IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Вести arrow ИТ.еу arrow Пиратите влегоа во Европскиот парламент
Пиратите влегоа во Европскиот парламент Испечати Е-пошта
Автор: Виктор Арсовски   
Објавено на: 08.06.2009
Пиратите влегоа во Европскиот парламентШведската Пиратска партија на избори низ Европската унија за гласање на идните парламентарци освои 7.1 отсто од гласовите со кои влезе во Европскиот парламент. Со едно место од околу 700 парламентарци, пиратите нема да бидат во позиција да го сменат расположението кон споделувањето на фајлови или редизајнирање на начинот како авторските права фунцкионираат, нивните две цели. Но пиратите ќе бидат во позиција овие прашања да ги бранат и дискутираат во Европскиот парламент, прашања кои неодамна беа едни од клучните во договарање на условите за европските телекомуникациски реформи.

„Чувството е неверојатно. Граѓаните разбраа дека е време за промени. Постарите политичари го срушија животниот стил на младите луѓе дел по дел. Ние нема да дозволиме властите да спроведуваат масовно набљудување“ рече Рик Фалквинг, основачот на Пиратската партија.

200.000 шведски гласа се огромно достигнување на Пиратската партија која беше основана пред само 3 години во 2006. Неодамна објавивме интервју преземено од Wired со Кристиан Енгстром, член на партијата. Тој во тоа интервју рече дека без Европскиот парламент партијата тешко дека ќе продолжи да функционира.

Пиратите влегоа во Европскиот парламент

„Ако не успееме да влеземе во Европскиот парламент, иднината на Пиратската партија е мрачна. Сето наше планирање се базира на тоа ние да одиме во Брисел“. рече г-дин. Енгстром.

Главна улога во нивниот успех одигра судењето на The Pirate Bay, сајт за споделување на пиратерија кој е популарен во Шведска и останатите европски земји. Откако ТPB беа осудени, бројот на членови на Пиратската партија се зголеми трипати на околу 50.000 члена со што станаа трета најголема партија во Шведска, а нивната млада партија е најголемата млада партија во скандинавската земја.

Инаку во Германија на европските парламентарните избори се појави и германската Пиратска партија која исто така се бори за легализација на споделувањето на фајлови. Но за разлиука од шведските колеги тие освоија само 1 отсто од гласовите, што не беше доволно за место во Европскиот парламент. Но и покрај тоа Анреас Поп, лидерот на германските пирати, беше среќен од исходот.

„Ова е првиот пат што се тркавме за место во Европскиот парламент. И иако многу од гласачите не не знаеја, добивме одличен резултат. Ова значи дека многу граѓани се идентификуваат со нашите цели.“ рече г-дин Поп.



Клучни зборови:  Европски парламент   Пиратерија   Пиратска партија   Пирати   Евро   Европска унија   Европска Комисија   Европска заедница   Гласање   избори

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

Facebook нации

Според добиените статистики од Facebook во април, 2009 скоро 143.000 жители на Македонија (околу 7% од популацијата) имале свој профил на оваа друштвена мрежа. Истиот месец, 10% од србите биле Facebook корисници, додека само 3.4% од бугарите а 13.4% од хрватите биле FB членови.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(145 глас/а)

  • 75.2%
  • 6.2%
  • 6.9%
  • 11.7%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност