IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Вести arrow ИТ.мк arrow МВР не ги почитува "законите" на Facebook
МВР не ги почитува "законите" на Facebook Испечати Е-пошта
Автор: Дамјан Арсовски   
Објавено на: 07.04.2009
МВР не ги почитуваМедиумите во еден здив ја проширија веста за тоа како Министерството за внатрешни работи отворило своја *неофицијална* страна на Facebook. Одлична идеја на прв поглед, дури е консултирана и Дирекцијата за заштита на лични податоци за оваа намера, од каде што велат дека нема никакви прекршувања на законот. Но, што е со Facebook? Ги праша ли некој нив дали не се прекршени нивните "закони" и правила за приватност и дали дозволуваат владини институции да ја користат мрежата за вакви цели? Нели сепак сајтот e "друштвена алатка која им помага на луѓето да комуницираат ефикасно со своите пријатели, семејство и колеги." (преведено од сајтот на Facebook)

Иаку лично ја оправдувам намерата на МВР да отвори своја страна на најголемата друштвена мрежа, нормално доколку навистина ја користи само за информирање на граѓаните и поправање на својот имиџ, а не за собирање на докази и следење на активностите на некои "сомнителни лица", сепак сакав да го чујам и ставот на Facebook...

Па така контактирав со неколку вработени во компанијата, прашувајќи ги дали ваквото користење на нивниот сајт е соодветно со нивната филозофија и цел?

МВР не ги почитува

Одговорот кој го добив беше дека страната на МВР ќе биде избришана од причини што ги нарушува условите за користење на Facebook и воедно претставува опасност за приватноста на корисниците. Особено загрижувачки за Facebook беа сликите објавени во галеријата на профилот на МВР. (На следниов *плс само за 18+ лица* линк имате една слика од оние кои беа објавени во галеријата "Криминалистички музеј").

По неколку минути по завршување на комуникацијата со Facebook, страната и сите содржини на неа беа избришани... a доколку некој се обиде да пристапи до профилот ќе биде пренасочен на почетната страна.

Бев изненаден од брзото дејствување на Facebook, но по инцидентот со условите за користење претпоставувам дека се посветува поголемо внимание на тоа какви се реакциите на корисниците.

Се замислив за тоа колку вработените во одделот за односи со јавност на МВР размислиле за правилата и условите на сајтовите кои планирале да ги искористат за свои цели. Консултирана е Дирекцијата за заштита на лични податоци, но зошто никој не потрошил неколку минути од своето време да ги прочита условите за користење или пак да контактира со Facebook - тие го имаат главниот збор за тоа кој смее да ја користи нивната друштвена мрежа и на каков начин. Сепак, такви се правилата на игра во веб 2.0 светот и на глобалната мрежа а сите кои сакаат да учествуваат мора да ги почитуваат...

Едно е сигурно, ова е добра лекција за владините институции и за тоа колку внимателно треба да се донесуваат одлуките за користење на друштвените медиуми... а доколку МВР сака да ја оствари својата идеја во создавање на Facebook профил и олеснување на комуникацијата со граѓаните и новинарите, најдобро е првин да се консултира со претставниците на интернет алатките кои планира да ги користи. Навистина би сакал да видам *официјален* профил на МВР каде што граѓаните ќе можат да дојдат полесно до информации, каде што новинарите ќе добиваат одговори на своите прашања и каде што МВР ќе успее да го подобри својот имиџ.

Но за да се оствари сето тоа, како што реков, дури и МВР треба да се научи да ги почитува "законите" во виртуелниот свет, а не вниманието да биде насочено само кон локалните регулативи.



Клучни зборови:  Министерство за внатрешни работи   МВР   MVR   Ministerstvo za vnatreshni raboti   Влада   Facebook   Фејсбук   Приватност   Друштвени мрежи   Веб 2.0   Корисници

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

Twitter посетеност

Бројот на посетители на Twitter.com се зголемил двојно во Март, 2009, од 4.3 милиони во Февруари на 9.3 милиони. Порастот на популарноста на сервисот за микро-блогирање се должи на неговата присутност во традиционалните медиуми, како и отворање на профили од страна на популарните холивудски ѕвезди.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали користите интернет на мобилен?

(387 глас/а)

  • 28.7%
  • 26.4%
  • 22.7%
  • 22%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...