IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Вести arrow ИТ.еу arrow ИТ.ЕУ: Пиратите ја освојуваат Европа; телеком реформи
ИТ.ЕУ: Пиратите ја освојуваат Европа; телеком реформи Испечати Е-пошта
Автор: Виктор Арсовски   
Објавено на: 05.11.2009
: Пиратите ја освојуваат Европа; телеком реформи Пиратската партија доби второ место во Европскиот парламент, благодарејќи на Чешка која го ратификува Лисабонскиот договор со кој парламентот се прошири за 18 места.

Од тие додатни места, едно припадна на Амелија Андерсдотер, членка на шведската Пиратска партија. Таа стана најмладиот парламентарец во Европскиот парламент со само 21 година.

„Мојата политичка амбиција вклучува целосна ревизија и промена на авторските права, целосно одстранување на системот за патенти и побалансиран пристап кон безбедноста, и пристапот на пазарот кон приватноста, каде последново треба да се разгледа со многу внимание. Верувам во правата на граѓаните, дури и во дигитална околина.“ пишува г-ѓа. Андерсдотер на својот блог.

Амелија Андерсдотер

Пиратите добија едно место во Европскиот парламент минатиот јуни за време на евро-изборите. Тоа место го зазеде Кристиан Енгстром.

Интересно, постои можност Пиратите да добијат уште еден парламентарец доколку Лисабонскиот договор се ратификува од сите земји членки. Иронично, пишува TorrentFreak, Пиратите беа против тој договор.

Пиратите нема да се исклучуваат

За Европа исклучувањето од интернет е крајна казна и затоа мора да биде доставена преку „фер“ судење. По долга расправа зад затворени врата, посредници од Европскиот парламент, Европската комисија и Советот на Министрите, што се преставници на земјите-членки, заклучија дека пристап до интеренетот е основно право и ги зацртаа идните телеком реформи.

Ова прашање беше едно од главните кои спречуваше гласање и воведување на Телеком реформите кои треба да обезбедат поголеми права за корисниците, отворен интернет, отворен ЕУ телеком пазар и брз интернет за сите граѓани.

За реформите ќе се гласа во средината на ноември. Повеќе за 12 клучни реформите можете да прочитате на сајтот на ЕУ - europa.eu.



Клучни зборови:  Пирати   Европска Унија   Европска Комисија   Европски Парламент   парламент   Амелија Андерсдотер   Amelia Andersdotter   EU   ЕУ   телеком   реформи   telecom   reformes   europe.eu

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl

Twitter посетеност

Бројот на посетители на Twitter.com се зголемил двојно во Март, 2009, од 4.3 милиони во Февруари на 9.3 милиони. Порастот на популарноста на сервисот за микро-блогирање се должи на неговата присутност во традиционалните медиуми, како и отворање на профили од страна на популарните холивудски ѕвезди.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Google Wave е...

(188 глас/а)

  • 52.7%
  • 6.4%
  • 4.8%
  • 8%
  • 28.2%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...