Имаме скратена верзија на неделниот преглед што се должи пред се на изработка на планот за новиот дизајн на IT.com.mk. Но, за тоа набргу. :) Изминатава недела Google го престави својот оперативен систем Chrome OS. Има и одличен увод во jQuеry. Имаме и кои се топ 10 интернет настаните во декадата, според Webby Awards. Имаме и интересен извештај од McAfee за тоа дали светот се подготвува за сајбер војна. Според нив, оружјата ќе се стават во втор план, а прво нешто при војна ќе биде гасење на сервисите на една земја.
Имаме и интересен онлајн проект на училиште од Прилеп. Како и случка со девојче чиј идентитет е злоупотребен на YouTube, но не по нејзина вина. Во текстот од „Безбедно на Интернет“ има и објаснување како се решил тој случај. Од Европа имаме вест дека ЕУ изгаси 54 сајтови за мобилни рингтонови, а им нареди на стотина такви да ги почитуваат корисниците наместо да ги измамуваат. Повеќе за тоа подолу...
Не заборавајте да не следите на Twitter - @IT_info или пак на Facebook за добивање кратки информации од случувањата во ИКТ индустријата. Нашите содржини се достапни и преку категоризирани RSS канали, вклучувајќи и посебен RSS канал за неделниот преглед.
Дали сакате да го спонзорирате неделниот преглед на IT.com.mk?

Вклучете сé и вие во дискусиите за информатичка технологија на форумот на
IT.com.mk. Можете да дискутирате, да научите нешто или пак да им помогнете
на почетниците да се снајдат во ИТ светот...
Kои вести ја одбележаа неделава...
Toп 10 највлијателни интернет настани на декадата
„Интернетот е приказна на декадата бидејќи е катализатор на промена
не само во секој аспект од нашиот секојдневен живот, туку и во промена
на се од економија и комуникациај до политика и поп култура." вели Дејвид-Мајкал Дејвис, директорот на наградите.
Највлијателните настани на листата се тие настани кои го променија
стариот систем и ја ставија моќта во рацете на обичните луѓе, вели
г-дин. Дејвис.
ИТ.ЕУ: Затворени 54 сајтови за мобилни рингтонови
Проблемот со сајтовите е што немале објавено соодветни јасни цени за
услугите. Сајтовите исто така имале лажни маркетинг пораки. Најголемиот
проблем е што тие сајтови најчесто се посетени од деца и тинејџери кои
се измамени па родителите во сметките за телефон наоѓаат „неубави
изненадувања“ како што вели Маглена Кунева, евро-комесарката за
потрошувачки прашања.
„Целата наша работа беше наоѓање на скриени наплати и неубави
изненадувања напишани со малечки букви на веб сајтовите, што евентуално
ги манипулараат и измамуваат потрошувачите." вели г-ѓа. Кунева.
ИТ.МК: Нарушена приватност на тинејџерка со YouTube видео
На YouTube има опција да се изгасат коментарите на вашето видео. Но мора да бидете
регистриран корисник и мора виде да го објавите видеото. Во овој случај
се работи за видео кое не е објавено од самото девојче, кои дури не
било ниту регистрирано како YouTube корисник. Кој, што и зошто го
закачил видеото, не пишува во текстот.
Навреденото девојче го пријавило случајот на Дирекцијата за заштита на лични податоци кои, заедно со девојчето, го пријавиле видеото на YouTube. Но...
содржината не била навредлива, коментарите не биле на англиски, па било
потребно месец дена за да се тргне видеото.
Да го направиме училиштето подобро место за учење
Со години применувам, експериментирам, ги менувам методите на работа,
се обидувам да ги следам моите ученици, нивниот стил на учење. Од
минатата година применив коренито нова стратегија на работа со
учениците. Ако досега парцијално го менував само пристапот, сега
целосно преминав на нов вид на настава. Идејата долго се развиваше во
мене, го чекав само моментот кога секој ученик ќе има свој компјутер за
работа, на училиште и дома. Инаку, мојот начин на работа не е нешто
непознато, тоа е само комбинација од два пристапи на учење: он-лајн
учење (во училница и динстантно) и менторски пристап во училница. За
разлика од традиционалниот начин на работа каде има предавање, учебник,
учење и одговарање, пристапот на e-uciliste.com е: насочување, давање
задолженија, програмиран материјал поставен на сајт, учење на
програмираниот материјал и самопроверка, неделно и тематско следење на
постигањата преку квизови и тестови.
