IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Вести arrow ИТ.мк arrow Цела администрација со една дата база
Цела администрација со една дата база Испечати Е-пошта
Автор: Виктор Арсовски   
Објавено на: 29.06.2009
Цела администрација со една дата базаВоведување, развивање и одржување на систем за интероперабилност на регистрите и базите на податоци меѓу државните институции, e проектот на Министерството за информатичко општество (МИО). Интероперабилност значи администрациите да бидат поврзани меѓу себе и да си разменуваат податоци по електронски пат.

„Проектот интероперабилност, всушност претставува процес, којшто подразбира перманентно вградување информатичко-телекомуникациски решенија и технолошки стандарди и процеси низ институциите на системот.

Тоа ни дава за право да кажеме дека преку овој проект вистински градиме информатичко општество и преку овој проект повеќе од видлива е проевропската ориентација на Владата на РМ.“ вели заменик-министерката за информатичко општество Мирјана Секуловска за Предлог-законот за електронско управување.

„Проевропски“ бидејќи ова е иницијатива на Европската унија - Interoperable Delivery of European e-Government Services to Public Administration, Businesses and Citizens (IDABC). Овој проект е важен бидејќи ЕУ планира со вакви системи да направи голема мрежа на податоци меѓу државните администрација на земјите членки. Целта на сево ова е многу поефикасна работа на администрацијата.

„Со оваа интеграција, институциите нема да имаат потреба да бараат податоци кои веќе други институции ги имаат и на тој начин ќе се избегне непотребното дуплирање на податоците. Исто така, институциите нема да имаат потреба од поголем обем на информации од деловните субјекти и граѓаните што ќе овозможи работата на државните органи и институциите да биде далеку поефикасна.“ вели г-ѓа. Секуловска.

Цела администрација со една дата база
(© Privcom.gc.ca)

Користа од Законот за електронско управување, МИО ги наведува:
1. ефикасна и ефективна администрација,
2. намалување на трошоците на работењето на администрацијата,
3. во реално време и за многу кратко време извршување на административните услуги по електронски пат,
4. зачувување на доверливоста и интегритетот на регистрите и базите на податоци,
5. елиминирање на дуплирањето на податоци,
6. компаниите и граѓаните од едно место ќе можат да ги добијат потребните податоци и документи по електронски пат.

Но кои се опасностите? Македонија неодамна имаше инцидент со дифејсирање т.е хакнување на сајтот на претседателот на државата. Македонија нема CERT тим, односно владин компјутерски тим одговорен за инциденти и дигитални напади. Од МИО велат дека "формирањето на CERT [Computer Emergency Response Team] во Македонија е во почетна фаза", и дека ќе добиеме повеќе информации кога ќе ги имаат.(од блогот на Дамјан)

Значи ако неможе да се заштити еден сајт на претседател од такво хакирање, колку ќе бидат безбедни СИТЕ податоци на граѓаните/администрацијата/државата ставени во една дата база со пристап до нив од било кој компјутер на државната администрација? Велам во една база на податоци бидејќи „во овој закон ќе се забрани формирање на регистри со исти податоци“ и „поврзаност меѓу регистрите“ - значи дека ќе се има пристап до сите информации, односно до цела дата база.

Ова е само основниот проблем. Како ќе биде менаџирана безбедноста и приватноста на тие податоци, како и кој ќе има пристап до нив, како ќе се заштитат од злоупотребата...? ова се дел од прашањата...

Законот за електронско управување е одлично решение за поефикасна работа на администрацијата, но од друга страна во Македонија администрацијата се менува секои 4 години, па проблемот е што таа дата база ќе биде на дофат на секој кој е вработен на партиска основа, а не на некој кој е компетентен и обучен за таа работа.

Надополнето 29.06.2009: „...јавната администрација, каде што е потребен многу труд, а се има постигнато многу малку прогрес што се однесува на осигурување на имплементирање на ефективно законодавство на поставеност и почитување на структурата за напредување во кариерата и да се нема навика која се случуваше толку често во минатото, јавните службеници да се отпуштаат кога на власт ќе дојде нова администрација, независно дали на национално или локално ниво."изјави евроамбасадорот Ерван Фуере за Радио Слободна Европа.



Клучни зборови:  Министерство за информатичко општество   МИО   Администрации   Влада   Интероперабилност   Регистри   Бази на податоци   Датабази   Компјутери   Електронски пат   Е-влада

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

Facebook манија

Facebook има над 200 милиони активни корисници од кои 100 милиони се логираат на сајтот дневно. Просечниот член има 120 пријатели и повеќе од 20 милиони корисници го обновуваат својот статус барем еднаш дневно. Секој месец повеќе од 8 милиони видеа и над 850 милиони фотографии се објавени од страна на членовите. (Мај, 2009)
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(53 глас/а)

  • 75.5%
  • 5.7%
  • 9.4%
  • 9.4%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност