IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Вести arrow ИТ.мк arrow ИТ.МК: Колку е популарен преведениот софтвер?
ИТ.МК: Колку е популарен преведениот софтвер? Испечати Е-пошта
Автор: Виктор Арсовски   
Објавено на: 17.12.2009
ИТ.МК: Колку е популарен преведениот софтвер? На барање на читател да провери колку луѓе користат локализиран (преведен) софтвер поставивме анкета „Дали користите софтвер преведен на македонски“ на почетната страна. Анкетата е поразителна. Скоро 70 отсто од корисниците не користат софтвер преведен на македонски.

Еве како изгледа анкетата.


Анкета: Дали користите преведен софтвер?

Анкета си е анкета. Но, мора да земеме во предвид дека се работи за нашите читатели и членови, кои имаат познавање за ИТ, користат разновидни софтвери и кои колку толку знаат англиски.

Затоа не можевме да ја земеме анкетата како таква, ни беше чудна, посебно бидејќи на форумот на IT.com.mk се водеше дискусија за преведување на делови од најновиот Firefox 3.6 и Тhunderbird. Овие два продукти на Mozilla уживаат огромна популарност кај македонските корисници. Firefox е убедливо најкористениот прелистувач.

Со цел да имаме валидна анкета, разговараме со Дамјан Георгиески од Слободен Софтвер Македонија, кој има долгогодишно искуство со преведување софтвер на македонски.

„Скоро добив некои прелиминарни анализи од Mozilla - базирани на нивни истражувања - кои покажуваат дека во Македонија околу 30 отсто од луѓето користат Firefox на македонски. Другите се англиски, а изненадува дека под 1% користат на албански.“ вели Дамјан.

Преведените Mozilla продукти се веќе подолго време достапни. Firefox се преведува од 2003 година, уште кога се викаше Firebird.

„Во тоа време, работата често се одвиваше на преведувачки маратони, но потоа Новица Наков ја превзема главната одговорност за Firefox и Thunderbird. Јас му се приклучувам нешто покасно и успеваме да го одржиме Firefox постојано преведен од 1.0 до последниов 3.6. Дел од преводот е наследен од првичните маратони и Mozilla suite (посебно за Thunderbird), но кај Firefox ми се чини е целиот поминат уште еднаш и доведен до прилично добро ниво на квалитет.“ вели Дамјан кој додава дека од време на време се појавуваат заинтересирани волунтери кои сакаат да преведуваат софтвер.

Firefox на македонски.

Често најголемиот проблем со преведениот софтвер е несигурноста на корисниците кога се соочуваат со англиски јазик, вели Дамјан покажувајќи на неколку ситуации, кои не само тој, туку верувам и другите сме ги доживеале.

„Некои лични анегдотски приказни говорат дека одредена популација се осеќа прилично несигурно кога се соочува со англиски јазик. Приказни од типот:

  • јас: .. знаеш дека можеш да користиш bookmarks за тоа и тоа ...
  • тој: .. ах се вие со такви некои зборови ...

друга ситуација:

  • јас: ... знаеш дека можеш да си ја *обележиш* страната и да ја имаш во обележувачи;
  • тој: ахааа ..

има еден момент, кога некој што е несигурен во своето познавање на англиски, веднаш го блокира дијалогот кога ќе се спомне некој таков збор. многу по глатко тече дијалогот кога се користи само кирилица. :)“

Преведувам делумно за потреба, делумно бидејќи е предизвик, вели Дамјан. Интересно, покрај ентузијастите, преведувањето на софтверот нема многу подршка од институциите. „Сме се обиделе да допреме до разни факултети и институти, одговорот е прилично поразителен, барем за мене, со оглед дека тоа се институциите од кои највеќе очекувам.“ вели тој додавајќи „Но тоа е долга и посебна приказна.“

Во секој случај, анкетата и статистиката на Mozilla покажува дека ентузијастичкиот труд допре до 30 отсто од корисниците кои сега имаат корисен софтвер на македонски.

„Софтверот на македонски веројатно нема да им помогне полесно да го сфатат само со гледање во него, но ќе им помогне во дијалог со нивната околина и заедница.“ вели Дамјан Георгиески.



Клучни зборови:  анкета   преведен софтвер   превод   македонски јазик   Дамјан Георгиески   Слободен Софтвер Македонија   Mozilla   Prevod   ИТ.МК   Форум   локализиран софтвер   Firefox

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

.mk онлајн

Според Државниот завод за статистика, во првиот квартал на 2008 година повеќе од 45% од домаќинствата во Македонија користеле компјутер а околу 78% од нив имале широкопојасен интернет пристап - најзастапена била ADSL технологијата кај 39.5% од домаќинствата.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(187 глас/а)

  • 73.8%
  • 6.4%
  • 6.4%
  • 13.4%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност