IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Вести arrow ИТ.мк arrow Весник или интернет?
Весник или интернет? Испечати Е-пошта
Автор: Виктор Арсовски   
Објавено на: 23.06.2009
Весник или интернет? Иднината на весниците е основната тема на текстот на Утрински Весник, кој денес слави 10 години откако прв пат беше испринтан. „Кога се појави радиото, се прогнозираше дека таквиот брз начин на информирање ќе ги згасне весниците. Кога потоа се појави и телевизијата, тогаш се прогнозираше дека овој медиум со слика и тон ќе ги затвори и радиото и весниците. Но, досега не се случи тоа. Со новата форма на комуникација и информирање – Интернетот, повторно се поставува истото прашање...“ пишува Светлана Унковска.

Што ќе прелистуваме - весник или Интернет?“ е одличен и интересен текст кој се осврнува на иднината на весниците преку примерите од светот каде што се затвoраат весници, делумно поради влијанието на интеренетот, но и поради глобалната економска криза.

Авторката го споменува и моделот на плаќање онлајн претплата кој се разгледува од медиумските куќи како ефикасно средство за профитирање.

„...Истовремено преку своите печатени изданија на читателите да им се пласираат аналитички и истражувачки содржини, како и коментари кои, исто така, можат да бидат ставени на Интернет, но пристап до нив да има само преку регистрација.

Напредок во оваа смисла има во телевизијата А1, која на својата страна има целодневни ажурирани вести кои постојано се достапни, додека за поексклузивните видеа, интервјуа, па и емисии е потребна регистрација, што значи и финансиски профит во бизнисот со информации.“ пишува г-ѓа. Унковска.

Весник или интернет?

А1 е телевизија и нуди видео материјал, многу повеќе од само дневни вести и колумни. Нивниот модел може да функционира на интернет. Но ќе можат ли македонските весници да опстанат на овој начин?

„Во светски рамки, според одредени истражувања, се покажува дека бројот на читателите на весници и на оние што слушаат информации на радио опаѓа за сметка на сé побројните посетители на Интернет, како и на публиката на кабелската и сателитската програма. Во Македонија нема податоци од вакво истражување, најверојатно, и поради тоа што Интернет-изданијата на весниците се пресликана копија на печатеното издание.“ пишува г-ѓа. Унковска.

Интернетот нуди многу повеќе од 20 страни дневен весник. Половина содржина од весниците - спорт, свет, мода, култура, време, мислења, кратки вести... сето тоа е претворено во разни портали, пристап до странски медиуми, блогови, друштвени мрежи и сервиси за микро-блогирање...

Тогаш што останува да понудат македонските весници на новата млада интернет публика, која има лесен пристап до секоја информација на глобалната мрежа?



Клучни зборови:  Весници   Утрински весник   Комуникација   Медиуми   Печатени медиуми   Интернет   Онлајн медиуми   Онлајн весници   Читатели   Корисници   Радио   Телеивизија   А1

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

Првиот сајт

Првиот веб сајт е создаден со HTML код на 6 Август, 1991 од страна на Тим Бернерс-Ли. На сајтот биле објавени информации за тоа што е WWW и како се користи. Сајтот изгледал нешто слично на ова.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(168 глас/а)

  • 76.2%
  • 7.1%
  • 6%
  • 10.7%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност