IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Стефан Петрушевски arrow Сигурност и заштита arrow Среќни празници за сурферите
 
 
Uid=0
Софтвер, Интернет, Програмирање, Сигурност и заштита
RSS Канал  
Е-пошта  
Биографија  
 
 
Стефан Петрушевски
 
Среќни празници за сурферите Испечати Е-пошта
Автор: Стефан Петрушевски   
Објавено на: 16.12.2008
Веќе е многу јасно дека во последните неколку години реалноста во светот на безбедноста и на компјутерските напади е променета. Полека се напуштаат или барем не се ставаат на прво место големите напади на сервери без разлика на почетната цел за кој првично се планира нападот, иаку најчесто таа цел е крадење на осетливи информации во што поголемо изобилство, што подоцна би резултирало со извлекување финансиска корист од страна на напаѓачите.

Таков е барем трендот во новото време. Реалноста е променета со тоа што се почесто нападите се вршат директно на страната на клиентот односно се искористуваат слабости во софтверот што жртвата го користи на својот компјутер. Очигледно први на мета се прелистувачите, е-маил клиентите, онлајн планери итн. (Остатокот од листата самите го предвидувате.)

Среќни празници за сурферите

Инспирацијата за овој пост се случувањата во последните неколку дена. Обично вакви работи се случуваат баш околу празници и поголеми прослави кога луѓето очигледно поинтензиво купуваат на интернет, или пак во крајна линија повеќе време поминуваат на глобалната мрежа. Имено, на 10-ти MSRC објави известување за најновиот пропуст и експлоит во сите верзии на Internet Explorer од 5.01 до 8.0 beta 2. За да по три дена Microsoft објави и дека според нивните проценки дури 0.2% од корисниците биле изложени на овој напад. Следниот пакет закрпи и надградби е најавен дури за 9-ти наредната година што доколку не се промени и не излезе закрпа за овој пропуст порано ќе биде заебано. :)

Другата приказна се однесува на новиот тип напад на Mozilla Firefox. Велам нов бидејќи сега јавно се објави и објасни, а не дека не постоеше веќе некое време наоколу. Нападот за кој зборувам е користење на познатата плагин (plugin) опција која ја нуди Firefox и со што всушност самиот прелистувач се истакна бидејќи изградија одлична база на плагини и додатоци каде секој може да најде по некој кој ќе му ја олесни секојдневата работа.

После ова веројатно секој ќе од нас ќе размисли неколку пати пред да инсталира додаток за прелистувач од непознат или нерелевантен извор. Повеќе информации и демонстрација за ChromeInject тројанот (како што го нарекоа) можете да видите на следниве линкови: [1] и [2].

Како надополнување да не ги заборавиме и неколкуте експлоити за Опера објавени неодамна. Еден, два, па и три!

Тоa е тоa... Среќни празници!


Клучни зборови:  Сигурност   Заштита   Хакери   Хакирање   Безбедност   Прелистувачи   Browsers   Firefox   Opera   Internet Explorer   Дупки   Закрпи   Напади   Сервери

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

Facebook манија

Facebook има над 200 милиони активни корисници од кои 100 милиони се логираат на сајтот дневно. Просечниот член има 120 пријатели и повеќе од 20 милиони корисници го обновуваат својот статус барем еднаш дневно. Секој месец повеќе од 8 милиони видеа и над 850 милиони фотографии се објавени од страна на членовите. (Мај, 2009)
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(140 глас/а)

  • 75.7%
  • 6.4%
  • 6.4%
  • 11.4%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност