Firefox 3.5 излезе
на 70-тина светски јазици, но не и на македонски. „Се си мислам дека сите оние силни патриоти кои потпишуваат разно-разни молби по интернет, да одделеа малку време да тестираат и пријавуваат грешки, порано ќе го увидевме проблемот и ќе ја намалевме можноста за грешка... но тоа е реалноста, show must go on.“ пишува Дамјан Георгиевски од Слободен Софтвер Македонија.
На својот блог, Дамјан објаснува дека македонската верзија е тргната од официјалната листа на Mozilla поради некоја „збрка“ што ја спречува автоматската надоградба на
Firefox 3.5. Ова може да биде одложено до наредната 3.5.1 верзија. Но од друга страна „тимот за локализација на Firefox се намали за 50% (по бројност, а 90% по преведувачки труд), нешто заинтересирани да ја продолжат работата не сретнав, па можеби show may not go on anyway.“
Од коментарите на македонскиот Mozilla блог може да се види дека македонска верзија на прелистувачот ја има, но тоа е неофицијалната „тест“ верзијата со проблемот со надградувањето, „Во таа верзија има проблем (оди во „Помош -> Најди
надградби“ да видиш) поради кој нема да работи автоматското
надградување (3.5.0.1, 3.5.0.2 итн)?“
Неофицијално, прелистувачот на македонски го користат 35.000 луѓе, а 30.000 од нив ја користат 3.0.11 верзијата. Официјално, Firefox 3.5 беше симнат 5 милиони пати во првите 24 часа од објавувањето на 30 јуни, но не успа да ги сруши рекордните 8 милиони симнувања за 24 часа на Mozilla Firefox 3.0.
 Официјална листа на достапни Firefox.
Надополнето 14.07.2009:
Наскоро Firefox 3.5 на македонски
Мozilla Firefox 3.5 прелистувачот ќе добие своја официјална македонска верзија за 2-3 недели.
„Конечно деновиве се одлучи судбината, а таа е дека сепак ќе се почека
излегувањето на Mozilla Firefox 3.5.1 за да излезе и македонската
верзија.
Firefox 3.5.1 би требало да излезе во следниве 2-3 седмици, така што и
нема да биде многу чекањето. Корисниците на 3.0.11, 3.5rc{1,2,3} и оние
неколкумина што успеаа да го симнат лошиот 3.5, автоматски ќе ја
добијат надградбата доколку им е овозможена опцијата за автоматски
надградби. “ пишува македонскиот Mozilla блог.
Дискусијата околу македонската верзија може да се види во Bugzilla системот на Moziila
Клучни зборови: Mozilla Слободен Софтвер Македонија македонска верзија Firefox 3.5
|