IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Вести arrow ИТ.мк arrow ИТ.МК: Кој, колку и зошто го користиме интернетот?
ИТ.МК: Кој, колку и зошто го користиме интернетот? Испечати Е-пошта
Автор: Виктор Арсовски   
Објавено на: 26.11.2009
ИТ.МК: Кој, колку и зошто го користиме интернетот? Се појави нов извештај од GfK, компанија која врши истражувања на пазарот, со статистика за користењето на интернетот во Македонија. Извештајот е сличен со недамнешниот извештај на Заводот за статистика и покажува дека 52 отсто од македонците користат интернет, што спореден со 2008 година е раст од 2 отсто.

Извештајот на GfK покажува дека во 2009 година има повеќе жени кои се онлајн, но и покрај тој раст сепак машките корисници поминуваат повеќе време на интернет.

Според годините, интернетот највеќе го користат младата популација. Врвот на користењето е постигнат кај најмладите, од 15 до 24 години дури 88 отсто користат интернет. Интересно постарите корисници од 45 до 54 години помалку користат интернет сега, 35 отсто, отколку во 2008 година кога 38 отсто од нив користеле интернет.

„Имајте на ум дека интернет пенетрацијата меѓу популацијата постара од 45 години е под националниот просек, па ова потенцијалот на раст на интернетот може да се гледа во овој сегмент“ пишува во извештајот.

Интернет користење според возраст и пол.

За тоа како и зошто го користиме интернетот, извештајот покажува дека пребаруњето, информирањето и комуникацијата е највообичаената активност на корисниците. Интересно има пад во симнување содржина. Ова може да се гледа како пад на пиратеријата? Што се однесува до онлајн банкарството и шопингот, скоро и да не се користат.

За што го користиме интернетот?

Што се однесува до користење интернет преку мобилен телефон, извештајот покажува дека има многу мал пораст кај корисниците кои користат мобилен интернет, но има огромен пораст кај тие што размислуваат да започнат со користење на мобилен интернет.

Целиот извештај можете да го најдете тука во .pdf формат.



Клучни зборови:  GfK   ИТ.мк   Македонија   интернет   завод за статистика   извештај   истражување   користење на интернет   популација   пораст   корисници

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

Првиот сајт

Првиот веб сајт е создаден со HTML код на 6 Август, 1991 од страна на Тим Бернерс-Ли. На сајтот биле објавени информации за тоа што е WWW и како се користи. Сајтот изгледал нешто слично на ова.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(186 глас/а)

  • 74.2%
  • 6.5%
  • 6.5%
  • 12.9%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност