поодамна како начин за промовирање на било каков софтвер, промовирање сајт, На времето помагаше и за качување PageRank итн. Сепак она што сакам да го истакнам и што всушност го кажав во уводот :) се новите места каде сето ова со мало видоизменување успешно може да се искористи (како во примеров).

Како надополнување ќе дадам и линкови до вакви слични сценарија кои се случија во изминатиов период:


Клучни зборови:  Веб 2.0   Интернет   Заштита   Сигурност   Безбедност   Digg   Друштвени мрежи   Сајтови   Корисници   СПАМ   PageRank   

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

Hubble

Телескопот Hubble е лансиран од страна на САД на 24 Април, 1990 година а името го добил по астрономерот Едвин Хабл (Edwin Hubble). Hubble е LEO (Low Earth Orbiting) тип на сателит кој е лоциран 600 километри над површината на Земјата. Телескопот завршува цела орбита околу Земјата секои 97 минути.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(141 глас/а)

  • 75.2%
  • 6.4%
  • 7.1%
  • 11.3%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност