IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Вести arrow Интернет arrow Гејминг преку прелистувач
Гејминг преку прелистувач Испечати Е-пошта
Автор: Виктор Арсовски   
Објавено на: 03.07.2009
gaikai Дали би сакале да ги играте најновите игри на максимум графика без купување на скапи хардвер делови? Тогаш запознајте се со cloud computing концептот. Со кратки зборови, cloud computing e услуга преку интернет, со подолги, ова е концепт за складирање на цели оперативни системи, податоци, мултимедија на еден огромен сервер/и, до кој имате пристап преку вашиот компјутер преку интернет без да инсталирате додатен софтвер или хардвер.

Значи, со cloud computing преку прелистувач вие имате пристап до видео игрите. За гејмерите ова е одлична услуга бидејќи нема потреба од инсталирање и посебен хардвер, а ќе ја имаат играта во целина токму како што е замислена од програмерите и дизајнерите. Mоже да биде проблем за компаниите бидејќи продажбата на дисковите ќе опадне, но можат да заработуваат oд претплата. Единствено можат да изгубат производителите на хардвер делови, но секое време си носи свои жртви.

Една од тие технологии кои ги развиваат овие идеи е Gaikai. Дејвид Пери, човекот зад Gaikai објави демо видео за да покаже како функционира сервисот. И може да се каже дека Gaikai функционира беспрекорно и брзо.

Но прво што мора да се забележи дека во моментот на правење на видеото Gaikai го користи само тој и можеби уште некој. Прашањето е дали ќе функционира исто толку брзо и безпрекорно кога милиони и милиони луѓе ќе го користат сервисот. Во демото тој игра популарни игри, две од кои се виртуелни светови со регистрирани 10+ милиони корисници...

Брзината на интернетот не би требало да биде проблем, земајќи во предвид дека додека да биде објавена јавно оваа технологија, широкопојасниот интернет ќе биде доволно развиен, но останува проблемот со лимитот на интернет сообраќајот. Колку ќе троши играњето игри онлајн преку стриминг сервис?

Сепак оваа и слични „облак“ технологии се во почетната фаза на развој, можеби ќе се појават за 4-5 години. А до тогаш кој знае...?

Видеото можете да го погледнете подолу, а повеќе информации ќе најдете на блогот на Пери.



Клучни зборови:  Gaikai   cloud computing   видео игри   гејминг   streaming

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

ENIAC

ENIAC е првиот електронски компјутер, објавен во 1946, кој тежел 30 тони, имал над 17.000 цевки и бил долг 25 метри. Денешниот десктоп компјутер во просек може да сними милион пати повеќе информации отколку ENIAC и истото да го направи 50.000 пати побрзо.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали користите интернет на мобилен?

(390 глас/а)

  • 28.7%
  • 26.2%
  • 22.8%
  • 22.1%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...