Facebook го прослави 6-тиот роденден и стигна до 400 милиони корисници. Неделава на друштвената мрежа започна интересна дебата за видеото „Скопје 2014“. Најпопуларната платформа за мобилни Symbian стана слободен софтвер. Имаме вест од Австралија каде тамошните интернет корисници се спротиставија на законот против анонимно коментирање. Неделава се најави и почеток на „Википедиа“ проектот на МИО...
Не заборавајте да не следите на Twitter - @IT_info или
пак на Facebook за добивање кратки информации од случувањата во ИКТ индустријата.
Нашите содржини се достапни и преку категоризирани RSS канали, вклучувајќи и посебен RSS канал за неделниот преглед.
Дали сакате да го спонзорирате неделниот преглед на
IT.com.mk?

Вклучете
сé и вие во дискусиите за информатичка технологија на форумот на
IT.com.mk. Можете да дискутирате, да научите нешто или пак да им
помогнете
на почетниците да се снајдат во ИТ светот...
Kои вести ја одбележаа неделава...
Facebook со нов дизајн и 400 милиони корисници
„За да го прославиме шестиот роденден и 400-те милиони корисници, го правиме тоа што најмногу го сакаме - градиме и стартуваме нови продукти.“ вели Марк Зукенберг.
Facebook објави нов дизајн кој полека стартува кај корисниците. Новитетите се промена на положбата на нотификациитe, промена на левиот таб коj служи како мени, поинакво разгледување на фотографиите... Има и интересна измена со барот за пребарување кој е многу поголем и е во центар.
Покрај овие измени на дизајнот, блогот TechCrunch открива дека Facebook работи на проект „Титан“ т.е. планира да направи сериозни измени на имејл сервисот, па можеби и да му конкурира на Gmail.
Symbian сега е слободен софтвер
„Очекуваме дека додатни 100 милиони ќе се продадат во 2010 година и околу 200 милиони ќе се продаваат годишно од 2011 па натака.“ вели Symbian и додаде дека ова е „најголемата миграција на слободен софтвер до сега“.
Сега кодот на Symbian ОС е достапен на секој под Eclipse лиценцата, односно секој може да го модифицира и уредува за „било кои цели“.
Покрај индивидуалните девелопери поголемите мобилни компании можат да го искористат кодот за својот производ, што
на Symbiаn ќе им привлече поголемо користење на нивната платформа.
Mобилен, навигација и аугментирана реалност
Благодарејќи на GPS ние знаеме каде сме и каде се останатите нешта околу нас. Благорејќи на камерите можеме да ги покажеме тие места. Но, во тие мапи и слики фалат информациите. Тука се вмешува дигитално проширената реалност или аугментираната реалност.
Подолу се неколку видеа од мобилни апликации кои ја демонстрираaт практичноста на мобилниот, од собирање информации за објекти, навигација низ улиците и наоѓање на правото место до споделување на вашето искуство со останатиот свет.
Австралиските интернет корисници го победија законот
На 6-ти јануари државата Јужна Австралија воведе закон со кој се забранува анонимнo политичко коментирање. Законот не ги опфаќаше магазините и весниците, туку беше свртен кон блогерите и тие што коментираат. Интересно, законот го опфаќа и Twitter на кој австралискиот премиер има профил преку кој „ги споделува своите политички пораки.“ пушува AdelaideNow, веб медиум кој нуди форум за дискусија на дневните вести. AdelaideNow заедно со австралиската блогерска заедница остро го искритикува законот тагирајќи го како „закон против слободата на говор“ и велејќи дека Австралија се ближи кон гледиштата на Кина, земја која има врши строга контрола на интернетот. И претходно пишувавме дека Австралија се обидува да го цензурира интернетот воведувајќи филтри за содржина.
- Стив Џобс за Flash, iPad и HTML5- Apple-овиот iPad покрај големата еуфорија привлече и многу критики пред се бидејќи таблетот на подржува Flash. Тоа значи дека на iPad нема да можете да пуштите YouTube видео клип или пак да отворите Flash базирана веб страна. Аdobe Flash e насекаде, само не на iPad. Ова предизвика многу негативни коментари од интернет заедницата, како и критики од
Adobe.
- Ovi Maps: 1 милион симнувања за 1 недела - „Во просек забележуваме по едно симнување секоја секунда, 24 часа на ден. Ова се одлични вести за девелоперите за навигација. За само неколку дена имаме 1 милион потенцијални корисници кои се гладни за нови и иновативни апликации за локација.“ вели Анси Ваљоки, потпретседател на Nokia.
- Секој ден 175 мил. луѓе се логираат на Facebook - Facebook има над 350 милиони корисници, а од нив скоро 50% односно 175 милиони луѓе се логираат на друштвената мрежа секој ден! Во таа бројка не припаѓаат луѓето кои се логираат користејќе ја Facebook Connect опцијата (како коментарите подолу).
- Видео разговори со аугментирана реалност - „Замислете си веб базиран конференциски систем сличен на Skype, но со додадена функционалност да споделувате аугментирано искуство.“ вели Zugara.
- Пристигна Firefox зa мобилен - Мozilla го објави Firefox за мобилните, кој во моментот работи само на Маемо, мобилниот оперативен систем на Nokia N900. Подолу е видео од Mozilla која ги објаснува навистина интересните опции за мобилниот Firefox, како синхронизација на прелистувачот на вашиот декстоп PC на мобилниот. Уште поинтересно, има и додатоци за мобилниот Firefox.
- Приказната за Nexus One - Во кратките филмчиња зборуваат инжинери од Google кои го споделуваат своето Android искуство и инжинерите од HTC кои го изработија хардверот за мобилниот.
- YouTube собра $10.000 од изнајмување филмови - YouTube успеа да собере само 10.709 долари од експериментот со издавањето на петте независни филмови од Sundance фестивалот.
- Концепт за Google таблет - На Chromium.org, проектот за слободниот софтвер зад прелистувачoт Chrome и Chrome OS,
се појавија неколку слики и видео за идеи околу иден таблет компјутер кој ќе работи на Chrome оперативниот систем, кој ќе се појави при крајот на оваа година.
- Среќен 6-ти роденден Facebook! - Идејата околу друштвената мрежа која, сега има над 350 милиони корисници ширум светот, а околу 550.000 корисници од Македонија, се роди во 2003 година кога студентот од Харвард и основачот на Facebook, Марк Зукенберг блогираше трудејќи се да ја заборави неговата екс-девојка.
- 64 нешта што секој гик мора да ги знае - Листата е одлична, пред се, бидејќи скоро сите од советите доаѓаат со линк до некој туторијал или дообјаснување.
- Водич „Вкрстено објавување за застапување“ - Фондацијата „Метаморфозис“ објави водич за ефикасно користење на разните веб 2.0 сервиси и алатки за интегрирање во социјалните медиуми и нивно искористување за успешна кампања.
- Како да си ги избришете профилите? - Delete Your Account е страна кој што содржи листа на сервиси со линкови каде можете да ги најдете опциите за деактивација/бришење на профилите и дополнителни упатства како да го направите тоа..
ИТ.МК...
Онлајн бунт против Скопје 2014
Најголемите критики доаѓаат од Facebook и Twitter. На Facebook се отворија групи, од кои најголемата „Скопје 2014! Не, благодарам!“ има 2.130 членови кои остро ја критикуваат замислата да се направат околу 30 споменици низ плоштадот „Македонија“. Исто така на Facebook започнаа покани за протести - „Спонтан собир против проектот Скопје 2014“ групата веќе има 778 члена. Од другата страна, има и групи на кои им се допаѓа изгледот на Скопје. „Кој е за изгледот на Скопје во 2014 година“ има 368 фанови. Бројот на членовите и на двете групи постојано расне.
МИО започна со Википедија проектот
Министерството Министерството за информатичко општество го објави својот „Википедија“ проект кој е иницијатива за збогатување на онлајн енциклопедијата со македонска содржина, иницијатива во која се вклучени неколку универзитети. Интересно е што иако инволвираните можат лесно да ја закачат содржината на Википедија, сепак од МИО се решија за нов сајт wiki.mio.gov.mk кој личи на енциклопедијата. На сајтот на МИО има одредено кои теми ќе се обработуваат како и дополнителни информаци и упатства.
Македонските медиуми на друштвените мрежи
Интересно е што на Facebook - друштвена мрежа со околу 550.000 македонски корисници од 13 до 65+ години, скоро 1/4 од Македонија - сепак многу мал број медиуми имаат официјален или активен профил. Медиуми како Дневник, Време или Утрински воопшто ги нема на Facebook, додека најпопуларната А1 група е против нивните реклами.
Што се однесува на Twitter, го земаме во предвид бидејќи се работи за веб сервис кој во неколку наврати покажа дека е одличен медиумски сервис, кој покрај споделување овозможува брза интеракција со читателите. Но за жал сите, апсолутно сите медиуми кои се на Twitter го користат како RSS фид.
Клучни зборови: Неделен преглед Австралија Symbian Скопје 2014 роденден ИТ.мк Форум Друштвени мрежи СТив Џобс HTML5
|