IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Вести arrow ИТ.мк arrow ИТ.МК: ИТ универзитет, прилепски делови за сателити
ИТ.МК: ИТ универзитет, прилепски делови за сателити Испечати Е-пошта
Автор: Виктор Арсовски   
Објавено на: 08.06.2009
ИТ.МК: ИТ универзитет, прилепски делови за сателитиСтрански професори, само 100 студенти во текот на четири години, hi-tech лаборатории, кампуси со сали, елитен универзитет... вака министерот за информатичка технологија Иво Ивановски го најави новиот Универзитет на информатички технологии кој ќе биде во Охрид. Универзитетот ќе се отвори во септември.

„Целта е да се привлечат странски професори кои имаат искуство во развиените земји, каде главен јазик е англискиот. Половина од професорите ќе бидат од странство, студентите за почеток ќе бидат од Македонија, а нивниот број ќе биде ограничен зашто сакаме да направиме елитен универзитет“ рече министерот Ивановски.

Предавањата ќе бидат на англиски јазик, рече Благоја Самакоски, ректорот на новиот Универзитет за информатички технологии, кој додаде дека ИТ универзитетот ќе работи според моделите на американските универзитети и нивниот образовен систем.

Интересно г-дин. Самакоски е поврзан и со втората вест што сакав да ја објавам. Тој е сопственик на прилепската фирма Микросам за која А1 вчера објави дека потпишала договор со европски компании за вселенски програми за изградба на сателити. Интересен избор за ректор на ИТ универзитет. Повеќе за новиот ИТ ректор можете да прочитате на блогот на Волан кој има направено интересен краток профил на г-дин. Самакоски.

Инаку прилепската Микросам ќе произведува машини за производство на композитни материјали за изработка на сателити. Само три други земји, САД, Германија и Швајцарија, имаат ваква технологија, пренесува А1.

„Со технологијата која ние успеавме да ја совладаме преку оваа машина, стануваме една од ретките земји кои ја поседуваат таа технологија и кои имаат знаење за производство на тие материјали кои се користат во високите технологии“, изјави Димитар Богданоски, директор на маркетинг во Микросам.

Бесплатна обука
Бесплатната ИТ обука е дел од владината кампања „Македонија–Земја на информатичари“ со која се обучуваат сите заинтересирани граѓани во канцелариско работење и работа со интернет програми. Обуката е на англиски и албански, а сé што ви е потребно да се вклучите во обуката и да добиете ИТ диплома е да го испратите името и презимето, адреса, матичен број и телефон до 30.06.2009 на:

  • преку пошта:
    Генерален секретаријат на Владата на Република Македонија,
    бул. “Илинденска” бб, Скопје
  • преку е-маил:
    Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
  • на телефон: 0800 22222


Клучни зборови:  Универзитет за информатика   ИТ универзитет   Иво Ивановски   Информатичка технологија   Благоја Самаковски   ИТ   ИКТ   Ректор   Микросам   Технологија   Обука

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

.mk онлајн

Според Државниот завод за статистика, во првиот квартал на 2008 година повеќе од 45% од домаќинствата во Македонија користеле компјутер а околу 78% од нив имале широкопојасен интернет пристап - најзастапена била ADSL технологијата кај 39.5% од домаќинствата.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(160 глас/а)

  • 75%
  • 7.5%
  • 6.3%
  • 11.3%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност