IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Вести arrow Хак-атак/Приватност arrow Надополнето: Дали вашиот и-мејл е злоупотребен преку FB?
Надополнето: Дали вашиот и-мејл е злоупотребен преку FB? Испечати Е-пошта
Автор: Дамјан Арсовски   
Објавено на: 08.09.2009
Злоупотреба на 18.000+ и-мејл адреси и лозинки на Facebook(Надополнување 08.09: Стефан разви мала алатка со која може да проверите дали вашиот и-мејл е на листата. Повеќе информации имате на крајот на текстот.)

Денеска ни беше доставена листа од 18.000 и-мејл адреси и лозинки на Facebook корисници, од кои според адресите и лозинките, можеше да се заклучи дека голем дел се од Македонија. Преку податоците сајбер криминалците зад овој вид на измама наречен "phishing" (вид на сајбер измама преку која криминалците доаѓаат до личните податоци на корисници, најчесто лажирајќи го својот идентитет преку имитирање на кредибилни апликации, сајтови, и-мејл пораки..), е дојдено преку лажната апликација на Facebook наречена News Feed.

Оваа измама е добро осмислена и навистина тешко да се забележи на прв поглед. При нападот, во полето за нотификации ви пристига "нормална" порака дека некој од вашите пријатели ви напишал нешто на вашиот ѕид или дека коментирал на слика, како на пример во овој случај:

Злоупотреба на 18.000+ и-мејл адреси и лозинки на Facebook

Бидејќи нотификацијата делува исто како и валидната нотификација од Facebook, навистина е тешко на прв поглед да се заклучи дали е тоа работа на измамничката апликација... за да приметите дека нешто не е во ред, треба да кликнете на линкот, со што ќе бидете одведени до нова страна, која наликува на Facebook и ќе побара од вас повторно да се логирате.

Злоупотреба на 18.000+ и-мејл адреси и лозинки на Facebook

Доколку се логирате на оваа страна, вашите податоци повеќе НЕ СЕ ВАШИ!

Што е тоа што треба да го направите за да се заштитите?
1. Бидејќи не би било етички да ја објавиме целата листа на над 18.000 адреси и лозинки за корисниците сами да си проверат дали се на листата, од причини што многумина и ќе ја злоупотребат, може да советуваме веднаш да ја смените својата лозинка.
2. Внимавајте на Facebook нотификациите. Доколку тие ве пренасочуваат на нова страна каде што се бара од вас повторно да се логирате, а и URL-то во адресата не е Facebook.com тогаш нешто не е во ред.
3. Проверете дали ја имате инсталирано Facebook апликацијата News Feed. За како да го направите тоа, прочитајте го нашиот водич за заштита на приватноста на Facebook.
4. Повторно... внимавајте каде кликнувате и какви апликации користите. За тоа што знаат само обичните квизови на Facebook за вас, прочитајте го овој текст.
5. Доколку приметите некои активности, пријавете ги на и-мејлот: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете или на овој линк

Опасностите од потенцијално украдени и злоупотребени лични информации можат да бидат искористување на слики, ваши и слики на пријателите. Често луѓето користат иста шифра за својот Facebook профил и својот имејл. Можеби и за други онлајн сервиси. Пример, колкумина од вас го користат роденденот како шифра?

Со пробивање на имејл и други онлајн сервиси за кои корисникот има иста лозинка, можат да се добие пристап до дополнителни информации за вас, како на пример: адреса на живеење, телефонски броеви, други имејл адреси, слики, информации за кредитни картички....

Ваквите напади можат да придонесат за креирање на мрежа на ботнети - зомби копјутери кои се заразени со малициозен софтвер(вирус) кој се шири низ други незаразени компјутери. Овие ботнети-зомби компјутери по наредба од главниот компјутер извршуваат лажни дејности. Како на пример, Conficker црвот зарази преку 20 милиони компјутери за еден месец. Преку таа мрежа ботнетите праќаат малициозен софтвер и заразуваат други компјутери. Во случајот на Conficker, црвот го лажеше корисникот дека има вируси и му препорачуваше лажен анти-вирус како решение, кој нормално чини пари. Друг пример е Кoobface црвот (анаграм од Facebook) кој прибира информации за кредитни картички од корисниците на друштвените мрежи.

Покрај обидот за крадење на пари, често ваквите напади се користат за наоѓање на што е можно повеќе имејлови кои ќе бидат спамирани. Или пак пробиениот профил ќе биде искористен за други измами. Можно сценарио е и крадење на идентитет. Ваквите податоци чинат пари на црниот пазар.

Надополнување 08.09.2009:

Бројката на и-мејлови и лозинки во листата се зголемува постојано. Листата, која ја добивме од анонимни извори, неможеме да ја објавиме од многу причини. Но затоа пак, Стефан разви мала алатка со која можете да проверите дали вашиот и-мејл е во листата. Внесениот и-мејл не се зачувува нигде и едноставно се проверува дали е присутен во листата.

Алатката може да биде пронајдена на следниов линк: http://www.it.com.mk/facecheck.php , а повеќе прочитајте на блогот на Стефан.

Надополнето: Како работи „phishing" измама можете да прочитате и на сајтот на МВР. Искрено сум позитивно изненаден од објавувењето на ваков текст од МВР, вакви информации се потребни за сите бидејќи поминуваме долго време на „интернетс“. (tnx to Анонимен за линкот)



Клучни зборови:  Facebook   Фејсбук   Лозинки   И-мејл адреси   Сајбер криминал   Криминалци   Phishing   Корисници   Интернет корисници   Заштита   Сигурност   Лични податоци

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

ENIAC

ENIAC е првиот електронски компјутер, објавен во 1946, кој тежел 30 тони, имал над 17.000 цевки и бил долг 25 метри. Денешниот десктоп компјутер во просек може да сними милион пати повеќе информации отколку ENIAC и истото да го направи 50.000 пати побрзо.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(122 глас/а)

  • 76.2%
  • 7.4%
  • 4.9%
  • 11.5%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност