Почетна arrow Вести
Ограничен интернет и во САД?
Објавено на: 26.08.2008
Ограничен интернет и во САД?Интернет provajderite Time Warner Cable Inc. и Frontier Communication Inc. објавија дека ќе го ограничат интернет сообраќајот на пакети, навидум слични на оние кои ги имаме во Македонија, овозможени од Т-Хоум и Он.нет - на 5, 10, 20 и 40 ГБ и планираат да наплатат по 1$ за секој додатен гигабајт. (Просечна цена на интернет и телефонска претплата е околу 65$ за месец)

Клучни зборови:  САД   Ограничен интернет   Лимитиран интернет   Т-Хоум   Он.нет   АДСЛ   Пакети   Интернет сообраќај   Гигабајт   

 
Локацијата - најдоброто ново нешто?
Објавено на: 13.08.2008
Локацијата - најдоброто ново нешто?Yahoo! го објави новиот сервис Fire Eagle, алатка која овозможува да ја надополнувате вашата локација која ќе ве поврзе со разни интернет сервиси. Доколку интернетот ја знае вашата локација во светот ќе ви ги достави вестите од регионот, ќе ве информира за сообраќајот, ќе ги информирате вашите Facebook/Twitter пријатели каде се наоѓате. Но има и контраверзна страна - можете да бидете пратени и надгледувани?

Клучни зборови:  Yahoo!   Јахѕ   Fire Eagle   CitySense   Друштвени мрежи   Интернет   Локација   Геолокација   Информирање   Пријатели   Вести   Веб 2.0   Microsoft

 
Надополнето: Руско-Грузиска сајбер војна
Објавено на: 12.08.2008
Руско-Грузиска сајбер војнаГрузиската влада ја обвини Русија за неовластено навлегување во компјутерските системи на клучни владини сајтови и нивно исклучување. Грузија тврди дека пристапот до сајтот на нивното Министерство за надворешни работи и други владини сајтови е оневозможен од страна на руски хакери со што се попречува објавувањето на соопштенијата со кои Грузија го известува светот за случувањата за време на војната.

Клучни зборови:  Русија   Грузија   Сајбер војна   Руско-грузиска војна   Хакери   Интернет   Компјутерски напади   Владини сајтови   Сајбер напади

 
Кражба на 41 милион кредитни картички
Објавено на: 06.08.2008
Кражба на 41 милион кредитни картичкиСо помош на техниката наречена "war driving" и инсталирање на програми кои "преслушкуваат" и запишуваат податоци (sniffer-и), 11 луѓе успеале да украдат податоци за над 40 милиони кредитни и дебитни картички. Овој случај на сајбер криминал е еден од најголемите досега во светот.

Клучни зборови:  Кредитни картички   Сајбер криминал   Кражба   Крадци   Сајбер криминалци   Интернет   Податоци   Информации   ФБИ   Интерпол

 
Олимпијадата ќе биде цензурирана
Објавено на: 01.08.2008

ImageКина ја „олабави“ својата цензура откако беше под притисок од Олимпискиот комитет (ИОК) и светските медиуми, многу од нив и спонзори на игрите. Сајтовите за маскарот во Тиананман и ББЦ вестите на кинески јазик сега се достапни. Но сајтовите за Тибет и Кинеското демократско движење се уште не постојат на кинескиот интернет простор.


Клучни зборови:  Олимпијадата   Цензурa   Пекинг   ИОК   Кина   Медиуми   Интернет   Блогери

 
Google во прашумите на Амазон
Објавено на: 26.07.2008
Google во прашумите на АмазонДел од екипите на Google задолжени за проектите Google Earth,YouTube и други интернет сервиси обединети како Google Earth Outreach (GEO) тим минатиот месец на покана на поглаварот на едно племе од Амазон, Алмир Нарамајога, направија едно необично патување каде што имаа за цел да спроведат обука за користење на интернет со цел да се подигне свеста и да се информираат луѓето за состојбите во прашумите на Амазон.

