Почетна arrow Вести arrow Македонија arrow Романот "Мојот Скендербеј" објавен на интернет
Романот "Мојот Скендербеј" објавен на интернет Испечати Е-пошта
Автор: Дамјан Арсовски   
Објавено на: 01.04.2008
Драги МихајловскиВчера на македонскиот портал на Криејтив комонс беше објавен во електронска верзија романот "Мојот Скендербеј" од македонскиот професор, преведувач и писател д-р Драги Михајловски. Со објавувањето на ова дело на интернет авторот ја заврши дигитализацијата на своите дела која траеше цели два месеци.

Делото "Мојот Скендербеј" во печатена форма излезе во 2006 година, а подоцна стана добитник на престижната книжевна награда "Стале Попов".

За време на периодот наменет за дигитализација, Драги Михајловски објави 14 дела кои се достапни за бесплатно превземање од порталот за авторски содржини од македонски автори и уметници на Креајтив комонс.

Првата книга "Секое зло за арно" која всушност е превод на делото на Вилијам Шекспир беше претставена во електронска форма на 2 март, а во продолжение следуваа 11 преведени драми од Шекспир и збирката "Раскази од шести кат".

Како што е истакнато во соопштението на порталот, со овој чекор Драги Михајловски значајно го збогатува електронски достапниот пишан збор на македонски јазик и "влијае на ширењето на македонската литература и култура воопшто и помеѓу луѓето кои од финансиски или географиски причини не секогаш се во можност да дојдат до неговите дела."

Книгите се бесплатни и можат слободно да се користат под правилата наведени во лиценцата Криејтив комонс кои дозволуваат користење под услов да биде наведен изворот и авторот и забрануваат користење за комерцијални цели или пак правење на било какви модификации.

Драги Михајловски е вработен на Филолошкиот факултет "Блаже Конески" во Скопје од 1976 година најпрвин како библиотекар на Катедрата за англиски јазик и книжевност, а по неговото магистрирање како асистент по предметите англиска книжевност и теорија и практика на преведување. По завршување на докторатот во 1999 година тој станува првиот доктор од областа на теоријата и практиката на преведување во Македонија. Досега има објавено пет збирки на раскази, три романи, две книги за деца и две книги со студии и есеи. За своите дела Драги Михајловски ги има добиено признанијата: "Стале Попов" во 2003 и 2007 за романите "Смртта на дијакот" и "Мојот Скендербеј" и "Рациновото признание" во 1994 година за збирката раскази "Скок со стап". Тој има преведено и повеќе од 70,000 стихови на македонски и англиски јазик вклучувајќи дела и препеви на 15 драми и 154 сонети од Шекспир, препев на епот "Загубениот Рај" од Милтон и голем број на други дела.

Д-р Драги Михајловски е истакнат член на Друштвото на писатели на Македонија, како и на Асоцијата на писатели за мир во Вашингтон, САД.

За да дознаете повеќе за тоа како функционира Криејтив комонс лиценцата, кликнете тука.

Клучни зборови:  Драги Михајловски   Литература   Криејтив Комонс   Македонски јазик   Шекспир

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум
RSS канали на it.com.mk

Гејминг

Гејминг(Gaming) е фраза која го опишува играњето на електронски игри на компјутер или пак на некоја друга конзола. Во последните неколку години особено популарни станаа игрите кои се играат преку LAN или интернет, кои почнаа да добиваат статус на спорт.
Корисничко име

Лозинка



ИТ ТВ

ИТ ТВ
Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести од Македонија
Вести од Свет
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Од различен аспект
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали

Профили
Facebook
Twitter
Flickr
Last.fm
FriendFeed
LinkedIn
MKHOST - www.mkhost.com.mk
Веб хостинг, регистрација на домени, аудио стриминг, дизајн на веб страни

IT.com.mk на Twitter