Тема на неделата се сликите од Nexus One, мобилниот телефон на Google, кој е најавен за почетокот на 2010 година. YouTube за прв пат ги објави најгледаните видеа на сервисот. Сузан Бојл со 120 милиони прегледи е на прво место, а потоа следат музички спотови. И Twitter ги објави топ дискусиите. Не зачудува што иранските протести се на прво место. Европската Комисија го прифати предлогот на Microsoft корисниците да имаат избор на прелистувачи при инсталација на Windows, а од македонската ИТ сцена, пишавме за користењето на македонски преводи на софтвер.
Не заборавајте да не следите на Twitter - @IT_info или пак на Facebook за добивање кратки информации од случувањата во ИКТ индустријата. Нашите содржини се достапни и преку категоризирани RSS канали, вклучувајќи и посебен RSS канал за неделниот преглед.
Дали сакате да го спонзорирате неделниот преглед на IT.com.mk?

Вклучете сé и вие во дискусиите за информатичка технологија на форумот на
IT.com.mk. Можете да дискутирате, да научите нешто или пак да им помогнете
на почетниците да се снајдат во ИТ светот...
Kои вести ја одбележаа неделава...
Сузан Бојл е најгледаното видео на YouTube за 2009
„Дали ова е реалниот живот?“ прашува малиот Дејвид, кој е под
анестезија после посетата на забар. Можеби треба да се запрашаме истото
кога се работи за интернетот, популарноста и гледаноста на YouTube.
Видеото „David after Denist" e второто топ видео на YouTube за 2009
година. Видеото е гледано над 32 милиони пати. Огромна бројка, но мала
риба за настапот на Сузан Бојл на Britain's got talent. Нејзиниот
настап е вистински интернет феномен кој e гледан 120 милиони пати!
Вкупно, топ 10-те видеа на YouTube се гледани скоро пола милијарда пати.
Први слики од Google-овиот мобилен телефон Nexus One
Подолго време се знае дека Google работи на свој мобилен телефон, но не
се знаеше многу за уредот се до изминатиов викенд кога Google поклони
по некој телефон на своите работници како подарок за Божиќните
празници. Вработените не смеат да зборуваат за телефонот, за спецификациите и за деталите, но им e дозволено да го покажуваат на пријателите.
Не треба да се изненадиме што многу бргу на интернет се појави првата слика...
Топ Twitter трендови за 2009
Twitter објави листа на најзборуваните термини на сервисот за микро
блогирање. Интересно, Мајкл Џексон не е најтвитаниот, како што е најпребаруваниот кај интеренет пребарувачите. На Twitter најпопуларна тема се протестите во Иран,
каде Twitter одигра огромна улога, пред се како медиум. И обратно,
иранските протести одиграа огромна улуга во популарноста на друштвената мрежа.
ИТ.ЕУ: Договор со Microsoft; образованиe и интернет
Европската Комисија ја повлече тужбата за монопол и се согласи на
решението на Microsoft да понуди екран за избор на прелистувачи.
Овојпат Microsoft се извлече од казни, за разлика од минатото кога
вкупно плати 1.8 милијарди долари заради монопол. Сега понуденото
решение ќе им овозможи на европските Windows корисници да одбират кој
прелистувач сакаат да користат, наместо да бидат принудени да го
користат автоматски инсталираниот Internet Explorer. За Нели Крос, евро-комесарката за конкурентност, со решението ќе им се даде слободен избор на корисниците.
- Растот на Android, сега со 20.000 апликации - Достапни се преку 20.000 апликации за Android, oперативниот систем на
Google за мобилни телефони. Иако е само 1/5 од 100.000-те iPhone
апликации, сепак ова е голем раст на Android на пазарот.
- Од кратко YouTube видео до Холивуд и 30 мил. долари - Се работи за „Panic Attack" краток филм на уругвајскиот продуцент Феде
Алверез. Откако го закачил краткото видео на YouTube, само по неколку
дена, холивудските студија започнале да му тропаат на врата и му
понудија филмски договор вреден 30 милиони долари!
- Goo.gl и FB.me - Google и Fаcebook стартуваа сервиси за кратење на линковите. Знаете наместо цела УРЛ адреса како http://it.com.mk/index.php/Vesti/Internet/Goo.gl-i-FB.me, имате краток линк како http://0.mk/skrateno.
- Најголемата сферична панорама со 18-гигапиксели - Панорамата од 18-гигапиксели е 360-степени поглед на чешкиот главен
град Прага. Кога би ја испринтале сликата би била долга 16 метри.
- Победниците на LeWeb '09 - Stribe е победник за најдобра start-up компанија на LeWeb '09. На
најголемата ИТ конференција во Европа, која се одржа минатата недела
присуствуваа доста атрактивните имиња од Силиконската долина.
- Слики од првата бизнис алатката на Twitter - Mashable вели дека бизнис профилот ќе има два левела на пристап до
сервисот - Enhanced Access и Partial Access. Од сликата подолу се гледа
дека административниот пристап има опција за преглед на статистиката,
што може да биде следната бизнис ориентирано решение на Twitter.
- Како да успеете во социјалните медиуми - Алексис Оханиан е основач на Reddit, интернет сервис каде корисниците закачуваат содржина и ја гласаат. (ping.mk е сличен сервис). Но, советов не е за Reddit, туку за за говорот на
г-дин. Оханиан на TED конференцијата, говор од 4 минити во кој е
објаснета природа на интернетот и на социјалните медиуми.
- Како да успеете во социјалните медиуми, втор дел - встралискиот телеком Telstra го објави на интернет својот водич за како
вработените да ги користат социјалните медиуми и алатки.
- Австралија ќе го цензурира интернетот, повторно - По првичните неуспешни обиди, aвстралиските власти повторно
размислуваат за воведување систем за филтрирање на вулгарната,
навредувачката и криминалната содржина која се наоѓа на интернетот. Со
ова Австралија ќе стане прватаа западна демоктратска земја која го
цензурира интернетот, придружувајќи се на Kина и Иран.
- YouTube дебата во живо за глобалното затоплување - лобалното затоплување е проблем на целиот свет. Tокму тука е улогата на
YouTube. Иако се работи за CNN, американска телевизија, сепак со видео
сервисот им се овозможу на луѓето од целиот свет да дебатираат
- Подарете Google Chrome за празниците - Идејата на Google e да го спакувате Chrome во украсна хартија, да напишете порака, да закачите слика или видео и да го пратите спакуваниот поклон на вашиот пријател кој ќе го најде поклонот под новогодинешната елка.
ИТ.МК...
Колку е популарен преведениот софтвер?
Со цел да имаме валидна анкета, разговараме со Дамјан Георгиески од Слободен Софтвер Македонија, кој има долгогодишно искуство со преведување софтвер на македонски.
„Скоро добив некои прелиминарни анализи од Mozilla - базирани
на нивни истражувања - кои покажуваат дека во Македонија околу 30 отсто
од луѓето користат Firefox на македонски. Другите се англиски, а
изненадува дека под 1% користат на албански.“ вели Дамјан.
Преведените Mozilla продукти се веќе подолго време достапни. Firefox се преведува од 2003 година, уште кога се викаше Firebird.
Клучни зборови: Неделен преглед Nexus One Сузан Бојл YouTube Тwitter Microsoft ИТ.МК ИТ.ЕУ Совети
|