Неделава имавме неколку вести кои ги врзуваше една нишка - влијанието на интернетот врз иднината. Дали е човеково право, дали и каква цензура е потребна, дали локацијата е потребна или ја нарушува приватноста...? Додека Тим Бернерс-Ли, таткото на мрежата, не повикува да објавуваме отворени и сурови информации кои ќе се достапни за сите, се појавува граѓанското новинарство во Македонија. Дали преку друштвените мрежи или преку софистицираноста на мобилен да произведе квалитетна снимка, индивидуалците влијаат врз нашето секојдневие. Сите вести водат кон едно прашање - Интернетот е моќ, прашање е како и за што ќе го искористиме? Клучни зборови: неделаванеделен прегледграѓанско новинарствоит.мкфорумТиме Бернерс-Лицензуравеб 2.0супермоќчовеково правоинтернетуниверзитетимедиум
Кинеските власти го предупредија Google дека „ќе ги плати последиците“, дури и ќе го изгаси google.cn, доколку интернет гигантот не го почитува законите во земјата.
Google се побуни против Кина откако неговите сервиси, заедно со уште десетина компании, беа хакнати од „софистициран напад“ кој беше лоциран дека потекнува од Кина. Google остро реагираше и реши да престане да цензурира содржина што е против кинеските закони со кои интернет гигантот во 2006 година се обрза да ги почитува за да започне бизнис на истокот.
Mozilla тестира додаток за Firefox прелистувачот со кој ќе можат да се менаџираат профилите, дали на друштвена мрежа, дали тие за Google и Yahoo сервисите. Алатката се уште е во почетна алфа фаза, но може да се инсталира и да се проба. Додатокот кој работи само со неколку сајта, Google, Yahoo, Facebook и Тwitter, можете да го симнете од тука.
„Account Manager е прототип кој значително го
поедноставува поврзувањето со сајтовите. Тој имплементира нов протогил за веб сајтовите да се интегрираат со прелистувачто, така да можете да се логирате и одлогирате директно од прелистувачот.“ пишува на блогот на Mozilla Labs.
Репортерите без граници (RSF), огранизација која промовира за слобода на говор, обави извештај за денешниот онлајн пристап по повод 12 март, Свестки ден против сајбер цензура. Извештајот ја содржи и „Непријатели на интернетот“ листата на земји кои ја контролираат слобдата на изразување, ја цензурираат содржината и го ограничуваат пристапот до информации. Клучни зборови: Репортери без границацензуравеб 2.0блокирањефилтир за содржинаКинаРусијаАвстралијасветблогериблокирање сајтови
ICANN, интернационалната организација за имиња на
домени, размислува да воведе посебни домени за порно сајтовите. Порно сајтовите моментално ги користат комерцијалните .com домени. Воведувањето на посебен домен ќе им овозможи на родителите полесно да ги блокираат порно сајтовите, филтрирајќи го само .xxx доменот.
Интересно што иако звучи како добра идеја, сепак овој предлог претходно беше одбиван, прво во 2000 година, па во 2006, па во 2007.
Twitter стартуваше опција за споделување локација. Oпцијата „Твитај ја локацијата“ по зададено е исклучена, што е добро за приватноста пред се на новите корисници, но и одлична опција за користење на геолокацијата да се означи местото на настаните.
Апликацијата ги користи Google Maps и се појавува како мала зелена игличка во најдолниот дел покрај името на апликацијата од каде е испратен твитот. Twitter нуди контрола врз секој поединечен твит дали да ја сподели локацијата, како и опција да ги избришете сите информации поврзани со локацијата од сите претходни твитови. Се чини дека опцијата не е достапна за геолоцирање преку прелистувач, иако е најавено, но ја има на неколку мобилни апликации.
Google Apps Marketplace е место за девелоперите директно да ги продаваат своите апликации на клиентите на Google. На самиот почеток околу 50 софтверски компании се заинтересираa да ги закачат своите бизнис апликации на „облакот“. Апликациите ќе бидат интегрирани во веб базираните Google Apps како на пример Google Docs. Клучни зборови: GoogleAppsGoogle Apps Marketplaceпазароблакcloud computingапликациисофтвер
WTFJeans
се комплетно дизајнирани да бидат „компатибилни со iPоd и iPhone“. Задните џебови се со посебно тенки-влакна направени да го зашитат уредот и да ги исчистат екранот кога го вадите телефонот. Фармерките имаат скриен „безбедносен“ џеб за USB стик. Прави фармерки за гикови, вели српскиот блогер Пеѓа Пушеље - Блоговски кој заедно со блогерката Сања Растовач - Аурора го стартуваа овој интересен проект. Клучни зборови: WTFJeansПеѓа Пушеље - БлоговскиСања Растовач - АурораблогфармеркиiPodIPhoneпопуларностхардвер
На Twitter се појавија лавина критики за МАРНет, македонскиот регистар за интернет поддомени како .mk, .com.mk, .org.mk домен...Критиките од корисниците се многу и разновидни. Се чини проблеми со МАРНет има многу и се чини дека сега за сега нема да се решат. Од регистарот рекоа дека МАРНет, кој сега е воден од Универзитетот „Кирил и Методиј“, наскоро ќе биде превземен од Министерството за информатичко општество (МИО). Се чека на официјалната процедура и закон најавени за „првиот квартал од оваа година“. Клучни зборови: МАРНетрегистардоменподдомениМинистерсво за информатичко општествоМИОуниверзитеткритикиTwitter.me.mk.com.mk.org.mkИТ.мк
Што би правеле без интернет? Дали интернетот е најголемата моќ што сте ја имале вие како индивидуа? Овие прашања ги поставуваме само 20 години од постојањето на интернетот. За само 20 години над 1.7 милијарди луѓе се онлајн. 79 отсто од нив веруваат дека интернетот е основно човеково право. Преку мрежата влијаеме на секојдневието. Стануваме свесни за нови информации и искуства и отворено комуницираме со други култури. Затоа, славејќи ги дигиталната револуција, BBC започна интересен дво-неделен серијал соодветно крстен „Супер Моќ“, кој преку радио, телевизијата и онлајн сајтови ќе ја објасни и документира моќта на интернетот. Клучни зборови: BBCинтернетсупер моќКомуникацииАрхеоблогГолемата сликасеријалБиБиСикомуникацијаинтеракција#danemasheinternetSuper PowerSouth Park
ENIAC е првиот електронски компјутер, објавен во 1946, кој тежел 30 тони, имал над 17.000 цевки и бил долг 25 метри. Денешниот десктоп компјутер во просек може да сними милион пати повеќе информации отколку ENIAC и истото да го направи 50.000 пати побрзо.