|
Outlook 2007 - назад на примитивното
|
|
|
|
Автор: Стефан Петрушевски
|
|
Објавено на: 28.05.2009
|
Имав слушнато за ова ама не го земав здраво за готово и не мислев дека е до толку 'сериозно' арно ама и тоа како било. Outlook 2007 е дефинитивно последното нешто со кое што ќе сакате да се справите доколку сте CSS тип. Одамна ме нема измачено толку HTML код колку што тоа ми го овозможи Outlook 2007. Значи, комплетно лудило! Ако до пред 3 дена пцуев по IE дека нестандардно чита CSS и дека не почитува некој вид на стандарди на кои 90% од кодерите се навикнати сега се колнам во него. Успеаа Microsoft да избацат бетер и од тоа, ама ептен бетер.
И се прашував како всушност се случи ова, како тоа нова верзија работи
комплетно поразлично од нејзината претходна верзија. Побарав наоколу, а оно тоа
да ти бидат подобрувања. Подобрувања првенствено во поглед на безбедноста.
Имено, претходните верзии на Outlook имаа два енџина за рендерирање и тоа Word
енџин за пишување на текстуалните пораки/мејлови и IE енџинот за читање на
пораките.

Во новиот Outlook 2007 ова е сменето и сега сé се чита и пишува со
подобрен Word енџин. Значи целта за подобруање на
безбедноста им успеала. Веќе нема да бидат возможни сценаријата каде IE
грешките се експлоитираат (искористуваат) преку Outlook, а и Outlook ќе има еден
единствен енџин кој ќе се справува со сé. :) На друга страна ова пак доведе до
големи, одвратни промени во читањето на пораките.
'Подобрувањата' од кои ќе се изненадите следат:
- background-images - никако
- background бои - тешко да ќе ви успее ако сакате во истиот div, cell
- маргини и padding - лито, лито
- float и position - никако
- висини / ширини (height / width) - никако
- overflow - јок
- flash - премногу модерно
- ...
Листата продолжува овдe.
Тоа е, идеме назад на максимално користење на табели.
Клучни зборови: Microsoft Outlook Микрософт CSS HTML Е-маил Сигурност Безбедност Софтвер Стандарди Веб Дизајн
|