IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Вести arrow Хардвер arrow Надополнето: Мilo, детето што ќе го промени гејмингот
Надополнето: Мilo, детето што ќе го промени гејмингот Испечати Е-пошта
Автор: Дамјан Арсовски   
Објавено на: 03.06.2009
Microsoft претстави 3Д камера за Xbox 360Гигантот вчера на конференцијата за видео игри E3, претстави 3Д камера за Xbox 360 конзолата која го следи движењето, реакциите на лицето на играчите, а може да препознае и говор. Доколку овој интерактивен продукт на Microsoft се покаже практичен, дефинитивно гејминг платформата Wii ќе добие сериозен конкурент.

За време на прес конференцијата, Microsoft изврши неколку демонстрации како борба рака со рака, возење на скејт, цртање на платно, возење на тркачки автомобил и друго... со кои ги докажа можностите на 3Д камерата и тврдењето дека самите играчи се управувачи. Една од поинтересните презентации беше логирање во Xbox Live системот само преку појавување пред камерата, како и навигација низ менито со обично мафтање на рака.

Според некои информации, камерата се очекува да биде официјално претставена на пазарот во 2010 година.

Интересно е тоа што поголем број аналитичари беа заинтересирани за потенцијалот на технологијата и нејзиното имплементирање и во други сфери на животот, како менувањето канали на телевизија со еден замав на раката. Претставниците на Microsoft не искоментираа ништо кога беа запрашани дали има планови за поголема инвестиција во оваа технологија, но според некои најави, Panasonic веќе работи на слична технологија која се очекува да го замени далечинскиот управувач.

Мојот впечаток е тоа дека Project Natal, кодното име на проектот, може да послужи и како одлична комуникациска платформа бидејќи овозможува конектирање со други корисници на Xbox преку користење на камерата и системот за препознавање на говор.

На прес конференцијата за овој нов изум беше присутен и режисерот Стивен Спилберг, кој сега соработува со Electronic Arts во создавање на игрите. Салата преполна со новинари беше искористена и за да се претстават игрите "The Beatles: Rock Band" (и тоа лично од Пол Мекартни, Ринго Стар и Јоко Оно) која се очекува во септември и нова верзија на Halo која е закажана за 2010 година.


Г-дин. Молинеух изјави за MTV дека препознавањето глас всушност е трик, дека Milo може да препознае намуртени лица и насмевки, но сепак не можел да препознае говор. Г-дин. Молинеух рече дека „Milо треба да се тренира на гласовите“. Но додаде дека интеракцијата со рибите која може да се види од видеото е комплетно реална.



Клучни зборови:  Microsoft   Микрософт   Xbox   Играчки конзоли   Игри   Гејминг   3Д Камера   Гејмери   Видео   Препознавање на говор   Wii

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

.mk онлајн

Според Државниот завод за статистика, во првиот квартал на 2008 година повеќе од 45% од домаќинствата во Македонија користеле компјутер а околу 78% од нив имале широкопојасен интернет пристап - најзастапена била ADSL технологијата кај 39.5% од домаќинствата.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(130 глас/а)

  • 76.9%
  • 6.9%
  • 5.4%
  • 10.8%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност