IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Вести arrow ИТ.еу arrow ИТ.ЕУ: Поход на пиратите
ИТ.ЕУ: Поход на пиратите Испечати Е-пошта
Автор: Виктор Арсовски   
Објавено на: 31.03.2009
ИТ,ЕУ: Поход на пиратитеВо јуни за место во Европскиот парламент меѓу 20 кандидати ќе се појави и Кристиан Енгстром, член на Пиратската партија од Шведска. Оваа партија е позната по тоа што пропагирa отворено споделување на фајлови и сериозно редизајнирање на законите за авторски права, тргање на патентниот систем и гарантирање онлајн приватност. Поради своите агенди Пиратската партија е често поврзувана со озогласените The Pirate Bay. Во суштина тие го делат истото мислење дека секој смее да симнува музика, книги, сé што сака за приватни потреби, а не за комерцијални. Разликата меѓу партијата и TPB е тоа што на вторите се гледа како на криминалци поради активностите.

Иако Пиратската партија (ПП) во 2006 на националните избори во Шведска освоила само 0.63 отсто од гласачите, г-дин. Енгстром е убеден дека времињата се сменети. Поради строгите правила против пиратеријата воведени во Шведска неодамна, судењето на TPB, Пиратската партија привлече голем број на истомисленици, пред се млади гласачи. Сега ПП брои 12.000 члена, најголема е од малите партии во Шведска, а нејзиниот млад огранок „Младите пирати“ се втората по големина млада партија во Шведска.

Планот на оваа партија е да се обиде на 4 и 7 Јуни да влезе во Европскиот парламент.

"Најголемото законодавство за ИТ полисите доаѓа од Брисел. Тамо се донесувааат одлуките и таму ние сакаме да бидеме“ изјави 48-годишниот Кристиан Енгстром за Wired.

ИТ,ЕУ: Поход на пиратите
Кристиан Енгстром (© Wired.com)

За влез во Европскиот парламент, на Пиратската партија и требаат 100.000 гласа што е многу за мала партија која освои само 35.000 во минатите национални избори на Шведска. Но, времето неможе да биде подобро, пишува Wired.

Минатото лето, во Шведска, се воведе контраверзен закон против пиратеријата, кој дозволи на државата да го „прислушкува“ интернет сообраќајот што поминува преку шведските граници. Тоа предизвика остри реакции од јавноста и „ја обележа на мапа основната тема на Пиратската партија“ пишува Wired.

Исто така Европската унија го воведе „Ipred-законот“ кој дозволува на големите компании да побараат судски налог за идентификација на сите поврзани со пиратската содржина. Тој закон ќе стапи во сила на 1 Април. Кон тој закон може да се додаде и правилото од 3 чекори, кое е форсирано од неколку земји, а кое пак не беше прифатено од Европскиот парламент.

Судењето на Тhe Pirate Bay, исто така, не е исклучок. Одлуката е на 17 Aприл, и сигурно каков и да биде исходот од судењето ќе се отворат многу прашања за споделување/трансфер на фајлови и законите за зачувување на авторските права.

Така да, Пиратската партија има шанси да биде активирана и да добие шанса да се промовира до јуни, но ова може да биде и последната шанса.

"Ако не успееме да влеземе во Европскиот парламент, иднината на Пиратската партија е мрачна. Сето наше планирање се базира на тоа ние да одиме во Брисел“ вели г-дин. Енгстром кој вели дека Пиратската партија нема донори, ниту можност да плаќа работници, но со влезот во Европскиот парламент сето тоа може да се смени.



Клучни зборови:  Европска унија   Пиратска партија   Пиратерија   Шведска   The Pirate Bay   Онлајн приватност   Закони   Авторски права   Партија   Политика

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

ENIAC

ENIAC е првиот електронски компјутер, објавен во 1946, кој тежел 30 тони, имал над 17.000 цевки и бил долг 25 метри. Денешниот десктоп компјутер во просек може да сними милион пати повеќе информации отколку ENIAC и истото да го направи 50.000 пати побрзо.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(187 глас/а)

  • 73.8%
  • 6.4%
  • 6.4%
  • 13.4%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност