Почетна arrow Вести arrow Глобални гласови сега зборуваат и на македонски
Глобални гласови сега зборуваат и на македонски Испечати Е-пошта
Автор: Дамјан Арсовски   
Објавено на: 18.03.2008

ImageGlobal Voices (Глобални Гласови) е непрофитен проект за граѓански медиуми основан во Центарот за интернет и општество - Беркман при Правниот факултет на Хардвард. Овој медиумски проект се концентрира на влијанието кое интернетот го има над општеството.

Како што е објаснето на нивниот сајт:
"Global Voices се стреми да ја собира, организира и проширува глобалната конверзација на интернет – осврнувајќи се на места и луѓе коишто останатите медиуми често ги игнорираат. Работиме на развој на алатки, институции и врски кои ќе им помогнат на сите гласови, насекаде, да бидат слушнати."

И како свои цели GV има:
1) Да привлечеме внимание кон најинтересните разговори и перспективи кои произлегуваат од граѓанските медиуми низ светот преку поставување на линкови до текстови, фотографии, подкастови, видеа и други форми на волонтерски граѓански медиуми поставувани од луѓе низ целиот свет.

2) Да ја олеснат појавата на нови граѓански гласови преку обуки, упатства на интернет, и давање публицитет на начините на кои луѓето низ светот можат да ги користат бесплатните алатки и апликациите со отворен код за нивно изразување.

3) Да се залагаат за слободата на изразување во светот и да го заштитат правото на граѓаните-новинари да известуваат за настани и да ги пренесуваат своите мислења без страв од цензура или прогонување.

Проектот се состои од интернационален тим на доброволци - автори, блогери и преведувачи кои се дел од глобалната блогосфера.

Благодарение на Лингва проектот, денеска беше објавен и официјалниот сајт на македонски, албански и германски јазик. Според постот кој беше објавен на сајтот преведен од страна на Елена Игнатова, беше испратен повик до сите заинтересирани да се приклучат во Лингва проектот и да помогнат во развојот на GV.

Image

Клучни зборови:  Global Voices   Глобални Гласови   Интернет   Лингва   Елена Игнатова

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl

Facebook > Pоrn

Во Октомври 2007 година, магазинот Time и официјално прогласи дека друштвените сајтови на интернет се по популарни од сајтовите со порнографски содржини.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Од каде се информирате?

(101 глас/а)

  • 22.8%
  • 21.8%
  • 36.6%
  • 12.9%
  • 5.9%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Од различен аспект
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
IWM NETWORK - iwmnetwork.com
ИТ Консалтинг, Интерактивен маркетинг, Истражувања и анализи, Веб дизајн...

IT.com.mk маркетинг