- Дали започнува ерата на сајбер војување? - „Видовме докази дека земјите ширум светот се спремаат за сајбер војна.“ вели Дејв ДеВалт, претседател на McAfee. Тие земји за кои се знае дека развиваат безбедносни системи се
Британија, Германија, Франција, Кина, Русија, Северна Кореја и секако
САД за кои се знае дека имаат прирачници за правила и процедури при
сајбер војни и се знае дека
употребувале хакерски напади за време на војната во Ирак.
- Factery, интернет пребарувач за факти? - Factery Labs објави нов интернет пребарувач
, се уште во тест фаза, кој дава два вида резултати: првиот дел се
резултати од Twitter, додека вториот дел се резултати поврзани со факти
за терминот кој го барате.
- Запознајте го Jaguar, најбрзиот суперкомпјутер во светот - Суперкомпјутерот Jaguar се најде на првото место на листата на топ 500 суперкомпјутери во светот. Jaguar се наоѓа во Националната лабораторија во Оак Ридџ,
САД и се користи за проучување на промените во климата и нејзините
ефекти.
- Русија ја забрани Modern Warfare 2 - Русија ја забрани Modern Warfare 2 и ја тргна играта од сите продавници
поради една мисија во играта која вклучува терористи кои ги масакрираат
цивилите, сите цивили!, на еден руски аеродром.
- Совет: kliknime.com.mk, база на македонски сајтови - Освен пристапот до македонските сајтови кои веќе се на листата,
kliknime.com.mk ни овозможува да додаваме сами сајтови, при што е
потребно краток опис на сајтот и една слика од насловната.
Софтвер...
Google го престави Chrome оперативниот систем
Google го престави својот брз, едноставен, модифициран прелистувач т.е
оперативен систем базиран на cloud computing концептот. За тие што не
знаат cloud computing значи дека сите програми ви се на интернет, а
вашиот компјутер служи само за конектирање на интернет, односно пристап
до тие сервиси.
Во текстот ќе најдете неколку видеа за Chrome OС. Првото е едноставно
објаснување. Второто е скратена верзија од презентацијата (6-7 минути),
а доколку саката да ја гледате целата презентација од 1+ час тогаш кликнете тука.
Третото видео е концептот за Chrome OС.
Запознавање со jQuery
Со популарната JavaScript библиотека jQuery можете да ги проширите дизајнерските способности на вашата страна
повеќе отколку што може само со CSS. Доколку имате познавање од CSS,
учењето на jQuery ќе ви биде доста полесно.
Што е jQuery? Според jQuery.com,
jQuery е брза и мала JavaScript библиотека со која многу лесно се
креираат веб ефекти со само неколку линии код. jQuery е дизајниран да
го смени начинот на пишување на JavaScript код, така што, 10 линии
JavaScript код ќе се претворат во само 2 линии.
Мicrosoft го откри Pivot, забавна визуелна алатка
Секоја од сликите е со висок квалитет и истата може да се линка до
други слични со содржина слики и да се групира во категории. Се што е
потребно за разгледување на тие колекции е само зумирање врз одредена
слика.
Ова разгледување слики малку ме потсетува на визуелното пребарување на Bing, но пребарувањето овозможува само тоа - визуелно пребарување,
додека Pivot е целосна алатка која овозможува дури и да се сортира
Wikipedia.
Клучни зборови: Неделен преглед McAfee сајбер војна e-uciliste jQuery Pivot Google Chrome оперативен систем ИТ.мк ИТ.еу форум Webby Awards рингтон приватност безбедност интернет веб сервис
|