Почетна arrow Вести arrow ИТ Македонија: Компјутер за секое дете, ваучери...
ИТ Македонија: Компјутер за секое дете, ваучери... Испечати Е-пошта
Автор: Виктор Арсовски   
Објавено на: 20.10.2008
ИТ Македонија: Компјутер за секое дете, ваучери, семафори ...Најновата информација за проектот „Компјутер за секое дете“ е дека е потребно 13 милиони евра за целиот проект, сума за која и Владата на РМ реагирала и „побарала да се преиспита сумата зашто била превисока“. Веста ја објави Нова Македонија кои овие информации ги зеде од документи од Македонска радиодифузија (МРД), за финансиска пресметка на овој проект.

Бројките кои се објавени во весникот се следниве:

  • 13 милиони за целокупниот проект од кои 500.000 евра за проектна документација
  • 600.000 евра за транспорт и други дрошоци. Останатите трошоци не се наведени.

Како што спомнавме претходно подетални информации за проектите нема на сајтот на Министерството за информатичко општество (МИО).

- Сумата е голема, но изработката на еден таков голем проект воопшто не е едноставно да се направи. Тој содржи неколку илјади страници. За секоја училница посебно се направени проектантски цртежи, а има повеќе од 15.000 училници. Првично предложивме за проектната документација да се издвојат 500 илјади евра, но потрошивме околу 400.000 - изјавил Сашо Станчевски, директор на МРД за Нова Македонија.

Компјутер за секое дете
(c) Miladinoski.trap17.com

Од друга страна на Edubuntumk блог посветен за овој проект на владата на РМ стои дека :

„Според извори од професори и вработени во единствената гимназија во Кичево - ОСУ „Мирко Милески“, која што воедно е и најголем училишен центар во цела Македонија, со околу 2000 ученици од распоредени во 2 смени и во посебни класови (Македонски и Албански) ...... добив информации дека во нашето средно училиште нема да бидат приклучени и користени компјутерите во текот на целата школска година поради старата инсталација во училишите простори.

...на што воопшто мислела школската администрација кога ги поставувале компјутерите во училниците.“

Повторно ваучери за апсолвенти

Редовните студенти кои запишуваат четврта година по првпат ќе добијат 15.500 денари вредносен ваучер за купување компјутерска опрема. Се очекува ваучери да добијат околу 13.000 апсолвенти, што значи дека во прашање се 3 милиони евра. Ова е втор ваков проект откако минатата година апсолвентите добија ваучер од 12.500 денари. проектот ваучер за апсолвентите повторно се стартуваше.

"Паметни" семафори

Дваесет и пет години старите уреди за семафори ќе се заменат со нови, повржани со оптички кабел за мрежно поврзување на крстосниците. Новите семафори ќе ги бројат возилата кои поминуваат и така ќе го намалат метежот во сообраќајот.

ИТ Македонија: Компјутер за секое дете, ваучери, семафори ...

Целосниот проект чини 320.000 евра, а за отворање на центарот и почетната опрема која ќе се набави се потребни 230.000 евра. Проектот ќе трае четири години. Центарот за контролирање на сообраќајот ќе биде кај автобуската станица кај Железничката станица и во него ќе работат сообраќајни инжинери со ИТ искуство.

За овој проект на Секторот за сообраќај на град Скопје е распишан тендер за набавка на 30 нови контролори со кои ќе се формира центарот за контрола и управување на сообраќајот и е дел од новиот транспорниот концепт за Скопје на Transpower.


Клучни зборови:  Македонија   Земја на информатичари   Семафори   Компјутер за секое дете   МИО   Нова Македонија   Проект   Информатичка технологија   Информатичко општество

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
Гласајте за најдоброто во 2008
RSS канали на it.com.mk

FAQ

Frequently Asked Questions или Често Поставувани Прашања (ЧПП) се прашања во врска со дадена тема и ги содржат одговорите. Дилерите и продавачите често ги поставуваат на нивните веб страни поради користење како водич низ проблеми.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



ИТ ТВ

ИТ ТВ
Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести од Македонија
Вести од Свет
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Од различен аспект
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook
Twitter
Flickr
YouTube
FriendFeed
LinkedIn
IWM NETWORK - iwmnetwork.com
ИТ Консалтинг, Интерактивен маркетинг, Истражувања и анализи, Веб дизајн...

IT.com.mk на Twitter