Клучни зборови:  Гугл   Google   Google Earth   Youtube   Суруити   Племе   Амазон   Прашуми   Екологија   Интернет   Технологија   Патување   Авантура   Google Earth Outreach   Тренинг   Обука

 
Cisco награди студенти од централна и источна Европа
Објавено на: 25.07.2008
Cisco SystemsДенеска беа објавени петте победници на интернационалниот натпревар организиран од страна на Cisco за конфигурација на интернет мрежи, NetRiders. Натпреварот за прв пат се одржа онлајн на 9 јули и во него учествуваа претставници на над 24 земји. Наградата за победниците е спонзорирана академска тура низ Силиконската долина во Јануари 2009 година.

Клучни зборови:  Cisco   Циско   Академија   Мрежи   Натпревар   Конфигурација   NetRiders   Силиконска Долина   Студенти   Институт за информатика   ПМФ

 
Србија под лупа?
Објавено на: 25.07.2008
RATELСекоја телекомункациска услуга во Србија ќе биде архивирана и под мониторинг во реално време од страна на надлежните органи за електронски надзор, се наведува во новиот правилник на Српската агенција за телекомуникации (РАТЕЛ). Според блогот Internodium ова е невкусно и го руши принципот на приватност.

Клучни зборови:  Србија   Надзор   Мониторинг   Приватност   RATEL   РАТЕЛ   Srbija   Privatnost   Monitoring   Телекомуникации   Провајдери   Заштита   Реално-време   Блог   Internodium

 
Knol: конкурент на Wikipedia
Објавено на: 25.07.2008
Knol - unit of knowledgeKnol, новиот продукт на Google беше претставен пред два дена на официјалниот блог на компанијата. Knol е конкуренција на Wikipedia и им овозможува на корисниците да објавуваат авторски текстови на разни теми. Клучниот принцип на овој сервис е авторството на текстовите, кое досега недостасуваше на веб енциклопедијата Wikipedia. Исто така, текстовите не се само збир од информации, туку се обработени теми.

Клучни зборови:  Google   Гугл   Knol   Кнол   Wikipedia   Веб енциклопедија   Интернет   Авторски текстови   Теми   Енциклопедија   Информации   Корисници   Конкуренција

 
Facebook со нов изглед!?
Објавено на: 20.07.2008
Facebook со нов изгледДруштвената мрежа Facebook.com денеска ќе го објави редизајнот на својот сајт откако не успеа да го стори тоа на предвидениот датум - 16 јули. Според она што засега може да се види на тест страната, редизајнот ќе донесе едноставност и поголема прегледност, што значи дека најпопуларната друштвена мрежа и целосно ќе биде прилагодена на веб 2.0 трендот.

Клучни зборови:  Друштвени мрежи   Социјални мрежи   Редизајн   Дизајн   Facebook   Фејсбук   Веб 2.0   Апликации   Интернет

 
<< 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 >>
Македонски ИТ форум
RSS канали на it.com.mk

ICMP

Internet Control Message Protocol е TCP/IP протокол користен за испраќање на контролни пораки. Пример: Рутерот користи ICMP за да го информира праќачот дека крајниот нод е недостапен. 
Корисничко име

Лозинка



ИТ ТВ

ИТ ТВ
Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести од Македонија
Вести од Свет
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Сите блогови
Дамјан Арсовски
Сашо Андријески
Стефан Петрушевски
Зоран Ивановски
Ѓоко Крстиќ
Столе Китановиќ
Игор Наумов
Александар Лазаров
Членство
Е-билтен
RSS канали

Профили
Facebook
Twitter
Flickr
Last.fm
FriendFeed
LinkedIn
MKHOST - www.mkhost.com.mk
Веб хостинг, регистрација на домени, аудио стриминг, дизајн на веб страни