IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Вести arrow ИТ.мк arrow ИТ.МК: И серверот стана опслужувач...
ИТ.МК: И серверот стана опслужувач... Испечати Е-пошта
Автор: Виктор Арсовски   
Објавено на: 09.09.2009
И серверот стана опслужувач... Министерството за информатичко општество(МИО) објави „Поимник на македонски зборови од областа на информатичката технологија“ со 1321 основни ИТ зборови. МИО објави и речник за ИТ кратенките.

„Овој поимник има за цел да ја зголеми употребата на македонски зборови од областа на информатичката технологија во секојдневната комуникација“, изјави министерот за информатичко општество Иво Ивановски кој посочи дека „Овој превод ќе се смета за официјален во македонскиот јазик и затоа ќе се задолжат сите органи на државната управа да ги користат направените преводи.“

Речниците се лекторираат пред да се печатат, но можат да се симнат од тука (линкот е од веб страната на МИО):

Image

Интересно е што „сервер“ е преведен како „опслужувач“, а „web“ како „веб“. Очигледни се пречките во преводот на некои термини. „ЕSC key“ е преведено како „копчето ESC“, најверојатно бидејќи буквалното преведувањето во „Копчето Бегај“ е... смешно. Преводот, покрај јазичните бариери, има проблем и со практичноста. Тастатурите кои ги користиме се на англиски. Софтверот кој го користиме е на англиски, со исклучоци се разбира. Интернетот е на англиски. По се изгледа е дека ќе имаме официјални термини и практични термини, што и не е толку лошo бидејќи јазикот ќе се збогати со ИТ синоними.

Секако не треба да се застане во превод на само околу 1300 термини. ИТ индустријата напредува брзо и се појавуваат разни нови термини. Пример, во „Поимникот“ не видот дека го има „cloud computing“. Следниот чекор треба да биде еден голем лексикон. Ако ги преведуваме термините и ги означуваме со нови зборови тогаш треба да ставиме и објаснување покрај тие зборови.



Клучни зборови:  Министерство за информатичко општество   речник   Поимник на македонски зборови од областа на информатичката технологија   ИТ термини   МИО   Поимник

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

Twitter посетеност

Бројот на посетители на Twitter.com се зголемил двојно во Март, 2009, од 4.3 милиони во Февруари на 9.3 милиони. Порастот на популарноста на сервисот за микро-блогирање се должи на неговата присутност во традиционалните медиуми, како и отворање на профили од страна на популарните холивудски ѕвезди.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(160 глас/а)

  • 75%
  • 7.5%
  • 6.3%
  • 11.3%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност