|
|
Објавено на: 09.11.2009
|
Во интересна колумна во весникот „Дневник“, Срѓан Керим пишува за „новиот светски поредок на медиумите“ и за тоа дека традиционалните медиуми треба да се прилагодат на новото дигитално време. „Работата е во тоа што медиумската индустрија е на крајот на транзицискиот период и навлегува во Новата Ера. Кога велам медиумска индустрија ги имам на ум „старите медиуми“, како што не' етикетира интернетот, а можеби и како што се чувствуваме. Дали навистина ја изгубивме моќта? Фала Богу, не ја изгубивме. “
Клучни зборови: Срѓан Керим Дневник WAC Медиа Принт Македонија весници традционални медиуми Утрински Весник Вест интернет Руперт Мурдок нови медиуми дигитална ера медиум
|
|
|
Објавено на: 06.11.2009
|
Надополнето: Facebook групата „„Вистинскиот маж никогаш НЕ удира жена!““ за само 6 дена стигна до 20.000 члена. Toa што може да се заклучи од успехот на групата е дека Facebook е одлично место за ширење на сериозна порака. Читајќи ги коментарите можете да видите дека членовите ја подржуваат групата. Има и несоодветни шали, но тоа не е ништо ново на интернет.
Клучни зборови: Вистинскиот маж никогаш НЕ удира жена! кампања facebook Ирена С. Христов Обединети Нации Министерство за труд и социјална политика жена семејно насилство насилство
|
|
|
Објавено на: 02.11.2009
|
Неколку македонски факултетити добија 9 милиони евра вредна донација од Autodesk и OSA-Računarski inženjering, кои се овластени дистрибутери на Autodesk за Mакедонија, Србија и Црна Гора.
Вредната донација опфаќа софтверски пакети за проектирање и визуелизација на проекти поврзани со техничките науки и е наменета за четирите факултети на Универзитетот „Кирил и Методиј“ и тоа: Машинскиот факултет, Електротехничкиот, Градежниот и Архитектонскиот факултет, како и за Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и University American College од Скопје. Клучни зборови: Autodesk универзитети факултети донација OSA-Računarski inženjering Универзитет „Кирил и Методиј“ Никола Тодоров
|
|
|
Објавено на: 26.10.2009
|
Најновиот извештај од Државниот завод за статистика покажува дека во првата четвртина од 2009 година, околу 54.1 отсто од домаќинствата користат компјутер. Од нив, 41.8 осто имаат интернет дома, а 81 отсто од нив користат широкопојасен (broadband) интернет.
Клучни зборови: Државен завод за статистика информатичко општество интернет широкопојасен интернет broadband извештај it.mk ит.мк
|
|
|
Објавено на: 23.10.2009
|
Министерството за информатичко општество објави работната верзија на „Стратегијата за е-Влада 2010 - 2012“ и ги повика граѓаните да споделат идеи и предлози. „Земајќи во предвид дека при подготовката на овој документ сакаме да ги вклучиме сите засегнати страни, подолу на страницата Ви ја ставаме на располагање работната верзија на Стратегијата за е-влада на која можете да давате Ваши предлози и забелешки.“ пишува МИО. Клучни зборови: МИО Стратегија е-Влада Mинистерство за информатичко општество e-Government услуги дифејс безбедност
|
|
|
Објавено на: 23.10.2009
|
Македонската Е-Спорт Федерација (www.mesf.mk) е овогодинашниот организатор на квалификациите за Counter-Strike 1.6 за WCG (World Cyber Games) кои ќе се одржат на Градскиот Плоштад во Скопје на 24-ти и 25-ти октомври. Победникот на квалификациите оди на големото финале на WCG кое годинава ќе се одржи во Ченгду, Кина и ќе трае од 11-ти до 15-ти ноември.
|
|
|
Објавено на: 22.10.2009
|
Мобилниот оператор VIP и Тутунска Банка стартуваа интересна услуга за надополнување на сметката преку банкоматите на Тутунска банка. Сметката може да се надополни со сите картички, дебитни или кредитни, од MasterCard и Visa и сите домашни платежни картички. Надополнувањето може да биде во износ од 100 до 5.000 денари.
Клучни зборови: VIP Тутунска Банка ВИП мобилен надополнување банкомат кредитна картичка дебитна картичка MasterCard Visa демо
|
|
|
Објавено на: 22.10.2009
|
Паметното користење на друштвените мрежи може да направи еден настан подинамичен и успешен. Ова го видовме на дело на неодамнешната „Glocal: Inside Social Media“ конференција, чија тема беше користењето на друштвените мрежи како алатки за бизнис, култура, комуникација, медиуми, национализам....
Клучни зборови: Глокал Дарко Булдиоси Glocal '09 друштвени мрежи онлајн алатки презентација конференција настан komunikacii.net
|
|
|
Објавено на: 21.10.2009
|
Можеби не и веруваме, можеби и не ја сакаме, но сите ја користиме онлајн енциклопедијата. Околу 90 отсто од 384 испитаници ја користат Wikipedia како извор на информации. 51.6 отсто или 198 луѓе oд нив ја користат редовно, a 145 луѓе или 37.8 отсто ја користат, но не и веруваат.
Само 10.7 отсто или 41 луѓе не ја користат, дел од нив ја избегнуваат, а дел никогаш не ја користеле. Клучни зборови: Википедија Wikipedia МАНУпедија Енциклопедија анкета pdf
|
|
|
<< 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 >> |