IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Вести arrow ИТ.мк arrow Се одржа Македонско-естонска ИКТ конференција
Се одржа Македонско-естонска ИКТ конференција Испечати Е-пошта
Автор: Дамјан Арсовски   
Објавено на: 03.06.2008
Macedonian-Estonian ICT conferenceВчера во хотелот Холидеј Ин во Скопје се одржа Македонско-естонска ИКТ конференција организирана од министерот за информатичко општество М-р Иво Ивановски, каде што естонските претставници од ИКТ индустријата ги презентираа своите компании. Конференцијата беше отворена со говорите на министерот Ивановски, министерот за странски инвестиции Глигор Ташковиќ и естонскиот пратеник Ханес Асток.

Во своите говори тие истакнаа:
- Оваа Влада има зацртано огромен број проекти за развој на информатичкото општество со кои ќе се привлекуваат поголем број странски инвеститори кои ќе отворат нови работни места и ќе се развива економијата во Македонија. - Иво Ивановски

- Македонија се развива брзо и многу инвестира во човечките ресурси на ИТ секторот, затоа мислам дека естонските компании ја гледаат Македонија како пазар што се развива. - изјави Ханес Асток

Macedonian-Estonian ICT Conference

Повеќе од 20-тина македонски компании имаа свои претставници на вчерашната конференција која претставуваше одлична можност за создавање на контакти и потенцијална соработка со колегите од Естонија. Беа одржани презентации за естонските компании: Datel, Mandator, Santa Monica Networks, Microlink, Eesti Ehitusbors, Telegrupp и ITL.

Еден од неколкуте естонски презентери беше отсутен, а неговиот термин беше искористен од страна на македонски компании да се презентираат себе и своите активности. Тоа го направија компаниите Infinite Solutions, Pexim, IWM Network, Seavus, Nov Ekspo и Art Ulica 26.

По презентациите и ручекот постоеше можноста за остварување на B2B состаноци. На барање на гостите, беше повикан и директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Виктор Мизо, со цел да ја објасни поволната клима за инвестирање во Македонија како и процесот за регистрирање на компанија во земјава.

Официјалната посета на естонските ИКТ претставници трае од 1 Јуни до 3 јуни, а во неа освен Македонско-естонската ИКТ конференција, тие имаа можност вчера да го посетат Штип на вечера организирана од страна на почесниот македонски конзул во Естонија, Сашко Миладинов. За денеска закажaни се посети на неколку македонски ИКТ компании со што и завршува посетата.


Клучни зборови:  Macedonian-Estonian ICT Conference   Македонско-естонска ИКТ конференција   Иво Ивановски   Глигор Ташковиќ   Естонија   Компании   Информатичко општество

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум

Новиот Bing

Според Compete.com, пребарувачот на Microsoft - Bing, во првиот месец од своето претставување имал над 50 милиони уникатни посетители, по што ги надмина Twitter.com, Cnn.com, Digg.com.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(112 глас/а)

  • 77.7%
  • 5.4%
  • 5.4%
  • 11.6%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност