IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Вести arrow ИТ.мк arrow Надополнето: 20.000 FB члена против семејно насилство
Надополнето: 20.000 FB члена против семејно насилство Испечати Е-пошта
Автор: Виктор Арсовски   
Објавено на: 06.11.2009
За 2 дена преку 8.000 FB члена против семејното насилство Надополнето: Facebook групата „„Вистинскиот маж никогаш НЕ удира жена!““ за само 6 дена стигна до 20.000 члена. Toa што може да се заклучи од успехот на групата е дека Facebook е одлично место за ширење на сериозна порака. Читајќи ги коментарите можете да видите дека членовите ја подржуваат групата. Има и несоодветни шали, но тоа не е ништо ново на интернет.

Тоа што е интересно е што самите фанови допринесуваат со содржината, видео спотови за подршка на жените, разни интересни идеји и пораки кои отвараат мини дискусија... Кампањата против семејното насилство има моќна и јасна порака, но тоа што недостасува е поголема активност од организаторите, споделување конкретни информации, можеби и некоја активност. Пример: добра идеја би било да се викнат спортистите кои учествуваат во кампањата да отворат Facebook профил и да коментираат и отворат дискусија.

Сепак не треба да се заборави дека групата постои само 6 дена, има 20.000 члена и има потенцијал да стане уште поголема и повлијателна.

(Подолу можете да го прочитате првобитниот текст, напишан кога групата имаше само 8.000 члена. Во текстот организаторите објаснуваат зошто ги користат Facebook за ширење на пораката)

За помалку од 48 часа од објавувањето на кампањата против семејно насилство и отварање на Facebook групата „Вистинскиот маж никогаш НЕ удира жена!“, групата достигна над 8.000 члена. Надополнето: Неколку часа по објавувањето на текстот, групата достигна 9.000 члена.

„Навистина сме изненадени што за толку краток временски период добивме подршка од преку 8.000 члена и таа бројка постојано расте.“ вели Ирена Христов, една од модераторките на групата и соработник за комуникации на Обединетите Нации.

Националната кампања „Заедно против семејното насилство“ е дел од тригодишната програма за зајакнување на националните капацитети за превенција на семејно насилство во имплементација на пет агенции на Обединетите Нации (УНДП, УНФПА, УНИЦЕФ, СЗО и УНИФЕМ) и Министерството за труд и социјална политика.

Според истражувањето од 2006 година на невладиното здружение ЕСЕ, секоја втора жена во Македонија е жртва на психичко насилство, секоја шеста е жртва на физичко насилство, а секоја десета жена станува жртва на сексуално насилство. Според статистиката на МВР во текот на во 2008 година се регистрирани 378 кривични дела, 730 прекршоци, а постапувано било по 3.671 поплаки за семејно насилство. Скоро во 90 отсто од случаите станува збор за насилство извршено од маж.

Идејата за отварање на Facebook групата e да се допре до што е можно поширока таргет група, да се приближи идејата за негативните последици од насилството и да се отвори дискусија, вели Ирена Христов. По само два дена, групата е со огромен успех.

„Дискусијата на Facebook wall (ѕидот со пораки) не стивнува. Форумот овозможува да се слушнат различни гледишта и ставови во однос на темата, најчесто се зборови за подршка и поздравување на оваа иницијатива.“ вели таа.

Вистинскиот маж никогаш НЕ удира жена!

Тешко е да се предвиди каков ефект ќе има групата понатаму, но ако се земе во предвид дека секој од тие 8.000+ члена има во просек по 100 пријатели, пораката „Вистинскиот маж никогаш НЕ удира жена!“ може да допре до сите 326.000 македонски корисници на Facebook.

„Сметам дека покрај дружењето и забавата што ја нуди Facebook, друштвената мрежа е и канал за комуникација кој за краток период преку мрежите на пријателите можа да овозможи пренесување на пораката до голем број луѓе.“ вели г-ѓа. Христов и додава дека групата ќе продолжи да ја користи друштвената мрежа за информирање.

„Групата ќе продолжи активно да функционира, да нуди информации и совети против семејното насилство и информации за тоа каде можат жртвите да се обратат ако им е потребна помош. Додатно сите новитети поврзани со кампањата и активностите ќе бидат објавени на Facebook.“

Кампањата ќе трае до 10 декември, а во рамките на меѓународната кампања 16 дена (25 ноември -10 декември) борба против насилството над жените ќе се одржи голем настан на отворено, чија содржина секако ќе биде објавена на Facebook.



Клучни зборови:  Вистинскиот маж никогаш НЕ удира жена!   кампања   facebook   Ирена С. Христов   Обединети Нации   Министерство за труд и социјална политика   жена   семејно насилство   насилство   

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

Twitter сервиси

Повеќе од 50% од сите твитови на Twitter се објавени користејќи мобилни и веб-базирани алатки, а не платформата на Twitter.com. Најпопуларен сервис е TweetDeck со 19.7% искористеност. (Мај, 2009)
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Google Wave е...

(235 глас/а)

  • 54.9%
  • 6.8%
  • 5.1%
  • 8.1%
  • 25.1%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...