IT.com.mk на Twitter IT.com.mk на Facebook IT.com.mk на Flickr IT.com.mk RSS канали
Почетна arrow Вести arrow Неделен преглед
Неделен преглед 13.03.10: Интернет, супермоќ
Објавено на: 13.03.2010
Неделен преглед 13.03.10: Интернет, супермоќНеделава имавме неколку вести кои ги врзуваше една нишка - влијанието на интернетот врз иднината. Дали е човеково право, дали и каква цензура е потребна, дали локацијата е потребна или ја нарушува приватноста...? Додека Тим Бернерс-Ли, таткото на мрежата, не повикува да објавуваме отворени и сурови информации кои ќе се достапни за сите, се појавува граѓанското новинарство во Македонија. Дали преку друштвените мрежи или преку софистицираноста на мобилен да произведе квалитетна снимка, индивидуалците влијаат врз нашето секојдневие. Сите вести водат кон едно прашање - Интернетот е моќ, прашање е како и за што ќе го искористиме?

Клучни зборови:  неделава   неделен преглед   граѓанско новинарство   ит.мк   форум   Тиме Бернерс-Ли   цензура   веб 2.0   супермоќ   човеково право   интернет   универзитети   медиум

 
Неделен преглед 06.03.10: Преводи, ИК Банка, спам, Mafia.мк...
Објавено на: 06.03.2010
Неделен преглед 06.03.10: Преводи, ИК Банка, спам, Mafia.мк... YouTube стартуваше автоматска транскрипција, што значи сите корисници сега имаат преводи додека гледаат видеа. Стартуваше и Mafia.mk македонска онлајн друштвена игра. Имаме и обид за имејл измама каде измамниците ги користат македонските банки да украдат лозинки. Неделава се зборуваше и за можноста Google да индексира веб страни во реално време. Има и интересен текст за како Nokia помогна Иран да апси протестанти со технологија за прислушкување, слична технологија која се користи и да се прислушкуваат сите разговори во светот. Разликата е што ЕУ забранува со неа да се прекршуваат човековите права, туку прислушкувањето треба да се користи при гонење криминалци или заштита на национална безбедност. Неделава ја завршуваме со пропуст на А1 телевизија да си ја контролира содржината и да дозволи да биде критикувана и исмејувања поради лажен Twitter профил.

Клучни зборови:  YouTube   Google   Mafia.mk   A1   Direktorium.mk   ИК Банка   спам   Twitter   Иран   Nokia   ИТ.еу   неделава   неделен преглед   ИТ.мк   Форум   апликации   Android   совет   блог   Египет

 
Неделен преглед 27.02.10: Mедицина, безбедност, прoдавници..
Објавено на: 27.02.2010
Неделен преглед 27.02.10: Mедицина, безбедност, прoдавници... Италија затвори тројца екс-дирекотори на Google поради онлајн видео, Facebook ја најави виртуелната економија, а и Далеј Лама отвори официјален профил. Ова се дел од случувањава неделава. Најинтересните вести сепак доаѓаат од ИТ.мк сцената каде стартуваше новиот Zero Science Lab, Семос Едукација најави официјални Javа тренинзи, беше направен WordPress плугин за Ping.mk, се објави интернационален извештај кој ја споредува ИКТ развиеноста во Македонија со останатиот свет и направивме кратка листа на онлајн .mk продавници. Линковите до вестите ќе ги најдете подолу.

Клучни зборови:  неделен преглед   Италија   безбедност   ИТ.мк   неделава   извештај   ИКТ   Македонија   Zero Science Lab   Медицина   Ping.mk   TED

 
Неделен преглед 20.02.10: Големиот брат и народни песни
Објавено на: 20.02.2010
Неделен преглед 20.02.10: Големиот брат и македонски народни песни Цензурата и филтрирањето содржина се уште се актуелни теми. Покрај Австралија сега и Франција започна да си игра „Голем Брат“ одобрувајќи закони кои можат сериозно да ги лимитираат интернет корисниците да имаат пристап покрај порното и до важни информации. Од друга страна YouTube видео доби новинарска награда истакнувајќи го значењето на корисничко генерирана содржина. Неделава Microsoft конечно го најави екранот за избор на прелистувачи со кој европските интернет корисници ќе си одберат кој прелистувач да им се инсталира со инсталацијата на Windows. Неделава се одржа и Светскиот конгрес за мобилна технологија.

