Firefox 3.5 излезе
на 70-тина светски јазици, но не и на македонски. „Се си мислам дека сите оние силни патриоти кои потпишуваат разно-разни молби по интернет, да одделеа малку време да тестираат и пријавуваат грешки, порано ќе го увидевме проблемот и ќе ја намалевме можноста за грешка... но тоа е реалноста, show must go on.“ пишува Дамјан Георгиевски од Слободен Софтвер Македонија.
Клучни зборови: MozillaСлободен Софтвер Македонијамакедонска верзијаFirefox 3.5
При крајот на 2008 јапонскиот гигант Fujitsu го откупи делот на Siemens во заедничката компанија Fujitsu-Siemens Computers (FCS), и го започна процесот на ребрендирање на производите на FSC во Fujitsu. По тој повод, вчера во хотелот Холидеј Ин во Скопје, се одржа комерцијална презентација на брендот на која беше претставено и партнерството со NetApp и нивниот официјален влез на македонскиот пазар. Клучни зборови: FujitsuFujitsu-SiemensFujitsu-Siemens ComputersFSCПрезентацијаРебрендирањеКомпанијаNetAppСервериМакедонски пазар
Иднината на весниците е основната тема на текстот на Утрински Весник, кој денес слави 10 години откако прв пат беше испринтан. „Кога се појави радиото, се прогнозираше дека таквиот брз начин на информирање ќе ги згасне весниците. Кога потоа се појави и телевизијата, тогаш се прогнозираше дека овој медиум со слика и тон ќе ги затвори и радиото и весниците. Но, досега не се случи тоа. Со новата форма на комуникација и информирање – Интернетот, повторно се поставува истото прашање...“ пишува Светлана Унковска. Клучни зборови: ВеснициУтрински весникКомуникацијаМедиумиПечатени медиумиИнтернетОнлајн медиумиОнлајн веснициЧитателиКориснициРадиоТелеивизијаА1
Интернет на мобилен со брзина од 7,2 Mbps, видео повици за иста цена како и телефонскитe, oва е најновата понуда на T-Mobile за корисниците во Македонија. Се што ви е потребно е мобилен телефон кој подржува 3G технологија, а такви телефони се iPhone, BlackBerry, Nokia N95, Samsung F480, I900, Sony Ericsson C902 ... Клучни зборови: T-Mobile3Gвидео повици3G мрежи
Во последните две-три недели Македонија ја потресоа околу 200 до 300 помали земјотреси. Локацијата и информациите за околу 300 земјотреси е тешко да се следат само со читање на весниците или гледање телевизија, но е лесно со интернет и веб 2.0 алатките. „Не мора сите да се сеизмолози за да ги разберат земјотресите. :) “ вели Стојан Димитревски, креаторот на „Земјотреси“. Клучни зборови: ЗемјотресиСеизмолошки центарМакедонијаАлаткиВеб 2.0Стојан Димитревскиact1v8СеизмолозиИнтернетGoogle AppEngine
На 28 мај, четврток, во 18 часот, од дома, на удобно пред вашиот компјутер ... ќе се одржи првиот Вебинар на кој ќе се опфатат темите за е-трговија. На вебинарот со тема „Е-трговијата пристигна и кај нас“ ќе се дискутираат прашања како „ Дали сакате да направите он-лајн продавница, а не знаете како? Дали знаете дека веќе дел од нашите банки почнаа да нудат услуги за он-лајн плаќања? Дали сакате да ги искористат своите картички на интернет ама немате доверба во македонските портали? Или пак сте независен набљудувач и ве интересира онлајн трговијата, но цело време слушате дека сеуште не е доволно развиена во нашата земја?“. Клучни зборови: ВебинарЕ-трговијаЕ-невладинаонлајн трговија
Во недела, на 31.05.2009 се одржа финалето на натпреварот по програмирање CodeFu, организиран од страна на компанијата NetCetera, на кој зедоа учество вкупно 32-цата најдобри кои во финалето се пласираа преку двете претходни онлајн квалификациони рунди. Натпреварот се одржа во интернет клубот Ентернет во Скопје во опуштена и релаксирана атмосфера, но и покрај тоа натпреварувачкиот дух не отсуствуваше.Натпреварувачите имаа 3 часа на располагање за да ги решат 5-те поставени проблеми по што следеше тестирање на резултатите и прогласување на победниците. Клучни зборови: НатрепварНатпреварувањеПрограмирањеПобеднициCodeFuNetCeteraЕнтернетПрограмериКодКодирање
Според добиените статистики од Facebook во април, 2009 скоро 143.000 жители на Македонија (околу 7% од популацијата) имале свој профил на оваа друштвена мрежа. Истиот месец, 10% од србите биле Facebook корисници, додека само 3.4% од бугарите а 13.4% од хрватите биле FB членови.