|
Што сé се случи неделава? Излезе Mozilla Firefox 3.5 на околу 70
јазика, но официјално го нема на македонски јазик, неофицијално може да
се најде претходната верзија на 3.5 на македонски, но надоградбата нема
да функционира. Друга важна вест е што The Pirate Bay се продаде, но
уште поважен е бизнис моделот на Global Gaming Factory X, кои го купија
сервисот, со што ќе им плаќаат на пиратите за споделување на фајлови.
Имаше најава за промената на приватност на Facebook...
За сé што се случуваше неделава на IT.com.mk може да прочитате подолу.
Не заборавајте да не следите на Twitter - @IT_info или пак на Facebook за добивање кратки информации од случувањата во ИКТ индустријата. Нашите содржини се достапни и преку категоризирани RSS канали, вклучувајќи и посебен RSS канал за неделниот преглед.
Дали сакате да го спонзорирате неделниот преглед на IT.com.mk?

Вклучете сé и вие во дискусиите за информатичка технологија на форумот на IT.com.mk. Можете да дискутирате, да научите нешто или пак да помогнете на некој n00b да се снајде во ИТ светот...
Кои настани ја одбележаа неделата...
Продаден The Pirate Bay
"Би сакале да претставиме модели кои ќе им овозможат на снабдувачите со
содржини и сопствениците на авторски права да бидат платени за
фајловите кои ќе бидат преземени преку сајтот. The Pirate Bay е сајт
кој е меѓу 100-те најпосетени интернет сајтови во светот. За да може да
преживее, на TBP му е потребен нов бизнис модел, кој ги задоволува
барањата и потребите на сите вклучени страни, снабдувачи со содржини,
интернет провајдери, крајни корисници и правниот систем." изјави Ханс
Пандеја, извршниот директор на GGF X.
USB 3.0 ќе се појави до крајот на годинава
Според извештајот на TechOn Nikkei, со супер брзото USB, брзината на
пренос на податоци е зголемена за повеќе од десет пати во однос на USB
2.0. Брзината на USB 3.0 е 5 Gb/s, зголемена од 480Mb/s на 2.0. При
презентирање на оваа технологија во Токио се покажа дека супер брзиот
USB ја надмина eSATA (external SATA) технологијата и нејзината брзина
од 3Gbit/s.
Поедноставна контрола на приватноста на Facebook
„Што значи кога лик кој што вие ќе го направите ве натера да си го преиспитате сопствениот живот преку нивната неверојатна несебичност“ прашува Буркиншав откако Алис добила желба да ги испрати сите пари во добротворни цели, идеја која го плашела нејзиниот креатор, кој пишува на блогот: „ова е нејзин живот, нејзини одлуки. Неволно ќе и ги исполнам“.
ИТ.МК
10 најпопуларни македонски брендови на Facebook
Бројот на македонци кои ја користат друштвената мрежа Facebook неодамна
ја надмина бројката од 250.000, со што и повеќе од јасно е дека овој
сајт е еден од најпопуларните во земјата и дека поголем дел од времето
на интернет, корисниците го поминуваат токму таму. Од друга страна пак,
компаниите кои секогаш се обидуваат да бидат присутни каде што е
најголемата "гужва", исто така го прифатија феноменот наречен друштвени
медиуми и полека почнаа да ги адаптираат своите маркетинг цели.
Цела администрација со една дата база
„Со оваа интеграција, институциите нема да имаат потреба да бараат
податоци кои веќе други институции ги имаат и на тој начин ќе се
избегне непотребното дуплирање на податоците. Исто така, институциите
нема да имаат потреба од поголем обем на информации од деловните
субјекти и граѓаните што ќе овозможи работата на државните органи и
институциите да биде далеку поефикасна.“ вели г-ѓа. Секуловска.
Зошто нема Firefox 3.5 на македонски?
Firefox 3.5 излезе на 70-тина светски јазици, но не и на македонски.
„Се си мислам дека сите оние силни патриоти кои потпишуваат разно-разни
молби по интернет, да одделеа малку време да тестираат и пријавуваат
грешки, порано ќе го увидевме проблемот и ќе ја намалевме можноста за
грешка... но тоа е реалноста, show must go on.“ пишува Дамјан
Георгиевски од Слободен Софтвер Македонија.
Клучни зборови: Firefox Пиратерија Пирати Фејсбук Facebook IT.com.mk Неделен преглед Администрација The Pirate Bay
|