IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Вести arrow Интернет arrow Поедноставна контрола на приватноста на Facebook
Поедноставна контрола на приватноста на Facebook Испечати Е-пошта
Автор: Виктор Арсовски   
Објавено на: 02.07.2009
facebook Новите правила за приватност на Facebook ќе овозможат да одбирате индивидуално кој може да ви ги чита пораките или гледа сликите на профилот. За да биде искуството на корисниците подобро за таа цел алатките за приватност се поедноставени, вели Крис Кели, одговорниот од приватноста на Facebook.

„Во изминатите 5 години, Facebook научи дека ефективната приватност е заснована на 3 основни принципи:

  • Контрола. Кога луѓето лесно ја контролираат публиката, тие споделуваат повеќе и комуницираат подобро со луѓето кои им се важни.
  • Едноставност. Кога алатките се едноставни, луѓето почесто ќе ги користат и ќе ги разбираат.
  • Поврзување. Со ефективни алатки, луѓето можат да си ги избалансираат желбите за контролиран пристап до информации кои тие сакаат да ги откријат или повржат. “ пишува на блогот на Facebook.

При преставувањето на новата приватност, преставниците на Facebook се изјасниле дека „сакаат корисниците да објавуваат повеќе јавни податоци“, пишува ReadWriteWeb. Идејата со новата приватност е дека Facebook корисникот ќе биде посамоуверен во објавување на информации бидејќи има контрола над нивото споделување. Имајќи ја таа контрола, корисникот ќе биде поопуштен и ќе споделува повеќе информации.

fcbooknwprivacy
© ReadWriteWeb.com

Една од опциите за приватност е споделувањето со сите, односно со „Everybody". Таа опција може да се прошири, не само да ги опфаќа сите на Facebook, туку сите на интернет. Тие информаци кои се постирани на профилот и обележани со „Everybody" опцијата можат да се појават на Google и другите пребарувачи. Ова досега не беше можно. За да видите инфо од некој Facebook корисник е потребно да имате профил на Facebook и да сте „пријатели“ со другиот корисник.

Овие нови алатки за приватност се уште се во бета фаза и се тестираат, но ќе бидат офецијално достапни во текот на наредната недела.

Друга промена на Facebook која беше најавена е целосно остранувањето на регионалните групи од мрежата, бидејќи кога се регистрирате на Facebook вие со внесување на местото/државата каде живеете по default станувате член на регионалните групи. Со тоа другите кои припаѓаат на вашата регионална група имаат пристап до вашите информации.



Клучни зборови:  Facebook   друштвени мрежи   приватност   регионални групи   

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

Facebook манија

Facebook има над 200 милиони активни корисници од кои 100 милиони се логираат на сајтот дневно. Просечниот член има 120 пријатели и повеќе од 20 милиони корисници го обновуваат својот статус барем еднаш дневно. Секој месец повеќе од 8 милиони видеа и над 850 милиони фотографии се објавени од страна на членовите. (Мај, 2009)
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали користите интернет на мобилен?

(387 глас/а)

  • 28.7%
  • 26.4%
  • 22.7%
  • 22%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...