Почетна arrow Вести arrow Македонија arrow Е-маил сервисот на МТнет со нов домен
Е-маил сервисот на МТнет со нов домен Испечати Е-пошта
Автор: Дамјан Арсовски   
Објавено на: 23.04.2008
МТнет логоПо објавување на плановите за свое ребрендирање од Македонски телекомуникации (МТнет) во T-Home брендот на Дојче Телеком и менување на своето трговско име во Македонски Телеком - акционерско друштво за електронски комуникации, компанијата најави и дека од 4 мај е-маил корисниците на сервисот на МТнет (@mt.net.mk) ќе имаат нов домен, @t-home.mk.

Започнувајќи од споменатиот датум, сите е-маил кориснички имиња ќе добијат нов домен, па така наместо Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , ќе го имате е-маилот Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете

Објавено е и детално објаснување за како да го подесите својот е-маил клиент доколку го користите за @mt.net.mk е-маилот. Иаку се објавени само деталите за Outlook, отприлика истите промени важат и за другите е-маил клиенти.

За сите информации и решавање на проблемите, обратете се на добро познатиот бесплатен телефонски број за поддршка - 0800 12345.

Со ребрендирањето, како што беше објавено во соопштението на 16 Април "компанијата ќе стане член на најголемато светско телекомуникациско семејство. Со ова македонските корисници ќе имаат можност, заедно со уште над 150 милиони корисници, да ги уживаат привилегиите кои ги нуди Т брендот во над 50 земји низ целиот свет. VoIP и IPTV се значаен дел од услугите, кои ќе им бидат понудени на корисниците."

Клучни зборови:  Македонски Телекомуникации   МТнет   T-home   Е-маил   T-home.mk   Интернет

 
Сподели:
Кајмакот
Digg
Technorati
Stumble
Reddit
YahooMyWeb
Delicious
Ma.gnolia
Facebook
Spurl
IT.com.mk форум
RSS канали на it.com.mk

А4 хартија

Хартија со големина од 210х297 милиметри или 8.5х11 инчи, користена како стандард во Европа. Американската стандардна хартија е со димензии 216х279 милиметри (8.3х11.7 инчи).
Корисничко име

Лозинка



ИТ ТВ

ИТ ТВ
Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести од Македонија
Вести од Свет
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Од различен аспект
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали

Профили
Facebook
Twitter
Flickr
Last.fm
FriendFeed
LinkedIn
MKHOST - www.mkhost.com.mk
Веб хостинг, регистрација на домени, аудио стриминг, дизајн на веб страни

IT.com.mk на Twitter