Клучни зборови:  Facebook   YouTube   Франција   Австралија   голем брат   Неда Солтан   Иран   Windows   прелистаувачи   Светски конгрес за мобилна технологија   неделен преглед   неделава   ИТ.МК   Pesna.org   македонски народни песни

 
Неделен преглед 13.02.10: Безбедност, цензура и Google Buzz
Објавено на: 13.02.2010
Неделен преглед 06.02.10: Скопје 2014, Symbian, Facebook, Aвстралија... Неделава се славеше европскиот Ден на интернет безбедност. ЕУ стартуваше „Мисли пред да постираш“ кампања, а преседателот на Собранието на РМ рече дека е мора да се грижиме за онлајн безбедноста, но при тоа да не ги заборавиме основните човекови права, односно правото на пристап до информации. За жал неделава имам две вести за цензура на интернетот. Првата вест доаѓа од Австралија каде владините сајтови беа нападнати од група хакери кои протестираат против планот да се воведат филтри за содржина. Втората вест доаѓа од Иран, каде пред прославата на годишнината од нивната револуција се забрани Gmail, а се најави дека ќе се воведе национален имејл сервис. Тоа е лоша вест за иранските интернет корисници чија сета онлајн активност ќе биде надгледувана од иранскиот телеком.

Исто така, неделава Google ја објави својата друштвена мрежа. Google Buzz е интересен сервис, интергиран во Gmail, сервис кој за само 3 дена ја надмина бројката од 9 милиони постови. Но, се чини дека Google малку задоцни на пазарот на друштвените мрежи, и се чини дека и покрај конкуренцијата Facebook останува да владее.

Клучни зборови:  Неделен преглед   неделава   интернет безбедност   интернет цензура   Google Buzz   Иран   Австралија   ИТ.еу   ИТ.МК   Собрание   мисли пред да постираш   хакери   Anonymous   ИТ анкета

 
Неделен преглед 06.02.10: Скопје 2014, Symbian, Facebook, Aвстралија...
Објавено на: 06.02.2010
Неделен преглед 06.02.10: Скопје 2014, Symbian, Facebook, Aвстралија... Facebook го прослави 6-тиот роденден и стигна до 400 милиони корисници. Неделава на друштвената мрежа започна интересна дебата за видеото „Скопје 2014“. Најпопуларната платформа за мобилни Symbian стана слободен софтвер. Имаме вест од Австралија каде тамошните интернет корисници се спротиставија на законот против анонимно коментирање. Неделава се најави и почеток на „Википедиа“ проектот на МИО...

Клучни зборови:  Неделен преглед   Австралија   Symbian   Скопје 2014   роденден   ИТ.мк   Форум   Друштвени мрежи   СТив Џобс   HTML5

 
Неделен преглед 30.01.10: Apple iPad, вселена, премиер, медиуми..
Објавено на: 30.01.2010
Неделен преглед 30.01.10: Apple iPad, вселена, премиер, медиуми...Долгоочекуваниот таблет на Apple е објавен и се вика iPad. Неделава беше објавен и првиот твит од вселената - „Здраво Твитерверзум. Сега од живо твитаме од Интернационалната Вселенска Станица - првиот твит од вселената“ пишува астронаутот Тимоти Кремер. Европската унија најави дека Директивата за заштита на податоците од 1995 год. ќе добие нова верзија во која ќе бидат опфатени друштвените мрежи за да се зајакне приватноста на корисниците. Ова е сосема различно размислување од тоа на Марк Зукенберг, основачот на Facebook, кој рече дека, сега, јавното споделување е норма.

Клучни зборови:  Ит.ЕУ   неделен преглед   iPad   Apple   Twitter   премиер   вселена   таблет   Facebook   ИТ.мк   приватност   споделување   совет   медиуми   оригинална содржина

 
Неделен преглед 23.01.10: Деца генијалци,Тетрис и Twitter
Објавено на: 23.01.2010
Неделен преглед 23.01.10: Деца генијалци, мобилни апликации, Tетрис и Twitter Неделава имавме неколку текстови за најмладите ИТ корисници, за Марко Чаласан кој стана најмладиот Microsoft aдминистратор и за децата од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ Велес кој имаа видео повик со нивните соученици од Долна Нормандија, како и за 11 годишниот Камерон кој напиша iPhone апликација и донира дел од профитот за детска болница. Кога сме кај апликациите и iPhone според истражувањето на Gartner од сите симнати мобилни апликации, 99 отсто се симнуваат од Apple App Store.

