Полесно ќе научиш пекар да биде веб активист, отколку мејнстрим новинар, вели Зоран Ричлиев од Македонискиот Институт за медиуми на овогодинешната e-Society 09 конфереција чија тема е „Јас Медиум“. Г-дин. Ричлиев зборуваше во сесијата за односот меѓу традиционалните и новите медиуми во Македонија.
(Слики од настанот можете да најдете на Flickr профилот на IT.com.mk или на Facebook. )
На првата сесија се зборуваше дека во Македонија има два проблеми. Првиот е дека новите, алтернатините медиуми не се прифатени од мејнстрим медиумите и публиката. А вториот и поголем проблем е што блоговите и новите медиуми не произведуваат доволно своја квалитетна содржина за да привлече публика, туку се цитираат мејнстрим медиумите, или пак нивните текстови се вртат околу тие на традиционалните медиуми.
Токму оваа тема ќе се развлече и низ останатите сесии, во кои се даваа и примери за кориснички генерирана содржина и примери за недоволната содржина од страна на блоговите за кои интересот се губи и стагнира.
За да не ги копираме традиционалните медиуми во пишување само текст, во духот на конференцијата погледнете го стримот од Twitter, каде самите посетители го споделија своето гледиште за настанот.
Втората сесија на е-Society беше за активното граѓанско учество на која се разговараше за неколку странски проекти кои ги искористуваат модерините алатки за комуникација со институциите и владите, како и за произведување на транспарентна содржина.

Г-ѓа. Ганглоф од Асоцијација на агенции за локална демократија (ALDA), зборуваше за нивните проекти во кои ги вклучуваат граѓаните да дискутираат за одредени теми кои подоцна ќе се испратат до важни институции во Европската Унија.
Сличен проект се престави и од Тони Боуден од mySociety.org кој зборуваше дека неговиот сајт функционира како среден човек меѓу граѓаните и институциите и владите, овозможувајќи споделување идеи, отворена комуникација и поголема транспарентност бидејќи се следат сите проекти на властите.
Интересна тема отвори и Оник Крикориан од Global Voices Online од Грузија кој зборуваше за ситуација во Арменија и Грузија каде кога при ситуација на војна властите ги контролираат мејнстрим медиумите, па луѓето преку блоговите започнале да споделуваат информации. Иако сето тоа е добро, лошо е што блоговите се таков медиум што е лесно да се претворат во медиум за пропаганда.
Следуваше Василка Димитровска (@Arheoblog) која го престави нејзиниот текст за откривање на случајот каде мобилните оператори уништуваат археолошки локалитети. Нејзинот текст започнува од еден мејл, па се претвара во текст на блог, кој потоа преку Twitter и Facebook доаѓа до луѓето, до мејнстрим медиумите и на крај завршува со тужби за сите три мобилни оператори - перфектен пример за граѓанско новинарство и темата „Јас медиум“ на конференцијата.

Во последната сесија на првот дел „Улогата на локалната е-содржина во развојот на локалната демократија“ се зборуваше токму за производсто на содржина што беше и тема на првата сесија. Првин беа неколку примери од Франција, Британија и Полска кои преставија интересни начини на креирање содржина. Првин беше преставена локалната Википедија - WikiManche.fr со локални текстови за локални луѓе, нешто што не може да се најде во стандардните енциклопедии па и во Wikipedia.
Потоа Жером Ламаш од Регионалниот совет на Долна Нормандија го престави zevillage.net проектот, односно село кое е наменето за професионалци во телекомуникација
За жал, следуваше статистика за македонските блогови, статистика која е толку негативни, колку што беа позитивни странските примери. Филим Стојановски од Метаморфозис изнесе интересна информација за стагнирањето на блоговите во Македонија.
„Можеби не е поврзано но кога има избори има пораст во блоговите и содржината, а потоа следува стагнација.“ вели тој.
Бидејќи се зборуваше за статистика се надеваме дека г-дин. Стојановски ќе ја објави истата на интернет.
За крај на првиот ден беше Сеад Џигал oд Центар за Нови медиуми. Неговата презентација можете да ја видите во видео снимено од Komunikacii.net.
Настанот продолжува утре, четврток, со тркалезна маса.
Клучни зборови: e-Society MIM Зоран Ричлиев конференција ИТ.МК Археоблог Јас Медиум Twitter Facebook друштвени медиуми Асоцијација на агенции за локална демократија mysociety.org Тони Боуден транспарентност Оник Крикориан Global Voices Online Василка Димитровска Сеад Џигал Жером Ламаш Долна Нормандија
|