IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Вести arrow Хак-атак/Приватност arrow Запознајте се со д-р. Павле спамерот
Запознајте се со д-р. Павле спамерот Испечати Е-пошта
Автор: Виктор Арсовски   
Објавено на: 04.11.2009
Запознајте се со д-р. Павле спамерот Често добивам спам пораки од афрички принцови, кралеви, министри... кои се многу, многу богати и кои сакаат да ми дадат дел од богатството ако им помогнам да ги префрлат парите од својата земја. За да им помогнам бараат да им ја дадaм сметката од банка и други лични информации и за возврат ќе добијам некое милионче. Звучи познато нели? Сите сме биле спамирани од некој „принц“.

Но, сега се појави друг принц т.е доктор. Сега за прв пат добив спам мејл на македонски од д-р. Павле Ванчио.

Спам.

Интересно не се работи за никаков Павле туку се работи за Paul што може да се види од неговиот мејл paulvanxxio119... Преводот е направен со веб сервиси, најверојатно со Google Тranslate, чии преводи пак наликува на некој иселеник што не го знае македонскиот јазик. Исто така има и многу зборови на англиски кои најверојатно Google Тranslate не знаел како да го преведе.

Тоа го приметив откако го разгледав мејлот подобро. Прво што се запрашав кога го видов мејлот е - од каде знае дека сум од Македонија? Одговорот е во следниот пасус.

Спам.

Секој компјутер има своја IP адреса која ja покажува географската локација. Сите мејловите ја содржат таа адреса, само што клиентите кои ги користиме ја кријат таа информација. Еве совет како да дојдете до IP адресата на тој што го праќа мејлот.

Служејќи се со советот и оваа алакта откривме дека д-р. Павле го пратил мејлот од Нигерија. Иако не може да се биде 100% сигурен дека таа е локацијата, сепак во случајот на д-р. Павле сме сигурни бидејќи овој вид спам измами е познат како „нигериски спам“.

Д-р. Павле од Нигерија.

Локацијата е лесно да се открие. Но од каде му е мојот мејл е знак прашалник. Може да биде од неодамнешните пробиени профили на Facebook, може да биде од пробиен имејл... тешко е да се претпостави.

Интересно спамерот не бара кредитна картичка, сметка од банка и слично. Туку бара само име и презиме, адреса и телефонски број. И тој самиот остава телефонски број за да изгледа сериозен. Инаку неговиот број е непостоечки. Можеби станаа попаметни, па методолошки спамираат. Прво кратко инфо и малку информации, потоа втор мејл со многу повеќе информации и поголема доверливост... за на крај да успее да ве измами, да ви земе пари или да ви го украде идентитетот.

Во секој случај му вративме мејл на д-р. Павле да видиме како ќе продолжи измамата.

Совет: Бидете претпазливи кога некој ви дава пари на интернет.



Клучни зборови:  Spam   Спам   имејл   Нигерија   IP адреса   IP address   google translate   д-р. Павле   Paul

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

Facebook манија

Facebook има над 200 милиони активни корисници од кои 100 милиони се логираат на сајтот дневно. Просечниот член има 120 пријатели и повеќе од 20 милиони корисници го обновуваат својот статус барем еднаш дневно. Секој месец повеќе од 8 милиони видеа и над 850 милиони фотографии се објавени од страна на членовите. (Мај, 2009)
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали ќе купувате онлајн за празнициве?

(49 глас/а)

  • 24.5%
  • 24.5%
  • 26.5%
  • 22.4%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...