Клучни зборови:  Неделен преглед   Тетрис   Марко Чаласан   генијалци   апликации   IPhone   Apple   Велес   

 
Неделен преглед 16.01.10: Facebook, приватност, Хаити, Googlebye...
Објавено на: 16.01.2010
Неделен преглед 16.01.09: Facebook, приватност, Хаити, Googlebye... Во првиот неделен преглед во 2010 година (btw среќни празници) ќе најдете доста текстови за Facebook. Како и секогаш популарната друштвена мрежа е доста актуелна тема. Интересно споредувајќи ги македонските корисници со останатите балкански земји, откривме дека Facebook е најпопуларен во Македонија. Скоро 1/4 од населението се на мрежата за која основачот Марк Зукенберг вели дека доколку ја стартуваше сега ќе беше јавна мрежа бидејќи сега јавното споделување е стандард. Затоа подоле ќе најдете и доста интересен совет за privatnost.info, сајт кој е полн со упатства да си ја заштитите приватноста.

Клучни зборови:  privatnost.info   Неделен преглед   Хаити   Кина   цензура   ИТ.мк   популарност   друштвена мрежа   Марк Зукенберг   онлајн шопинг   онлајн продавници   Биди иновативен   друштвена мрежа   facebook   google   N building   дигитална реалност

 
Неделен преглед 19.12.09: Сузан Бојл, Nexus One, преводи...
Објавено на: 19.12.2009
Неделен преглед 19.12.09: Сузан Бојл, Nexu One, преводи... Тема на неделата се сликите од Nexus One, мобилниот телефон на Google, кој е најавен за почетокот на 2010 година. YouTube за прв пат ги објави најгледаните видеа на сервисот. Сузан Бојл со 120 милиони прегледи е на прво место, а потоа следат музички спотови. И Twitter ги објави топ дискусиите. Не зачудува што иранските протести се на прво место. Европската Комисија го прифати предлогот на Microsoft корисниците да имаат избор на прелистувачи при инсталација на Windows, а од македонската ИТ сцена, пишавме за користењето на македонски преводи на софтвер.

Клучни зборови:  Неделен преглед   Nexus One   Сузан Бојл   YouTube   Тwitter   Microsoft   ИТ.МК   ИТ.ЕУ   Совети

 
<< 1 2 3 4 5 >>
IT.com.mk форум

Робот vs. човек

Робот веќе има убиено човек. Во летото во 1981, електро инжинер поправал еден индустриски робот во Јапонија во фабрика за гуми, кога одеднаш роботот почнал да ги извршува своите функции... инжинерот, кој се нашол на неговиот пат бил зафатен од рачките на машината.
Нема настани во наредните денови.
Корисничко име

Лозинка



RSS канали на it.com.mk

Прашалник

Дали интернетoт е основно човеково право?

(187 глас/а)

  • 73.8%
  • 6.4%
  • 6.4%
  • 13.4%

Низ it.com.mk Блог Сервиси Маркетинг
Вести
Статии
Форум
Рецензии
Совети & трикови
Преземања
Настани
Барометар
Едуцентар
Препорачуваме
Сите блогови
е-Бизнис 2.0
Uid=0
Хардверманија
Компјутерска сигурност
Apple
Линукс блог
Веб-Соц Свет
Членство
Е-билтен
RSS канали
PDA верзија

Профили
Facebook профилTwitter профилIT.com.mk @ Flickr
IT.com.mk @ YouTubeLinkedIn профилFriendFeed профил
Каква музика слушаат ИТ луѓето?Препорачуваме линкови преку Delicious Главен RSS канал
Заработете со Whost.mk
Поставете линк или банер до whost.mk и заработете од секоја продажба..
http://www.whost.mk/affiliates.aspx

Aironet.mk - Безжичен Интернет
Едноставно и квалитетно решение...

Zero Science Lab
Македоснска лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност