IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Вести arrow ИТ.мк arrow ИТ.мк: Интернетот е страшен
ИТ.мк: Интернетот е страшен Испечати Е-пошта
Автор: Виктор Арсовски   
Објавено на: 09.02.2010
ИТ.мк:: Интернетот е страшен „Дали сте размислувале дека секој може на Интернет да објави или да монтира дискредитирачка видеоснимка, текст или аудио и со тоа засекогаш да ви ги уништи угледот и кариерата?“ вака започнува текстот на Нова Македонија која користејќи го 9 фебруари како ден за онлајн безбедноста пишува за тоа како луѓето се плашат од интернетот.

„Тешко може да му се нанесе штета на некого со објавување компромитирачки фотографии или видео ако луѓето не веруваат во неговата автентичност, колку и да е добро направена монтажата. Знаете, стравот од Интернет е претеран. На пример, објавувањето компромитирачки материјали на Интернет не е многу различно од делењето такви материјали по поштенските сандачиња. Прашање е како државата ќе се справи со тоа.“ вели Џое Мекнами од Европската асоцијациjа за дигитални права.

Текстот „Интернетот малку ги плаши Македонците“ можеби има поента дека „интернетот е страшен и има интернет-фобии“, меѓутоа 550.000 корисници, односно 1/4 од Македонија е на Facebook, друштвена мрежа наменета за споделување приватни информации, го покажува токму спротивното - македонците не се плашат од интернетот, туку учат како да си ги заштитат податоците и како да споделуваат корисни информации.

Поентата на сите дебати за безбедност е како слободно да го користиме интернетот без да се грижиме нашите податоци да бидат украдени, да се постават стандарди бидејќи 1.7 милијарди луѓе се онлајн. Но...

„Колку Интернетот е моќно оружје се гледа по тоа што глобалната мрежа се користи речиси во сите афери.“ пишува во текстот. Интересно, земени се примери од јавни лица кои се излетале и објавиле нешто на интернет. Но, тоа што го објавиле е глупаво, неодговорно и тие се јавни личности, некои од нив и на функција, па нормално е да бидат коментирани. Тоа не е вина на интернетот, на „големиот брат“, туку до критиките се стигнува бидејќи сега личните мислења се транспарентни. Да, интернетот овозможува транспарентност.

Неодамна имаше афера со докторката која објавила глупави фотографии на Facebook. Taa дефинитивно беше искритикувана, и се уништи угледот и кариерата, но зарем требаше да биде пофалена за нејзината глупост? Или да го пофалиме Сашо Аќимовски бидејќи со YouTube видео се откри дека како директор за пазарна инспекција удирал рекет? Браво!

Од друга страна, се отвори дебата за користење на тие приватни информации од приватни профили на друштвената мрежа. Дебатата наиде на слепа улица, се уште се бара начин како да се постават етичките принципи за користење на информациите од приватен профил. И тоа е зошто треба да се разговара, а не да се зборува за страв кој не постои.

© icanhascheezburger.com

Текстот потоа продолжува да пишува дека децата се небезбедни и дека нивните информации се злоупотребуваат. Но, иако е проблем и со сета почит кон Дирекцијата за заштита на податоци, проблемот не се децата туку родителите кои немаат поим што нивните деца прават на интернет. Постојат софтвери за заштита на содржината. Покрај тоа ако вашето 14-15 годишно дете е на интернет тогаш погрижете се да му објасните што да прави, што да споделува, што може да се случи...

Според Дирекцијата за заштита на лично податоци злоупотребата на информациите според нашите закони „можат да се санкционираат само ако спорната содржина е поставена (хостирана) на македонски Интернет сајт.“ Ова значи дека законот е несоодветен. Како може да нема соработка со Facebook во потрага по IP адреса за да се најде криминалец или идиот кој злоупотребува други лични податоци?

За крај, интернетот е алатка за споделување, поврзување и комуницирање. Ако не сакате да споделувате информации тогаш не го правите тоа. Ама ако закачувате глупави нешта на интернет, тогаш очекувајте да бидете критикувани. И да, критиките не доаѓаат од интернетот, туку од другите корисници. Затоа наместо дружење, плашете се од ближните! :P



Клучни зборови:  Нова Македонија   ИТ.мк   безбедност   прифатност   друштвени мрежи   интернет   страв   плашење   криминал   глупости   Македонци   Сашо Аќимовски   докторка   заштита   лични податоци

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

Twitter посетеност

Бројот на посетители на Twitter.com се зголемил двојно во Март, 2009, од 4.3 милиони во Февруари на 9.3 милиони. Порастот на популарноста на сервисот за микро-блогирање се должи на неговата присутност во традиционалните медиуми, како и отворање на профили од страна на популарните холивудски ѕвезди.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(112 глас/а)

  • 77.7%
  • 5.4%
  • 5.4%
  • 11.6%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност