IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Вести arrow ИТ.мк arrow Следете ги земјотресите во Македонија
Следете ги земјотресите во Македонија Испечати Е-пошта
Автор: Дамјан Арсовски   
Објавено на: 11.06.2009
Следете ги земјотресите во МакедонијаВо последните две-три недели Македонија ја потресоа околу 200 до 300 помали земјотреси. Локацијата и информациите за околу 300 земјотреси е тешко да се следат само со читање на весниците или гледање телевизија, но е лесно со интернет и веб 2.0 алатките. „Не мора сите да се сеизмолози за да ги разберат земјотресите. :) “ вели Стојан Димитревски, креаторот на „Земјотреси“.

Алатката ги следи сите земјотреси кои се случуваат низ Македонија при тоа одблежувајќи го датумот, времето, местото со мапа и јачината на секој индивидуален земјотрес.

„Земјотреси“ е во бета и стартуваше пред неколку дена на 8 јуни и има информации за 6 земјотреси од кои 5 се во Дојранско.

Следете ги земјотресите во Македонија

Ова го направив веднаш по серијата земјотреси кои што неодамна се случуваа во Југоисточна Македонија со цел да постои место каде што ќе можат да се следат земјотресите на територијата на РМ и се труди да ги претстави достапните информации за овие земјотреси на начин што е можно поблизок до обичниот човек.

Земјотреси е напишано во Python врз платформата за веб-апликации од Google: Google AppEngine. Кодот (освен некои „тајни“ информации како API клучеви) се оставени под GPLv3 и CreativeCommons лиценца и се достапни на git репозитарот.“ вели Стојан Димитровски a.k.a аct1v8.

Податоците за „Земјотреси“ се земаат од RSS фидот на EMSC-CSEM што е Европски-медитерански сеизмолошки центар на кој можат да се најдат големи број информации за земјотресите.

Следете ги земјотресите во Македонија

Сервисот Земјотреси на Стојан е одличен пример за како да се искористат бесплатни и лесно достапни алатки за да се дојде до детални информации.



Клучни зборови:  Земјотреси   Сеизмолошки центар   Македонија   Алатки   Веб 2.0   Стојан Димитревски   act1v8   Сеизмолози   Интернет   Google AppEngine

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

Hubble

Телескопот Hubble е лансиран од страна на САД на 24 Април, 1990 година а името го добил по астрономерот Едвин Хабл (Edwin Hubble). Hubble е LEO (Low Earth Orbiting) тип на сателит кој е лоциран 600 километри над површината на Земјата. Телескопот завршува цела орбита околу Земјата секои 97 минути.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(140 глас/а)

  • 75.7%
  • 6.4%
  • 6.4%
  • 11.4%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност