IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Вести arrow Интернет arrow Пиратски YouTube
Пиратски YouTube Испечати Е-пошта
Автор: Виктор Арсовски   
Објавено на: 29.06.2009
Пиратски YouTubeИако неодамна беа осудени за пиратерија и секој основач казнет со по 1 милион долари оштета и година дена затворска казна, сепак The Pirate Bay продолжува со својата пиратска работа. Најновото нешто од TPB е VideoBay, сeрвис кој треба да стане конкурент на YouTube. Овој сајт е во својата почетна фаза, а според најавите ќе биде достапен на јавноста за 5 години. Меѓутоа „поради големата популарност за бета тестирањата“ на сајтот можат да се видат примери од сервисот, но потребен е ви е HTML5 прелистувач, како бета верзијата на Firefox или Safari 4.

„Овој сајт е експериментално игралиште и како таков е предмет на живо и пијано (ен)кодирање, па ве молам да не нé малтретирате ако сајтот не работи како што треба“ пишува на страната на сајтот.

Планот за VideoBay е корисниците да објавуваат содржина без страв дека таа ќе биде тргната доколку ги прекршува авторските права. Таков проблем сé почесто се случува на YouTube кој поради пристисок од музичката индустрија и тужби тешки милиони долари, започна да
блокира видеа од својот сајт.

Пиратски YouTube

Претходно iPREDator.sе, друг сервис на TPB, влезе во бета фаза, кој нуди анонимност на интернет преку приватни мрежи - VPN.

Пиратската борба за промената на авторските права и начинот на споделување на пиратеријата не се одвива само на интернет, туку и во европските парламенти. На неодамнешните европски избори шведската Пиратска партија успеа да влезе во Европскиот парламент. Неодамна и германски пратеник се приклучи на германската Пиратска партија со што таа партија доби место во националниот парламент. Чешката Пиратска партија собра 2.500 електронски потписи и стана официјална политичка партија. И Франција доби своја Пиратска партија.

Со зголемената популарноста на Пиратските партии, тие со своите ставови за полиберално споделување на интернет и промена на начинот на кој функционираат авторските права, може да влијаат на размислувањето за пиратеријата во блиска иднина, односно во 2014-5 година за кога е најавен VideoBay.



Клучни зборови:  Пиратерија   Софтвер   Видео   YouTube   Pirate Bay   TBP   Пирати   VideoBay   Пиратска партија   Европарламент   ЕУ   Политика

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

Робот vs. човек

Робот веќе има убиено човек. Во летото во 1981, електро инжинер поправал еден индустриски робот во Јапонија во фабрика за гуми, кога одеднаш роботот почнал да ги извршува своите функции... инжинерот, кој се нашол на неговиот пат бил зафатен од рачките на машината.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(140 глас/а)

  • 75.7%
  • 6.4%
  • 6.4%
  • 11.4%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност